Стариот мудрец пресече-СЕ на свое ќе си дојде

Дедо Вецо со приказната за најквалитетниот зидар на Стариот Балкан

Стариот мудрец дедо ми Вецо таа вечер беше расположен. Стално кога ќе се видевме со задоволство сакаше да ми пренесе свои искуства, како би ме научил што повеќе за животот.

Внучко седи дедо да ти каже…и ќе започнеше некое свое искуство

Поминав многу години покрај дедоми, покрај овие седи коси, покрај овие огромни длабоки очи.

Успеваше да ми го пренесе своето искуство на најдобар можен начин. Јас пак се трудев да запамтам како би бил спремен за остатокот. Но немав ни приближно престава што ме чека таа вечер. Ме подучуваше за здрава исхрана а учевме и за онаа лошата, за фамилијата, за животот опчто.

Стариот мудрец дедо Вецо секогаш нагласуваше дека е многу важно да во животот, во контактот со луѓето си останеш на кажаниот збор, да го исполниш она што си го ветил. Ако ти понудат можност прифати ја не одбивај, секогаш биди од збор можеби е 3 чамец…линк.

Последнава приказна беше за неговиот пријател зидар. Оној Милан зидарот кој цел живот помина во градење на куќи и тоа оние најквалитетните, најубавите. Зидарот беше трета генерација во семејството градители и сите работеа за еден ист предузимач. Беа познати по квалитетот  и исполнувањето на термините.

Дедо ми Вецо за својот пријател имаше секогаш пофални зборови.

Сепак апострофот на неговата приказна беше моментот на неговото пензионирање, повлекување од овој градеѓништвото.

Што поради годините што поради здравјето стариот зидар решил да се повлече, а за тоа навреме го информирал и својот предузимач.

Безгрижните пензионерски денови биле така близу за него

Нестрпливо очекувал да се одмори, да одмори коски а и да помине повеќе време со внуците.

Предузимачот имал само една молба за крај.

Го замолил да направи само уште една куќа, многу важна за него. Уште таа и да се разделат како пријатели.

Немав ни приближно престава каде ме води дедо ми со муабетов, каде и што ќе беше наравучението.

Стариот мудрец Вецо продолжи со приказната на пријателот.

Сакајќи да ги убрза работите зидарот решил онаа последната куќа да ја направи малце побрзо, со поефтини материјали, да заштеди а и побрзо да финишира. Брзината на градба била можна само со површем пристап при градење, со помалце материјал и поефтини.

Пензијата поблиску а дадениот збор подалеку.

Три генерации пред него се немаше случено ваква брза градба. Зидарот си имаше своја логика, него пензионерските денови да му дојдат побрзо. Играњето со внуците да биде што побрзо. Па и по цена на кажаниот збор дека ќе се заврши работата квалитетно. Онака како граделе и неговите предци.

Дедо Вецо пресече- Се на свое ќе си дојде

Стариот мудрец
Дедо Вецо-се на свое ќе си дојде

Не ми беше јасно што , како и од каде сето тоа сега.

Досегашната обука за солидни темели на својот бизнис ми беше јасна. А ми беше јасно и тоа дека грижата за клиентите треба да ми биде приоритет. Кажаниот збор треба да е носител на долготрајниот успешен бизнис.

Линк до останатите приказни за нашиот бизнис

Зидарот со кључевите од завршената куќа заминал кај предузимачот, да ги предаде и да се збогуваат, воопшто не знаел што го чека…

Како ги предал клучевите така и го доживела својот најголем шок од предузимачот.

“Овие клучеви се од твојата куќа, од мене за твоето пензионирање“ му рекол предузимачот

Зидарот бил шокиран, зар ќе живее во најлошата куќа што ја изградил во својот живот. Да бар знаеше па да стави подобри материјали да ја направи поквалитетно. Да трае подолго и за неговите внуци. Мудроста ја има насекаде околу нас, и во ќуп ама кој да види…линк

Непосветеноста кон работата и кажаниот збор, кршењето на ветувањата ќе не одведат во несовршен живот, несовршени услови за нас и нашето семејство.

На ктајот дедо ми поентираше

Сочувај ги ветувањата, кажаниот збор и биди посветен кон работата до крај, незнаеш во каква куќа може да завршиш. Се на свое си доаѓа кога си ти на своето “

Споделете го линкот како би приказната на мудрецот допрела и до други добронамерници.

Избери ја брзината и пакетот со кој што сакаш да почнеш

Коментирај

Your email address will not be published. Required fields are marked *