Шоферски километар-колку ли вреди?

шофер и нивното здравје

Дали секој извозен километар надвор од дома е соодветно платен?

Шоферскиот километар надвор од татковината не е толку добро платен во овој закључок никој веќе не се сомнева.

Во зависност од услови, искуство и документи цената се движи од 50-75 евра дневница. Постои можност и за интерен договор па цената да отстапува од оваа граница.

Никој од возачите не одсуствува по 3 месеца од дома со задоволство. Сем оние самотњаците 🙂

Најчесто заминувањето е поради подобра финансиска состојба. Некои имаат странски документи и имаат олеснителни околности.

Ги има и оние кои немаат и во рок од 6 месеца смеат да престојуваат во Еврома најмногу 90 дена. Значи за една година максимум 6 месеца возење или максимум 180 дена.   

Од влезот во Европска унија 90 дена за нартедните 6 месеца, откако тие ќе поминат нови 6 месеца со максимум 90 дена престој.

Линк до инфо за престој во ЕУ-министерство за надворешни работи

И кој сето ова да го брои, пресметува, внимава мисли на тоа,затоа што во Маџарска казната не ни бега.

Кој да мисли и на тоа што да понесе со себе за 3 месеца

Шоферскиот километар предвидува организација и на додатна опрема потребна при возењето. Огромен багаж.

Старите џомби знаат добро што да понесат со себе но еве за мала помош на помладите ќе наброиме како совет од искуството на џомбите.

Никако храна со краток временски период на траење и млечни артикли бидејќи нивното расипување многу може да ве чини. Конзерви, тестенини… Ова значи еден сад за варење и плинско, прибор што помалце и полесен за миење. Сретства основни за лична хигиена, гардероба лесна за перење и бар за 2 недели. Ако еден викенд утнете со перење. Вода Да но никако алкохол и газирани сокови. Таму каде возите на викенд можете се да си купите но она што телото бара е вода. Можете и Шејк да понесете најмалце место зазема а задоволува дневни потреби. Повеќе на линкот.

Цигарите во Европа се многу скапи ако морате земете тутун за виткање. Не се оптеретувајте и поради паника да носите со себе многу непотребни работи.

Позајмувајте ако ви побара колега нешто така и вам ако ви треба секогаш има колеги кои ќе ви учинат.

И возете внимателно

Внимавање на возењето, од несреќи,. од зачувување на робата а и пазење од емигранти.  Они што возат за Англија добро си знаат.

И најчесто ради сите стресови, притисоци и неправилна исхрана шоферот има нарушено здравје.

Ако додадеме на тоа дека се нема услови за одржување редовно хигиенацелата работа станува сериозна, Линк за ова со детали. 

Најчесто и по враќањето нервозите се огромни, стресовите исто така, па и нетолку често бекство таму Горе по некаков свој мир.

Шоферскиот километар во текстов би бил без цел ако не се потрудиме да објаснима како некои работи можат да се избегнат, да се спречат.

  Може и безболно да поминат шоферските километри.

Брзината потребна при работа во транспортот не дава слобода при спремање на оброци и исхрана без брзање .

Секој шофер може и тука да изнајде решение , се разбира со размена на искуства од колегите и желба да се сочува здравјето.

Било каков Блендер во кабината ќе ви овозмож огромни задоволста и олеснувања.  Купувањето на овошје малку подсмачкано во маркетите може да ви заштеди од буџетот. А тие овошки само излупени и повеќе од нив ставени во блендер ќе добиете напиток за освежување и здравје.

Ако додадете Чија и Ленено семе ќе осетите благодет многу брзо, посебно во стомакот.

Орасите и бадеми, лешници  вкупно една шака по напиток ќе ве засити и тоа со она што на телото му треба. Секој маркет малце удрените банани , на око немногу фини ги продава по дампинг цена. Тие банани нас ни требаат, за смутито, составот внатре и вкусот кој ќе го добиеме а и каде каде се поефтини.

Шоферскиот километар може и да  евкусен и здрав

шоферски километар
шоферски километар

Ако на секоие смути додадете и овес, јачмен, пченица...вашите километри дефинитивно ќе ви го продолжуваат животот.

Повеќе инфо и на следниот линк

Бидете креативни за оние со поголема бројка на година, семката од тиква-жива ќе додаде уште еден благодет.

За љубителите на блашко додајте и лажица мед, таан.

Дозволете си себеси напитик здравје, напиток за освежување.

Додатоци во исхраната секогаш треба да си има покрај себе секој шофер. Можеме да ви помогнеме околу изборот ако веќе знаете што точно ви треба.Исконтактирајте не на снекои од линковите..

Додатоците се оние кои пак ја пшрават разликата за подолг живот и подобро чувство.

Незаборавајте ја водата, стално покрај вас, барем 2-3 литра дневно, и моја препорака обавезно Алоја џус, за да стомакот ви биде благодарен

Шоферскиот километар може да биде и задоволство. А ако пробате да го ставите овој текст на ТЕСТ, замислите- и ќе поминете поефтино.

Споделете го линков нека и останатите колеги имаат информација на време за свое подобро здравје .

Ви посакуваме широк пат.

Избери ја брзината и пакетот со кој што сакаш да почнеш

Коментирај

Your email address will not be published. Required fields are marked *