Опстипација и пластелин што е заедничко?

Лоши деца нема, има само лоши родители

Опстипација и пластелин – незнаењето често умее да предизвика проблем. Кога се работи за дете и за здравствен проблем тогаш треба да се биде спремен на спој на неспоивото.

Опстипација и пластелин

Во една прилика имав чест да делам канцеларија со најголемиот детски неуропсихијатар на балканов.  Никако да  престанам да го кажувам неговото мото.

Лоши деца нема има само лоши родители

Често на неврзани паузи користев дел од неговото драгоцено време, како би слушнал некоја приказна од неговата пракса. А тој, преполн со такви.

Користев да слушнам какви сме, како функционираме за каде сме а најчесто бевме за никаде.

Опстипацијата и пластелин како спој никогаш не беа тема. Дискутиравме за одлуки за оние во нашиот живот кои ги посакуваме а дали ги остваруваме, како зошто…итн итн ,

Раскажуваќи за сето ова наидов на една приказна тешка милион, моја пријателка имала голем проблем.
Ќерка и во еден период од животот имала страшни стомачни проблеми (предолга опстипација), толку страшни што била и закажана хируршка интервенција.

Барајќи решение наишла на медицинска сестра која и препорачала пред и се да го посети неуропсихијатаров да се консултира а потоа да замина на операција, мада ни самата незнаела каде е.
Како вели “Ако е жив ќе го најдам“.
И како најмилото е во прашање го најде, до мојата канцеларија. Така дојдов до една од најскапите приказни во мојот живот.

И таткото и мајката – сите на разговор

Опстипација и пластелин зар е можна таква комбинација…

На првичната средба веднаш била вратена,

Ќе дојдете со сопругот и со малата“ им рекол тој.


Веднаш дента беа сите на купче тука кај него во канцеларијата да слушнат каков проблем има детето.

После десетина минути разговор со детето им било кажано

Нема лоши деца има само лоши родители.

Запрепастена, увредена мојата пријателка сакала да го напушти состанокот убедена дека е на погрешно место со погрешен човек, и како што обично бива, сопругот (оној другиот) малце посмирен предложил да сослушаат до крај.

Многу прашањата за родителите што и како тие прават

Како готвите, кои им се навиките, што му дозволувате на детето а што не…што тоа гледа а што не.

Како вели таа …и така дојдовме до наглупавото прашање

Дали му давате на детето да си игра со пластелин?

–   Даааа

А дали му дозволувате да ги меша боите?

– Никако немаме ние пари за фрлање, па да купуваме нон -стоп нов пластелин.

Веднаш уште вечерва дозволете и да прави што сака со пластелинот.

Само после час или два од играњето со пластелинот и овојпат мешањето на боите, како вели таа следеше детскиот закључокот

-Мамо ова сега изгледа како “Какушка“.

Опстипација и пластелин-имало голема врска.

Линк за останати а важни работи во исхраната

Вечерта детето станало и било во тоалет, искакало се што имало во себе.

Се друго веќе стана минато

Закључоците на докторот, на родителите ќе ги оставам на вам , вие да ги претпоставите.

Соседот до мојата канцеларија веќе немора да ми докажува дека       НЕМА ЛОШИ ДЕЦА.

Сега знам дека не сме биле лоши деца ама сме често лоши родители.

Споделете го овој линк како би можеле што повеќе родители да дознаат ако случајно и тие грешат. Еве го и линкот за додатоците што во такви случаеви прават разлика.

 Таму каде има решенија за здрав начин на живот има и контакт особи.

Избери ја брзината и пакетот со кој што сакаш да почнеш

Коментирај

Your email address will not be published. Required fields are marked *