Мудроста во ќуп кај дедо Вецо и во животот

И мудроста треба да се заслужи

Мудроста во ќуп не се наоѓа, не ја ни барајте таму, таму ја нема. Јас добив ќуп полн со мудрост.

Започна случајно еден викенд непланирано а трае цел живот.

Тој викенд заминавме кај баба ми, фамилијарно сите. Уште попат ни течеа лигите од она што како јадење не чекаше таму. Баба умееше да спрема, а кога дааѓаа внуците таа спремаше за недела дена однапред. Прсти да излижеш.

Стигнавме на време цела куќа мирисаше на готвено.

Ме замоли да сработам нешто околу лозјето, пред ручекот. И да му помогнам на дедо ми, он веќе заминал таму утрото.

Беше на 14км од нашата стара куќа. Некогаш овие луѓе го оделе овој пат пешки рано, рано наутро. Срамота беше да се жалам каде ме праќа а требаше да отидам со колата, веднаш заминав.

Не друго, туку знаев што ме чека кога ќе се вратам, нешто тазе, од рецептите на баба. И онака ми стутка некоја кифла и за дедо Вецо. 

Пристигнав на местото наречено Долна Круша, таму беше лозјето на моите. А крушата беше на меѓата со комшијата. Требаше да со докастрат неколку лозници да се собере се и да се види дали е се како треба. Завршив брзо, кога сакаш да учиниш некако времето брзо поминува.

Се спакував и решив да оставам се под крушата додека тргнам назад. Под дебелата сенка со полузатворени очи одмараше дедо ми Вецо. Тој со цигарчето и незибежниот сок од дренки.

мудроста во ќуп

Добар ден дедо , како е?

-еееееее …… ќе биде, што небило.

Го понудив со кифлите на баба ми и седнав до него. Не сме се виделе одамна.

-Како е дедо,како здравјето те служи ли?

Дедо ми секогаш беше жеден за друштво. Се размуабетивме како и обично. Он со своите виткани цигари уживаше, небаре животот е до 100 и назад.

Линк до нашите останати приказни

Разговор вреден 200 книги

Се пожалив како во кај нас во градот е тешко за живеење, како се нема време за се. Како ни дружбата со пријателите ни ја нема веќе, не навјасале проблеми, се нема време за ништо,

-лошо време дојде дедо.

Се насмеа старото збрчкано лицена дедо ми, се подаде по својот ќуп и ме понуди со грозје тазе сабајлето го набрал.

-пробај од Кардиналов -прозборе и продолжи да се смешка.

-Види вака внучко, го гледаш ќупов полне е нели?

мудроста во ќуп

-Да , родило годинава  

–   се правев паметен зошто не знаев за што сака да ми каже.

-Е па внучко а ако му додадам од Дренкиве сити, ќе има ли место внатре и за неа?

-Не верувам дедо…

Климнав со главата и чекав, што е наредното.

-Е ако додадам од ситнава земја,  ќе има ли уште место?

е каде бе дедо, нема место лом го стори гројзето

Има, се гледа дека има ама и дека нема повеќе за ништо друго, толку е

Зема ракијата и почна да ја истура во ќупот

– Мореее внучко имало уште место а?

Па ќе вовлечеше еден дим…

Мудроста во ќуп за оној кој сака да ја види

Мудроста во ќуп на дедо Вецо беше голема. Почна тој да ми објаснува. Бев сигурен дека ова ќе заврши добро.

Така е и со животот внучко како со ќупов. Зависи кога и со што си го полниш  таков и ќе ти е.

Ако песокот ти се проблемите во животот што ги имаш и со нив го наполниш ќупот и животот, ЌЕ НЕМАШ МЕСТО ЗА УБАВИТЕ НЕШТА ќе немаш време за убавините на животот.

Ќе немаш место за зрната од кардиналот а тоа ти се најблиските најсаканите. Децата, жената, родителите, сестра ти, јас баба ти…се насмеа

Цигарчето мислиш му служеше да ме држи во неизвесност…

Затоа полни го прво со нив и ќе имаш секогаш место и време за нив. Да си со фамилијата да си со роднините да имаш време за сите нас.

Додека пак Дренките се станот, колите, куќите и потребштините по дома. Ако со нив го наполниш животот- ќе имаш место и време само за……за песок, за проблеми со нив.

Мудроста во ќуп почна да си добива своја форма својата смисла.

Дедооо… си остарел, си почнал да забораваш, А ракијата? – се насмеа моето младо паметно лице.

-ееееееееее внучко, колку и да ти е полн животот со проблеми секогаш има место и време за по една ракија со пријателте и со внуците, Ај сега живели.

Така некако звучеше дедо Вецо, на изворно Вратнички.

земи го сега ќупот и неси го дома а земи и од дренкиве многу се здрави…

-и кога ќе ти е мака, кога ќе ти е тешко…наполни го со Кардинал.

Мудроста во ќуп на дедо ми Вецо и денес стои во дневната соба. Кога и да го погледнам некако веднаш ми олеснува, веднаш ми се враќа мудроста негова.

На кардиналот на ракијата и мирисот на витканите цигари.

Некако од тогаш имам време за сите а за проблемите ИЧ.

Споделете го дедо Вецо на вашите најблиски нека и они имаат време за пријателите, време за по една чашка кафе, чај или ракија.

Мудроста во ќуп мене лично многу ме мотивираше и во работата

Ваквите приказни се вообичаен дел од школувањата во Мулти левел интернет маркетингот. Како од поискусните така и од врвни предавачи во доменот на Психологија на успехот.

Свесни сме за квалитетот на Промоцијата која е потребна за успешна работа, затоа и организацијата на тие настани е на вискоко ниво и само за нашите соработници.

Во многу натписи на овој сајт ќе се сретнете со терминот “работа од дома“, тоа всушност е и нашата мисија да создадеме што повеќе неазвисни партнери кои од дома ќе можат да работат во целиот свет.

Од дома со својот ќуп и својата фамилија.

Избери ја брзината и пакетот со кој што сакаш да почнеш

Коментирај

Your email address will not be published. Required fields are marked *