Соништа-некој ги интерпретира а некој исмејува

Интерпретација на соништата е забавна за некој и профитабилни

Соништа добри, љубовни, забавни, смешни и за некого болни. Соништа  на кои сме полу-свесни, воедно се и најинтересни се нарекуваат Луцидни соништа. Затоа што можеме да влијаеме на нив да се случуваат како сакаме.

Откако ќе поминат Луцидните соништа вообичаено се будиме со огромна насмевка. Сонот е огромен сет од повеќе фотографии и емотивни чувства, кои ги гледаме додека одмараме или сме во длабок сон.

Години наназад луѓето се мачеле да го интерпретираат и да го сватат секој сон посебно. Да се најде некаква релација со стварноста, спој со исти или слични емоции од вистинскиот живот.

Има наука која се бави со проучување на соништата – Онирологија  а постои и наука која пак ги преведува истите- Ониромантија.

Наушникот Калвин Хал во своите проучувања собрал повеќе од 60.000 извештаи од соништа на луѓе од Универзитетот Вестерн Ресерве.  Во 1966 год. Хал и Ван де Кастл ја издале книгата Анализата на содржината на соништата во која покажале систем на кодирање за проучување на 1000 извештаи на соништа од студентите. Можеме да закључиме од досегашните испитувања, всушност дека сите ние многу често имаме исти, слични соништа.

Секси соништа – најинтересни

Сексуален однос е најчест сон кај тинејџерите кај најмладите и воглавно се движат во обемот од 10% од вкупните нивни сониште.

Иако сме несвесни за ова ние соништата ги гледаме црно бело.

На испитани 7 од 10 им се случило да имаат идентични соништата, и дека се повторуваат..

Приметено е дека кофеинот стимулативно делува на соништата.

Оние кои користат фластер за откажување на цигари сведочат за интезивни долги и скоро реални соништа.

Велат и дека опојните дроги ги подкревале налудничавите соништа.

Сето ова е поврзано со оние соништа кои се поистоветуваат со спиењето а што е со иние другите?

Соништа на јаве – најслатките

Со истиот збор соништа ги означуваме и оние што ни се случуваат при отворени очи, свесни целосно. Мечти

Овие соништа по навика и погрешно ги оставаме за најмладите, за децата. Како старееме забораваме на нив, забораваме и ние да сонуваме. Дефинитивно грешка која не чини многу убави моменти, грешка што не одалечува од позитивни емоции.

Соништа

Соништа на старост е исклучителна доблест на малкумина. Реткост голема. Треба да се знае да се сака да се сонува кога сте над 30-тите.

Многу е благородно од тоа и да стимулирате кај другите да сонуваат, да им овозможите да го прават тоа повторно. Соништата водат кон остварување на истите, соништата не мотивираат да направиме повеќе отколку без нив.

Ако не сонуваш, посакуваш нема ни да ти се случи.

Соништа

“Сонував огромна куќа преполна со работи што ги сакам за себе и своите, гаража полна со олдтајмери, мотоцикли од веспа до Чопериште, двор од бајките со коњи насекаде и добермани. Во позадината и централниот дел на куќата огромен базен со сите додатни справи околу и фитнес терен покрај тенискиот. А во базенот делфини, разиграни во ритам на музика“

Дури и да претерате малце, не е страшно, ама ако сте претерале ќе остварите се, може ќе ви фалат…Делфините.

Ако не сонувате, мечтаете и посакувате вакви слики нема да ви се случи ништо повеќе од… наследениот стан од родителите, наследеното од бабите и дедовците. Надевајте се тогаш дека тие сонувале многу и ќе ви остават нешто вам.

Не е успех ако сонауваш дека си нашол рабта, работи. Линк.

Рушењето на соништата кај луѓето е злобно

Доколку сте од оние Мрчаторите кои на секој оној кој сонува се трудите да му го срушите со тоа што ќе му докажувате дека џабе е се, тогаш веднаш престанете НЕМАТЕ ПРАВО.

Немате право да солите памет дека се тоа само соништа, дека само некој си троши време и се отргнува од реалноста.

Дека некој некого лаже за да насамири и опљачка. Обично тоа и го прават љубоморни луѓе кои завидуваат на туѓа среќа.

Немаат право на тинејџерите да им ги рушат соништата за ОГРОМЕН бизнис, Огромна заработка, за спортска кола или каква год, за шетање низ светот од крај на крај. Немаат право да ги “спуштаат во реалноста“ реалност само ним позната.

Само ќе упропастат еден млад живот. Ќе створат билка што не знае што сака, не знае да се радува, ШТО ЌЕ САКА ДА СЕ ВРАБОТИ ДРЖАВНО. Зошто нивните погледи стасуваат до таму до сигурна плата од 200 евра и социално и здравствено со чај, лук, кромид и нане. После тестот одиме на СТАРТ  на соништата

Оние кои знаат да сонуваат знаат и како да не најдат за да сработиме нешто големо, нешто од нашите соништа, па макар и не успеале делфини да имаме.

Избери ја брзината и пакетот со кој што сакаш да почнеш

Коментирај

Your email address will not be published. Required fields are marked *