Графити – вандализам или урбана уметност

Младите проговараат со нивниот јазик

Графити, дали е тоа вандализам или улична уметност? Дали тоа е израз на младата генерација против она што тие не го сакаат?

Дали во недостаток на нова идеологија денес младите се тие кои ни кажуваат како треба а ние не слушаме , не гледаме  или не сакаме.

Кога во недостаток на идеи, повеќе генерации по ред ќе дојдат во фаза на неумеење како понатаму стануваат деструктивни и за оние кои умеат.

графити

Денес веќе докажано старите генерации не знаат што со себе и со општеството во кое партиципираат.

Животот сакаат да го претворат во машина која работи за да оди во пензија. И што потоа?

Многу едноставно прашуваат овие млади.

Не знаат каде кој крај да го фатат старите генерации, барем поголемиот дел од нив.

Сем што материјалистите го водат орото во провалија, овие другите појма немаат како да се спротистават, со што, немаат никакви идеи.

Затоа и повеќето од нив прибегнуваат кон самотија за да самостално си проживеат во она што им останало.

Незнаејќи овие генерации нанесуваат штета и на оние кои доаѓаат- младите.

Графити низ градот и генерација која ги критикува како вандализам а ја уништија планетата. Кој директно кој индиректно па макар и со молчење.

Ако веќе врескаат младите слушнете бар

Доаќа генерација која Вреска. Која не молчи и кажува, критикува се изразува слободно. Графити низ градот како урлик на овие млади за промени. Урлик за стопирање на себичното искористување на се и сешто од природата. Врескаат за СТОП.

графити

Нивните цртежи се доказ дека умеат како и знаат што сакаат. Графити како доказ дека неможете да ги поткупите со 100 денари од пензијата.

Секаков обид на сила да ги затворите, угушите со правила на туѓа генерација е погрешен чекор. Револтот бесот ќе биде само уште поголем. Дефинитивно нема ништо убаво во Сивилото.

За да ви демонстрираат дека сивилото не е убаво, дека не е инспиративно. Графити за да прогледаме сите оние кои до сега не сме. Да ги вклучиме мозочните вијуги, да не дозволиме неписмени ни ги перат мозоците за нивни личен профит.

графити

Графити против бескичмените политичари и нивните полтрони, против турбо фолкот, против шундот во поезијата литературата, музиката, театарот и филмот.

Графити никако не за оние кои незнаат што се, за оние кои уништуваат влезови, лифтови , автомобили …

Цртачите на графити дури имаат и свој ред и закон. Овие ситниве се веќе ваднали и онака ситниве се на турбо фолк концерти.

Посветете им малку внимание, видете што сакаат да кажат

Графити за да бидат видени, разбрани и прочитани. За да ние кои сеуште немаме идеи да им дозволиме да ни го разубават и градот и животот. Дозволете им да се искажат, да не научат и да ни ја донесат толку потребната идеја како во здраво утре.

Денес имаме можност сите да твориме, идејата е да во тоа творештвоto и заработуваме за себе и најблиските. Да заработиме за себеостварување. Нема ништо неморално во потребата да се сработи она што го сакаме. Овие млади тоа гo прават додуше не наградени за тоа. Одговорноста на општеството е да ги награди за да продолжат и нас постарите да не освестуваат. Да ја дооформат идејата за нова идеологија. Ако последната беше онаа на Маркс и Енгелс, оваа нивната треба да е ревулуционерна. Затоа им е потребно дополнително ангажирање за дополнителна заработка како би опстоиле

графити

Графити и по некој денар и да тоа има завршница каква младите замислуваат. За останатите стории за млади, линк 

Затоа дечки фаќајте интернетот и преку 1-2 часа дневно заработете за себе и своите идеали. Овој сајт може да ви помогне, исконтактирајте не со задоволство ќе го сториме тоа.

За нови и подобри графити, споделете го текстов насекаде.

Избери ја брзината и пакетот со кој што сакаш да почнеш

Коментирај

Your email address will not be published. Required fields are marked *