Мотивација и визуелизација на целта

Целта е онолку далеку колку сакаш ти да биде

Мотивација и визуелизација се клучни зборови  за старт на сакам и садам….

Мотивација и визуелизација

Многу луѓе нема никогаш да дојдат до содржината на овој текст.

Нема да бидат ни свесни за приликата што ја испуштиле. Многумина од вас што ќе го прочитаат текстов и ќе го заборават во рок од 24 часа. Мал дел ќе го исчита, и ќе се заинтересира што се друго има интересно на сајтот. Целосниот ефект од тоа е што ќе добиеме мотивирана особа, спремна да направи нешто во својот живот што во нормални околности никогаш не би.

Вербата на луѓето дека пишаниот збор може да направи разлика е различна. Некои веруваат некои не. И за тоа е потребна мотивација.

Како лично искуство гарантирам дека пишаниот збор може многу да промени во животот. Тоа ви е како земјината тежа, вие може и да не верувате дека постои ама таа дејствува на сите.

Само од вас зависи дали ќе ја прифатите и дали ќе се прилагодите па дури и искористите.

Ако се сложуваме дека пишаниот збор има влијание Тогаш кој е оној кој не би сакал да се збогати, да биде поуспешен, да живее подобро и да си ги исполни соништата? Бараме ли одговор на ова многу лесно ќе го најдеме. Сите работи функционираат и имаат свој ефект, само колку ние сакаме да е така.

И оние што играат спортка сакаат пари ама и понатаму го чекаат својот тикет

Мотивација и за оние кои играат лото и игри на среќа. Тоа само значи дека и тие сакаат да заработат, да се збогатат. Но што прават тие а што оние кои прифаќаат да се сменат за да успеат. Линк за оние кои сакаат

Можеме да не веруваме дека ако ги фатиме жиците од струјата ќе ни се случи нешто. Некој ќе фати и ќе се испече. Некои знаат дека не е добро и ќе избегнуваат голи жици. Тука не треба Мотивација и визуелизација. Не мора да сте гение за да сватите дека струјата можете да ја искористите за да се стоплите, за да зготвите и да уживате во нејзините благодети. А може и да ве усмрти.

Законите на природата и оние кои човекот ги востановил за да му служат секогаш се за наше добро. Не треба да се мачите се знае што и како функционира. Ако ги почитуваме овие закони ќе уживаме во нив, ако не, би си имале големи проблеми. И за ова не треба мотивација.

Доколку во животот посакаме да ни се случат барем 10 работи по наша желба и тргнеме да ги реализираме. Може да ни се случат само 3. Тука нема паралела како со законите. Сакам и мора да се случи.

Не се случува затоа што не почитуваме одредени закони.

Просечноста на човекот го први ранлив при овие работи па и ангажманот околу остварувањето на желбите не е различна просечност.

Линијата на најмал отпор почесто победува наспрем упорноста, вољата и истрајноста.

Земјоделецот знае што ќе роди земјата, знае што посадил

Доколку решите вашата заработка да е во земјоделието, сигурен сум дека сте свесни ако засадите компир, сигурно не очекувате да никне тиква.

Денеска најголемата грешка е во тоа што луѓето незнаат ништо за садењето а набавуваат најнова опрема за истото.

И овде мотивација не ви треба.

Грешките се уште во изборот на семето- во отцртувањето на нашите цели  што сакаме да ги оствариме.

Ако посадите било какво семе за компир, нема да знаете каков ќе никне, можеби благ-црвен а може и обичен. Мотивација и визуелизација на плодот, без тоа нема да знаеме што ќе роди. Што ќе собереме како плод.

Луѓето се единствени битија барем на оваа планета што можат да си ги визуализираат работите што не ги гледаат.

Така треба да е и со нашата цел.

Што подобро ни е визуализирана поголема е веројатноста дека ќе ја оствариме. Ако не знаеме што сакаме да добиеме со садењето, ако незнаеме какво семе садиме- ништо нема да добиеме од нашето земјоделие. 

Потребно е да знаеме или да научиме и како да ги посакуваме нештата со мотивација и визуелизација да дојдеме до нив полесно.

Многумина ако ги прашате денс дали сакаат Ферари? – ќе ви одговорат дека тоа е глупост. -па неможам да го имам .

Иако прашањето беше само дали сакате, одговорот е дека неможе да го имаат, некои одат до таму да ви објаснуваат дека е скап за одржување, уште ќе треба да замислувате како е да го возите и некој со Марути ве гребне на паркинг.

По природна состојба на човекот му е кога е негативен

Ако прашате некого како е денес. –пааа добро е – со пола уста ќе каже. (МЛИМ на балкан Линк)

Ако истиот утредента го прашате повторно и нешто не му е како треба ќе ви одговори

ејјј не прашуј, ужас, тргнав на работа закаснив затоа што имаше гужва , на работа ме сотреа од обврски така да едвај стигнав пола да завршам, а останав до 19:00, а жената се налути зошто не се јавив….Кога е добро тогаш “ добро е“. Кога е лошо….трае ли трае.

А зошто не е обратно. Зошто не е за доброто долга приказна а за лошото кратка?

Какви сме, такви луѓе привлекуваме околу нас.

 

Сами сме криви за да имаме цел треба да ни е  визуализирана, да знаеме што садиме што одгледуваме, за да знаеме што ке собереме како плод, плод на нашиот ангажман.

Сакаме да ни роди добро неможе со лошо да го наводнуваме

Повеќето од овие школувања се од Jim Rohn, негови лични искуства и од неговиот ментор Earl Shoaff 

Следете не имаме уште многу да ви раскажеме за Мотивација и визуелизација, за промоција и ефективно менување на живот…:-)

Избери ја брзината и пакетот со кој што сакаш да почнеш

Коментирај

Your email address will not be published. Required fields are marked *