Дијабетес или Шеќерна болест-Diabetes mellitus

Шеќер во крвта како современ убиец

Дијабетес е заболување хронично кога панкреасот не продуцира доволно инсулин.  Tелото не може vеќе произведениот инсулин ефективно да го искористи.

Инаку  инсулинот е хормон кој го регулира нивото на шеќер во крвта. Зголемено ниви на шекер или Хипергликемијата  во крвта е компликација од неконтрoлираниот дијабет, која доколку не се третира во подолг временски период предизвикува оштетувања на телесните органи. На сите органи, на нервниот систем и крвните садови.

Инсулинот е хормон и се создава во панкреасот.

Луѓето кои имаат дијабетес имаат покачени вредности на гликоза затоа што нивниот организам не може да ја пренесе гликозата во клетките. А за тоа причина може да биде:

-Не доволна произвотство на инсулин од страна на 

панкреасот,

-Реакцијата на клетките кон инсулин е нарушена скроз,

-И комбинација од двата.

Типови на дијабетес

Постојат  три главни Типа;

-Тип 1 . Преставува автоимуно заболување со можна генетска предиспозиција. Во која било возраст, но најчесто кај деца, тинејџери или млади луѓе. Овде панкреасот создава многу малку или воопшто не создава инсулин.

-Тип 2 . Чест тип. Го имаат вообичаено возрасните, а се јавува и кај тинејџерите и младите лица поради прекумерно зголемување на телесната тежина. Овде панкреасот најчесто создава инсулин, но или таа количина не е доволна за потребите на организмот или клетките се резистентни на инсулинот.

-Гестациски дијабетес. Најчесто се јавува кај трудници, кои дотогаш не страдале од дијабетес. Мора да се контролира бидејќи може да влијае врз растот и развојот на бебето. Околу 2-4% од трудниците се засегнати од гестациски дијабетес.

Симптоми на шеќерната болест

Симптомите или знаци има повеќе а се во зависност од нивото на шеќер во крвта, но луѓето со тип 2 и покрај покачената гликоза во крвта, на почетокот може да немаат никакви симптоми. Кај пациентите со дијабетес тип 1, симптомите најчесто се манифестираат побрзо и во потешка форма.

Диабетес
Модерни помагала за редовно следење

Симптомите се следни  :

  • Често мокрење;
  • Зголемен апетит и жед;
  • Благо покачен крвен притисок;
  • Чести инфекции (инфекции на непцето, кожата, вагината, мочниот меур);
  • Заматување на видот;
  • Бавно зараснување на рани;
  • Присуство на кетони во урина 
  • Необјаснето губење на телесна тежина;

Ризик фактоори можат да бидат :

За  тип 1:

  • Присуство на антитела;
  • Изложување на одредени вирусни заболувања;
  • Намалено внесување на витамин Д;
  • Давање на кравјо млеко во рана возраст.

За  тип 2:

  • Прекумерна телесна тежина;
  • Намалена физичка активност;
  • Дијагностициран дијабетес тип 2 кај член од семејството – родител, брат или сестра;
  • Гестациски дијабетес во претходна бременост;
  • Синдром на полицистични јајници;
  • Висок крвен притисок;
  • Високо ниво на холестерол;
  • Високо ниво на триглицериди.

За гестациски :

  • Жени постари од 25 години;
  • Дијагностициран дијабетес тип 2 кај член од семејството – родител, брат или сестра;
  • Гестациски дијабетес при претходна бременост;
  • Раѓање на бебе со голема телесна тежина (повеќе од 4kg);
  • Мртвородено од непознати причини;
  • Прекумерна телесна тежина;
  • Големо зголемување на тежината во текот на бременоста.

Нус ефекти од дијабетот

Диабетес
Идеален оброк за превеција

Колку подолго имате дијабетес и колку помалку го контролирате шеќерот во крвта, толку е поголем ризикот од појава на компликации. Со тек на време, компликациите може да бидат фатални.

  • Оштетување на видот;
  • Чести инфекции на кожата;
  • Срцев удар, мозочен удар, нарушено движење на крвта во нозете;
  • Оштетување на нервите поради што се јавува трнење, губење на чувството за осет, болка;
  • Оштетување на бубрезите;
  • Зголемен ризик за појава на одредени типови на рак.

За среќа, дијабетесот лесно се дијагностицира, а со правилна едукација може да се превенира и контролира.

Практични совети:

За да не се јави вишок шекер во крвта треба да се практикува здрава исхрана (повеќе овошје и зеленчук),   физичка активност (мин. 30 мин. дневно),  нормална телесна тежина и избегнување на употреба на тутун.

Оние што веќего имаат употреба на инсулин или апчиња и диета, со кои ќе го намалат нивото на шеќер во крвта, посета на едукации каде ќе научат правилна употреба на апаратчињата за мерење на глукоза во крвта. Многу луѓе кои имаат дијабет, во комбинација со терапијата против истиот, треба да користат и лекови за контрола на холестеролот и крвниот притисок.

Одредени суплименти благопријатно делуваат на дијабетот. Посебно програмот на здрав доручек на Хербалајф каде ги добивате сите нутриенти , го прочистувате организмот и немате скокови на шеќерот во крвта. Линк за шејкот и сотавот .

линкотза како да започнете со здрав доручек како до таа формула?

Избери ја брзината и пакетот со кој што сакаш да почнеш

Коментирај

Your email address will not be published. Required fields are marked *