Тортата со сирење за сладокусци и мераклии

Мирисот на баба овој пат не однесе дури во Америка

Тортата со сирење е искључиво задоволство за сладокусци, меракли и луѓе што уживаат во секоја секунда од животот.

Приказната започнува во далечната 95 кога “работата од дома“ не однесе во Америка.И се ќе беше нормално ако при престојот кај мојот брат не приметив една чудна навика. Секој ден мораше ритуалот на завршен ден да биде со парче некаква торта со сирење.

Тортата со сирење звучеше премногу неспоиво, благо и солено. Сирење и пржени лепчиња оди некако, ама пржени лепчиња маџун и сирење…. не оди, мада знам такви кои уживаат и во тоа. На гравот додаваат сирење. Е да ама торта и сирење некако бар мене не ми влегуваше у …. у менито.

И сето тоа не беше толку чудно ама брат ми не можеше да замисли ден без мало парче од тоа чудо,  ме заголица многу.

Тортата со сирење беше ритуал. Секој ден на враќање од работа се застанува на оние Американски слаткарници по автопатиштата. Се нарачува едно мало парче “ cheesecake “ и денот може да продолжи. И сето тоа уз многу здрав начин на живот, многу теретана, пливање и рекреирање. Значи можело и тоа и тоа.

Овде можете да ги процитате останатите рецепти од “мирисот на баба“.

Моментот на вистината беше покрај автопатот, онаа позната 17-ка некаде во близината на Waldwick.

И сега ми навираат мирисите кога влеговме внатре. Нешто како шампита лимон сирење ама онака заводливо вкусно. Бабами знаеше да каже “ Абе прсти да излижеш“

Тортата со сирење беше послушена без да ја нарачаме, се знаело брат ми што нарачува.

Многу да опишувам околу вкусот нема да има полза, ама ќе ви го напишам рецептот и предизвикам да го направите и вие сами да напишете како тоа мириса. Напомена обавезно да се конзумира споро и на ….ма на тенане.

Е па рецептурата оди вака :

Потребно ќе ви е:

1 лимон

2 лажици гриз

350 грама младо меко сирење

50 грама мелени бадеми

90 грама путер

150 грама шеќер

2 јајца

50 грама суво грозје и или брусница по избор

и на крајот ќе ви треба малку шеќер во прав и цимет.

Калориите не се проблем ако го следите рецептот, ако сакате да дознаете повеќе видете го и ова…

А еве и како оди редоследот на спремање и печење:

Сирењето, путерот и шеќерот добро измешајте ги. При тоа додадете ги бадемите, гризот жолчките од јајцата, сокот од лимон и малце нарендајте од добро очистената кора на лимонот.

Оставете ја смесата малку да одлежи , барем 15-тина минути па додадете го сувото грозје. Како замена може да ставите и брусница.

Додадете ги на мсесата и претходно добро изматените белки

Во зависност од рерната , смесата печете ја половина час на температура од 180 степени.

Откако ќе се уверите дека е завршено извадете ја и оставете да се олади на собна температура барем 1 час. Следниот чекор е да истата ја ставите во фрижидерот да се олади. Потоа заросете ја одозгора со цимет и шеќер во прав.

Извадете ја тортата исечете едно мало парче , ако сте во можност попрскајте го со течноста од слатко од вишњи, многу малку.

Сервирајте си и чаша бело вино.

Некои моменти во животот сочувајте ги само за себе

Споделете го линкот, нека се сладат и другите.

А за повеќе инфо ќе мора да не контактирате тука

Избери ја брзината и пакетот со кој што сакаш да почнеш

Коментирај

Your email address will not be published. Required fields are marked *