Меридијани и органи-Во колку часот кој орган…

Кога да одмарате а кога не?

Меридијани и органи – Денес е можно да дојдете до секакви информации за здравјето, посебно на интернет.

Исто така и аналитиката на интернет покажува дека информациите за здравјето се меѓу најчитаните.
Како би била сензацијата поголема се провлекуваат многу лажни вести за лекови и начини на лечење .

За Меридијани и органи сакаме да ви укажеме на тоа дека кога барате информации мора да знаете дека само вие сте најдобриот чувар на вашето здравје. Сами сторете се што можете на природен начин да сте во добра форма, потоа барајте помош. Меридијани и органи за старт на линкот.

До сега ја обработивме на нашиот сајт темата и важноста од честото конзумирање на вода и лечењето со неа. Зошто како колку. Видовме како се бројат паметно калориите и како 5 е послабо од 1, исто така смутито го доведовме до пиедесталот каде заслужува.

Обработивме тема за дишењето, како и потребата од додатоци во исхраната. Алое, шејк, брикети и антиоксиданти.

Рекреацијата од интервалното одење и трчање до пешачење боси на песок. Сето ова мора да има и еден дел кој се нарекува информираност како функционира нашето тело.

Во Меридијани и органи на овој напис сакаме да се осврнеме баш на тоа.

Информациите како нашите 12 меридијани го опфаќаат телото и кој кога е во свој добар тајминг а кој не. Или како би рекле, да си знаете во колку саат некои работи се добри да ги чините а некои НИКАКО.

Денот започни го со мали или поголеми вежби

Меридијани и органи предвидуваат да се храните здраво но имајте во вид дека летно време се избегнува месо – Јанг храна . Месото оставете го за зима, летоска зеленчук.

меридијани и органи

Јин храна за Јин сезона.

Доколку морате тогаш надополнете како пример, на Јанг месото Јин пијалок- вино, пиво. Секогаш искористете прилика да се прошетате опучтите, овие две работи значително го подмладуваат телото. Затоа и повеќето од нас делуваат подмладено после одморите.

Кога ги спомнавме Меридијаните, важно е да се знае кога кој меридијан е најактивен како би му угодиле за низ него да функционира енергијата беспрекорно.

Кој орган е нај активен во колку часот

Меридијани и органи со тајминзи.

Меридијани и органи кај срце  

-Срце- Срцето е најактивно во периодот од 11:00-13:00 часот. Се препорачува во овој термин да се избегнуваат огромни напрегања како физички така и емотивни.

Стагнацијата на енергија во срцето ќе ја почуствувате изразена како: болка во пределот меѓу срцето и желудникот. Задржување на течности во телото, суво грло, поголема температура на дланките.

Се препорачува баш во овој период да медитирате 15 минути бар. Земајте овошје во овој период. Овој меридијан започнува од малиот прст на раката. Па низ внатрешниот дел на дланката до надворечниот дел на лактот. По внатрешната страна на надлактицата до мишката. Ако осетите болка во овој дел, јавете се кај вашиот матичен лекар за проверка на срцето.

Меридијани и органи кај тенкото црево

Тенко црево-најактивно во периодот од 13:00-15:00 часот. Ако некој е одговорен за имунолошкиот систем во нашето тело тоа е тенкото црево. Во овој период најдобро е да се зема свежа салата, варен ориз, црно вино, сок од боровница и рибизла.

Стагнација на енергија во овој орган значи следни маки: влошен слух, запалење на грло, болка во долниот дел на абдоменот. Овој меридијан пак се движи од надворешната страна на ноктот од малиот прст. По надворешната ивица на дланката. Како и на над и подлактицата се до рамото, преку вратниот дел на кичмата. До средината на образот па до надворешната страна на увото. Разни флеки, младеж или било каква промена на бојата на кожата во овој дел. Тоа означува стагнација на енергијата и што повеќе движења во овој период ќе ја подобрат енергијата на овој меридијан а со навика честа и самиот орган.

Меридијани и органи кај Бешиката и Бубрезите

меридијани и органи

Бешика– период од 15:00-17:00 часот. Попладневниот одмор е за одмарање, оној дел после ручекот е напријатен за одмор, за телото и сите органи. И било каква па макар и кратка прошетка после тоа уште поблагопријатно делува на сите меридијани и нивната енергија. Овој меридијан се протега од стапалото на ногата низ задниот дел на потколеницата. Бутната коска, па покрај грбот до темето на главата и носот. Задржувањето на течностите во телото, болка во грбот и вратот лумбалниот дел и болка на долниот дел од нозете укажуваат на проблем со овој орган.

Бубрези– од 17:00-19:00 часот. И овој период е најдобар за слаба рекреација, шетња. Лесниот замор, сув јазик, ангина, лумбаго, атрофија на некои мускули на нозете. Опстипација и дијареа се знаци дека енергијата на овој меридијан не е добра и дека органот не работи како би требало. Затоа се препорачува да го испирате грлото со жалфија, да пиете чаеви за исфрлање на течности. Овој битен меридијан започнува од средишниопт дел на стопалото на ногата. Преку внатрешната страна на зглобот, внатрешната страна на потколеницата и на бутината. Па се појавува на дното од стомакоти низ средината на телото до кључната коска.

