На баба мирисот од Брзата пита и Пченкарник

Брзата пита и Пченкарникот заблажени со чоколадни колачиња

На баба мирисот колку пати знаел да ве разбуди од топла постела.

Онака добро зплеткани во топлите јамболии, ѕиркате во замаглените прозорци, а во воздухот се шири пријатен мирис. Зима е па што.

Ве привлекува помислата со што ли ќе ме изненади сега.

Ќумбето е разгорено. Дрвеното масиче е преполно со бабини дела, и тоа што треба и тоа што не треба, на масето има од се по нешто, како кај баба.

Бабината Брза Пита

Насред маса е ставена бабината брза пита и пченкарникот кои  брзо ќе се изедат, а еве и ќе ви кажам зошто.

Нема тајна формула или пак волшебни состојки, многу љубов, радост, среќа.

На баба мирисот не обзема сите, уживаме и сите сетила учествуваат во нашето задоволство.

Пробајте да си замислите како би изгледало тоа доколку вие ги приготвите на начинот на кој ги спремаше баба ми. Нека проработи желбата и направете ја брзата пита и пченкарникот на следниов начин за што ви е потребно-

На баба мирисот за брза пита содржеше:

*4 јајца

*2дл. Кисело млеко

*еден децилитар масло

*300 гр. Иситнето сирење

*3 шољи брашно

* лажица сол

*прашак за пециво

Едноставно баба сакаше сите да бидеме среќни.

На баба мирисот правеше да сме такви. Ова го правеше со песна, пробајте успева.

Јајцата се матат и им се додава киселото млеко, маслото, иситнетото сирење. Брашното, солта и пецивото. Во смесата може да се додаде состојка по избор за да се збогати фкусот(спанаќ, блитва,праз, салама,колбас). Се истура во подмачкан плех и се пече.

Нема некој што ќе остане рамнодушен на пченкарник во секој дел од денот, посебно кога е спремен на огинот кај баба традиционално.Линк за останатите приказни

 Пченкарник со домашен јогурт

На баба мирисот ги имаше следните состојки за пченкарникот:

*3 јајца, *1/2 л. Јогурт, *2 дцл. Масло, *2 чаши пченкарно брашно, *1 чаша пченично брашно, *1 лажичка сол, * прашак за пециво.

Сите состојки се мешаат, се замесува тесто, и се става во плех да се пече. Вкусот е поубав со чаша домашно козјо кисело млеко.

Чоколадни колачиња

На баба мирисот ги имаше следните состојки за чоколадните колачиња:

*200 гр. Брашно

*130 гр. Шеќер

Мирисот на баба

* 100гр. Маргарин

*40 гр. Рендана чоколада

*1 јајце и 1 белка

* 3 лажички пециво и една рака мелени бадеми

Брашното и маргаринот се мешаат до форма на ситни трошки, на тоа се додава  шеќерот, чоколадата и јајцето.

Измесете го добро добиеното тесто, расукајте кора со дебелина три милиметри и исечете различни форми.

Секое колаче премачкајте го со белка и од горе посипете бадем. Печете на средна температура.

Линк до останатите рецепти

Незаборавајет го она на баба:

“Крв да ви се стори“

Споделете го и вие овој линк, нека се заслади уште некој

Избери ја брзината и пакетот со кој што сакаш да почнеш

Коментирај

Your email address will not be published. Required fields are marked *