Мирисот на баба-рецепти за здрав начин на исхрана

Рецепти со мирисот на баба

Мирисот на баба преку нејзините кифлички, тиганици, гибаници, погачи,палачинки. Потпечени лепчиња, соленки и што уште не ни е длабоко врежан во потсвеста. Не разнежнува и не враќа на едно време кое буди убави незаборавни моменти.

Мирисот на баба се чуствува во душата на рецептот, а тоа е многу желба и љубов. Може да го почуствувате мирисот на баба доколку го приготвите ова што сега ќе ви го предложам, а тоа е добро познатиот Мазник спремен со многу желба и љубов, а за него ви е потребно…

*СОСТОЈКИ:

*500ГР.БРАШНО

*300ГР.СИРЕЊЕ

*3 ЈАЈЦА

*МАСЛО

*СОЛ

*МЛАКА ВОДА

Се враќам во времето кога го спремаше мојата баба, интересна мала бабичка. Со набрашнети раце, дрвено сукало и црвени образи. Љубов се ширеше насекаде во просторијата на нејзината трошна куѓерка. А јас со мојте шест години повеѓе одмагав отколку што помагав.

Линк до останатита пеиказни 

Го приготвуваше на следниов начин-

Мирисот на баба сеуште го чуствувам  во ноздрите.

ФИЛ: Сирењето или урдата изгмечете ги добро со вилушка, додадете ги јајцата и се добро измешајте додека не добиете изедначене смеса.

Замесете го тестото со малку сол и млака вода, да добиете помеко тесто.

Добро измесеното тесто поделете го на неколку топчиња, а секое исучете го во колку что е можно потенка кора.

Двете кори оставете ги настрана, а останатите потпечете ги  на плотна од шпоретот, но внимавајте да не ги изгорите.

Линк до останатите Мириси на Баба

Мирисот на баба доаѓаше и од добро подмачкан поголем плех каде ставете една од корите што ги оставивте настрана. Попрскајте ја со масло, ставете малку фил, потоа една од потпечените кори, попрскајте ја со масло. Ставете малку фил и така наизменично се додека има потпечени кори.

Мирисот на баба

За крај ставете ја втората непотпечена кора, малку потсоберетеја и спојте ја со основната кора.

Исечете ја претходно добро попрскана со масло.

Ако корите се поголеми од плехот со кој работите формирајте ги од страните онолку колку што ви е потребно.

Бабами знаеше да каже

Крв да ви се стори деца“

Споделете го и вие овој мирис на баба , нека се засладат и останатите

Избери ја брзината и пакетот со кој што сакаш да почнеш

Коментирај

Your email address will not be published. Required fields are marked *