Меридијани и органи кај Перикардиум

Перикардиум-серозно фиброзна мембрана во вид на кеса која однадвор го обмотува срцето и го одвојува од сите други органи во средишниот дел на телото. Главна улога на Перикардиумот е да го штити срцето. Неговите 2 часа се од 19:00-21:00 часот. Во овој период да се избегнуваат нервози и стрес.

Ангинозни болкии неправилна работа на срцето се симптоми за стагнација на овој меридијан. Овој пак почнува од коренот на третиот прст на дланката оди по средината на истата и на подлактицата до лактот.  Потоа продолжува нагоре а завршува до брадавицата на градата. Овој период од денот е за ЉУБОВ. Меридијанот на љубовта управува со крвотокот, со срцето и со сексуалноста.

Убаво и пријатно друштво со опуштен разговор, пријатна по мерак музика е за овој период и меридијан. Тешки физички работи во овој период да се избегнуваат.

Меридијани и органи кај Жолчното ќесе и Црн дроб

-Жолчно ќесе- од 23:00-01:00 часот. Стагнацијата на енергијата во овој меридијан се манифестира преку трнење по должина на надворешната страна на раката од вратот до дланката. Како и чувство на горчина во устата, проблеми со очите. Истиот се протега по надворешната страна на ногата од стапалото до колкот. Па стомакот и бочно до градниот кош. Преку вратот до лицето и главата.

Ако започнеме да чувствуваме пецкарење или трнење по меридијанот тоа значи имаме стагнација некаква во него и неговата енергија.

За подобро лачење пијте чај од глуварче, нане и ајдучка трава. Нервозите се строго забранети во овој период, медитацијата помага многу и како легнувањето за ноќен одмор пред 23:00.

Црн дроб– од 01:00-03:00 часот. Овој канал оди по средина на стапалото и внатрешната страна на ногата до препоните. Преку стомакот и градниот кош низ вратот и лицето до врвот на главата. Ако во текот на денот го оптеретите желудникот со тешка храна, многу цигари и алкохол во овој термин црниот дроб ќе страда. Се препорачуваат истите чаеви за жолчната ќеса.

Болка во стомакот чувство на преполни гради. Нерасположливост, тага и бес ни се симптоми кои ни укажуваат дека овој орган не е во ред.

Меридијани и органи кај Белите дробови

Бели дробови- од 03:00-05:00 часот. Утринските кашлања и утринското чувство на преполни гради, асма, потешкотии со дишењето, болки во градите. Болка во рамењата и грбот се симптоми на лоша состојба со енергијата на овој меридијан. Секако дека белите дробови се најактивни наутро. Се препорачува чаеви од липа, мајчина душица, билни чаеви за бронхии и кафе. А ако сте ранобудни може и околу 05:00 малце рен да земете. Нутро се препорачува и слушање на весела музика никако тажна. Меридијанот се протега од внатрешната страна на ноктот од палецот на раката. До местото каде мериме пулс по внатрешноста на раката до под кључната коска. Ако се јави болка, со масажа и топли облоги пробајте да ги надминете ако не тогаш правец кај матичен лекар.

Меридијани и органи кај Дебело црево

Дебело црево–  од 05:00-07:00 часот. Овој меридијан почнува со своето протегање од надворешниот агол на ноктот на показалецот. Низ дланката по внатрешната страна на подлактицатаи по средината на надлактицата, преку рамото па грлото образот до носот. Што укажува на проблеми со енергијата на овој меридијан: забоболка, стомачни проблеми од разни врсти, синуси болка во рамења. Со масажата на овој меридијан го подобруваме протокот на енергија а со тоа и го зголемуваме имунитетот. Најмногу помагаат чаевите за подобрување на работа на црева. Да се прават вежби со активирање на стомчните мускули. Се препорачуваат и вежби за дишење бидејќи плуќата се корелативен орган на дебелото црево.

Меридијани и органи кај Желудникот

Желудник– од 07:00-09:00 часот. Ако претходниот ден го оптеретите желудникот со тешка храна посено со прости шеќери е лошо. Тогаш и те како ќе имате проблем наутро со овој меридијан и орган.

Затоа е важно  што ќе внесете во овој орган во неговото време, за доручек. Ако не постапите по препораките можно е да во текот на целиот ден имате тегоби. Слабост во нозете, стомачни болки и болки во колената. Подочњаците се честа појава при лоша енергија на овој меридијан, болки во градите и ребрата. Лесните прошетки, вежбите за дишење и разгибување се благопријатни за овој меридијан.

Се надеваме дека барем делимично ќе ви помогне текстов во настојувањата да имате подобро здравје. Уредувачкиот колегиум се потруди многу да ги склопи сите овие информации за вас.

Вам ви останува да го споделите за да што повеќе луѓе имаат благодет од овие информаљции.

Избери ја брзината и пакетот со кој што сакаш да почнеш

Коментирај

Your email address will not be published. Required fields are marked *