Велешките компјутерџии-каде се момците денес?

Некаде во светот можеби ќе беа ИТ менаџери а овде…

Велешките компјутерџии – млади момчиња кои во почетокот на 2000-та дигнаа голема прашина околу себе.

И се би било некако како на ефтина турска серија ако таа прашина не ја замати и политичката сцена во Соединетите Американски држави. Таму некаде овие момци влијаеа на изборниот циклус.

Тие наши момци успеале да му помогнат на Трамп да победи на претседателските избори..


Велешките компјутерџии дал да веруваш или не дека влијаеле на некакви избори таму некаде, од другата страна на барата.

Дали момциве штанцале вести кои ќе бидат кликани? Вести кои им носеле пари или во моментот најатрактивни биле вестите за кандидатите за претседател на Америка. Ако веста е за секс скандал на било кој кандидат која ќе се клика и носи долари тогаш тоа и се објавува. и тоа тие и го правеле.

Злобници велат  Рускиот интерес имал свој удел и праќал вести а момциве штанцале. Вака интелегентни момци никогаш не би имале потреба од бабушки. Сами измислиле сами наплатиле а богами и самоуки.

Сепак треба да си надарен за да го осмислиш и реализираш целиот тој проект и тоа прв. Да осмислиш како да дојдеш до информација на која луѓето ќе се залепат а ти од тоа да профитираш, а не сте морале да кликате.

Момците биле подобри и нашле начин како да не надмудрат. А воедно да соберат милиони и ги внесат во Македонија- во долари. Тоа било и те како инвестиција во државата која се опоравуваше од конфликт, каде се репарираа тенкови и чуваа многу овци.

Почнал секој втор во Велес пишувал на интернет

Профитот на Велешките компјутерџии станала толку голема што почнале сограѓаните да приметуваат. Почнале да се трошат пари и тоа многу.

Преку ноќ стартувале сите со пишување. Самоуки во главном сите го совладале делот на создавање Веб страна, креирање на текст  во Ворд прес, Фејсбук огромни групи, на следбеници, спонзорирани реклами итн итн.

Оние првите дури и имале запослено пишувачи на т.н. вести. Сериозни пари биле во игра кај Велешките хкомпјутерџии.А можете и вие од дома…како?…на линкот 

Добивка на Нострадамус од 24 000 долара на ден

Велешките хакери


Велешките компјутерџии имаат своја анегдота за нивните стории, вистинита секако. Една група на Велешките компјутерџии наоѓаат текст за предвидување на Нострадамус за пропаст на земјината топка во Јануари 2012г. Започнувајќи од 2005 година секоја година таа група од 5 пишувачи секој Јануар го објавувала тој ист текст. Содржина како содржина поминувала но не многу запазена и видена.


Велешките компјутерџии упорно ја објавувале таа содржина секој Јануар.

На еден од нив му се случува да некои типчиња во САД ја шеруваат веста и да експлодира кликањето на таа содршина Јануари 2009.

Како велат, Среда Четврток Петок и Сабота имаше околу 40-60 000 кликања дневно на таа сторија.

Момчето инкасирало по 24000 долари дневно на Нострадамус.

Не ви треба Нострадамус нити баба Ванѓа за да осознаете дека иднината е во работење од дома на интернет. Прочитајте повеќе на линкот.

Не верувајте дека младината ни е неписмена

Денес тие момци се на сите делови раселени, кој Револуционерно се во модата, некои од нив се по дискотеките а доста од нив и ќе ве услужат во своите кафичи во Велес.

Ако ги потпрашате Велешките компјутерџии срамежливо ќе негираат. Ама попат ќе ви кажат дека имало цена и по 1 долар на кликање, а денес… неисплатливо е по нивното кажување.

Ќе наидете и на такви кои се фалат што правеле во тој период а ни приближно не биле во иста лига со Велешките компјутерџии , тие немаат потреба да се рекламираат.

Едно е сигурно, ќе имаат што да раскажат на своите внуци.

Дедо ми го намести Трамп за претседател– ќе слушнете од некое дете по школските ходници. Нека не ве чуди има нешто во таа приказна, важно малиот ќе е многу горд на својот дедо.

Избери ја брзината и пакетот со кој што сакаш да почнеш

Коментирај

Your email address will not be published. Required fields are marked *