Социјалните мрежи-има ли вистина во нив

Современите уништувачи на младоста или нешто друго…

Социјалните мрежи во последните години некако ни станаа алатка за да се пресметуваме со и околу младите.

Кога не знаеме како ние ги кривиме младите дека премногу време поминуваат на социјалните мрежи. Ќе им поминела младоста со мобилни и ништо немало да им остане. Дали е така навистина?

Да бидам искрен и јас за малку ќе подклекнев пред таа машинерија против младите. Среќа моја што моите деца ме дружат. Често разговараме па и се слушаме обострано и гледам дека не е баш како медиумите сакаат да прикажат.

Посебно оние медиуми кои ги интересира само оној дел…“останете со нас и после рекламите“.

Уште на стартот да нагласиме младите умеат да се забавуваат. Едино што ние постарите немаме време да го видиме тоа. И што не е на наш начин таа забава.

Младите знаат да прошетаат во природа. Како да го видиме ние тоа кога ние пак сме затворени меѓу турските серии и обложовалниците,

Младите гледаат филмови и читаат. Ако ние постарите не го правиме тоа нема ни да ги разбереме нити да го видиме тоа. Погледајте и вие некој филм и прочитајте некоја книга па ќе видите како е лесно да се разговара со нив.

Социјалните мрежи се нешто што се појави во нивно време и е нивна играчка а некому и бизнис.

Проблемот не е во социјалните мрежи

Никакво зло што ги спопаднало младиоте нити некаква модерна болест. Никаква “баба рога“.

-Како тоа Ние се “испозаклавме“ за политика, спорт а да не говориме за нивата на дедо?

-Зошто немаме дружба, кафиња, карти, монополи, ризико па и дискотеки?

-До кога ќе се служиме со изреките “…абе Македонче, бог да те чува“, до кога изрека ќе ни биде “тројца а двајца шпиони“?

Ако сме толку лоши со кое право им солиме памет на младите дека незнаат што чинат со мобилните? Со кое морално право им правиме кампањи против Социјалните мрежи?

Да е трагедијата поголема им измисливме дека се неписмени. А им тутнавме неписмени професори и ние родителите немаме време за нив. Дочитај на линкот.

Како тоа да ние чиниме а ТИЕ СЕ ПОДОБРИ ОД НАС. Па како тоа да нечинат нивните работи а нашите се добри. Оние наши Касандра, тв шоуа, риалити, казина, обложовалници и немање време поради тоа и тоа …

Ние ја загадиве планетава а тие ни ја чистат. НЕ БИДИ ЃУБРЕ е резултат на нивно здружување преку социјалните мрежи. Ние и онака без такви социјални мрежи ја упропастивме природата.

Они преокупирани со Социјалните мрежи а подобро се дружат од нас, они со Социјалните мрежи а ние заработуваме едвам од први до 25. Они изгледаат како…од Бурда а ние, ма се ни е јасно.

Доаѓа време на тие млади со својата мода, своите Мрежи и свои идеи. Тие сонуваат на големо, ние заборавивме што е тоа сон.

Не сме сити исти, но не и тие

Тинејџерите денес работат интезивно на интернет. Подобро за нас е да им се придружиме Умеат тие подобро од нас.

Интернетот за нас е Facebook Farmа и меил. Социјалните мрежи не биле само тоа. Таму имало и сајтови со твое име и презиме, па градиш бренд од себе, на старост ама никогаш не е касно.

Социјалните мрежи може да ни се алатка за заработка. Интернет меркетингот може да ни е секојдневие од нашата дневна соба. Да сработиме со младите, и тие бараат џепарац. Да сработиме со нашата генерација оние кои се спремни за промена на подобро.

Слободно обратете ни се, ќе ве научиме како да и вие од дома работите низ целиот свет, како со младите така и со оние од вашата генерација

Избери ја брзината и пакетот со кој што сакаш да почнеш

Коментирај

Your email address will not be published. Required fields are marked *