Сектор за намалување на продажба

Дали вашата фирма има сектор за намалување на продажба?

Сектор во кој работат луѓе задолжени да ви ја уништат продажбата. Нешто што толку често се среќава денес да некои и сериозно размислуваат да воведат ваков сектор.

Не е шала, во понатамошниот дел оф текстот ќе се сложите со нас а за старт ќе ви се чини несериозно и смешно сето ова околу овој сектор.

Дефинитивно постојат вработени по фирмите кои се задолжени да ги предомислат купците во својата намера да потрошат пари во таа фирма.

Едно лично искуство, ден среда попладне. Во намера да купам евра заминав до менувачница. Кога на момчето му го кажав износот што ми треба изненадено ми одговори:

-па јас немам толку евра, акови ги дадам вам , ќе немам за покасно.

Се надевам имате и вие искуство од овој тип. Каде со сериозна причина нема да ве услужат со не толку паметна мисла.

Линк за лагата.

И доколку заминете во некоја друга менувачница ќе ве услижат а и тие ќе го имаат истиот остаток од денот.

„Моментално немаме видете во некоја друга наша продавница“

Сектор за не услуги во ланците на продавници, каде со задоволство ќе ве пратат во друг дуќан само да не се замараат со вас.

Никако да сватат дека нивна работа е да продадат да ме услужат да проверат каде има и да ми го донесат да се грижат за консуметнот. Линк за добра школа за тоа.

Зар не би требало да не дозволат да излеземе од дуќан без да купиме нешто.

Затоа од старт и сакаме да доловиме дека овој сектор не е никаква шала. Премногу има земено замав за да се свати како шала.

Оваквите сектори во вашите фирми морате да ги затворите доколку тоа зависи од вас, или на било кој начин да ги спречите и да не е ваша фирмата. Ваквите сектори ги уништуваат фирмите а со тоа и вашето работно место ако стоите настрана.

Ангажирајте се како сопственик додека не е касно

Ангажирајте лажен купец и тестирајте го секој ваш продавач.

Имајте онформација кој е уништувач на вашата продажба, кој ги кочи работите. Системот на подршка што го имаме ние ви го препорачуваме, за да квалитетно се грижите за вашите муштерии.

Или исконтактирајте не и со задоволство ќе ви препорачаме решение.

Избери ја брзината и пакетот со кој што сакаш да почнеш

Коментирај

Your email address will not be published. Required fields are marked *