Екологија алармантна НЕсвест и НЕинформираност

Умееме ли да го согледаме што не чека ?

Екологија по дефиниција е научна дисциплина која се занимава со интеракцијата на живите организми со природата.

Кај нас се подразбира односот на човекот кон природата. Таму каде човекот не е присутен таму природата нема проблеми.

Медиумите кај нас многу не се замараат, нема тука атрактивна вест, се додека некој не почине како би предизвикало гледаност.

Негрижата за утрешниот се надокнадува со демагогии, со лаги и неспретни а на моменти неписмени изјави.

Ние можеме така што ќе почнеме од себе

На сликата за жал имаме преглед каков отпад оставаме зад себе во ИЉАДНИЦИ ТОНИ

Екологија

Екологија почнува уште во маркетот, со ОДБИВАЊЕ  на пластичните кеси. Оние кои ни перат мозок на секое пазарење “кеса да не треба“.

НЕ не треба. Можеме да употребуваме платнени торби за пазарење однапред спремни од дома. Никако пластика.

Пластичните кеси во маркетите се продукт со најголем процентуален ќар, заработка. Заработка за загадување на природата. Една кеса чини 0,15 ден или 0,0024 евра, а колку ја плаќате?

Пластичните шишиња да ги избегнуваме ако веќе ги земаме нека завршат во кантите за пластика. Се од пластика да не е дел од нас.

Земањето работи дома е проблем, исфрлањето е поголем

Екологија е да не купувате и внесете во вашиот дом. Екологија е и да се справите со отпадот од вашиот дом.

Убаво е кога ќе дадете мал напор за почисто утре. Во просек кај нас едно семејство исфрла од 800 до 1,2тон смет.

Замислете како би изгледало сето тоа да е САМО ЕДНА ТЕГЛА.

Екологија и на наште балкони, посадете нешто зелено.

Ако немате многу време посадете нешто што бара малце внимание. Внесете зеленило и дома, од оние кои “носат пари“ до кактуси. Алое кактусот бар го чисти водухот, и ќе ви се најде ако се повредите. Прочитајте повеќе на линкот.

Патувањата во градовите се побрзи со велосипед. Покажете им на вашите деца дека умеете вие а ќе возат и тие.

Панелите на крововите го штедат нашиот буџет многу. Информирајте се, како електрични така и за топла вода. Нема ништо подобро кога сметката за струја ви е 100-200 денари.

Време е татковците на градовите да го сменат односот кон зеленото

Екологија и за нашите власти, од оние кои ги плаќаме да ни го разубават живеењето.

Одамна математички е докажано дека ако на возачите на автомобили им го отежнете патувањето на работа тие ќе си најдат полесен и побрз начин. Ако велосипедските патеки се брзи, сигурни тогаш сообраќајот ќе се смени многу брзо.

Субвенции за ветерници и соларни панели а не за тротинети или велосипеди.

Награди и пофалби за нај еко балкон, зграда, двор. Еко час во школите. Инвестиција во младите за здрава храна здрав начин на живот и еколошка свест а не да се критикуваат дека се неписмени. Уште во градинките на децата да им се всади желбата за грижа за “своето засадено“ дрвце, цвеќе …

Ветерот , снегот и дождот не се решение

Екологија не е во чекање ветер да го одува загадениот воздух. Тој загаден воздух е само некаде ПРЕМЕСТЕН.

Дождот не го чисти воздухот. Водата ги собира ПМ честиците и ги транспортира на земјата. Од улиците канализациите до реките.

Повторно прљаштината само преместена од точка А до Б.

Нашите населени места се убави и чисти кога ќе падне снег. Ама се додека тој не се стопи, прљаштината е тука под снегот.

Екологија за нас е да не создадеме ПМ, пластика, издувни гасови, нерециклиран отпад.

Ако сега возилата се со минимална загадувачка, утре ќе бидат со максимална. Екологија денес и Екологија утре.

Да започнеме од нас, од нашиот пикавец, нашето палома марамче, од нашата пљукната мастика, чачкалица, ливче небитна сметка, од влакна кои ги растресуваме насекаде .

Пакувања од ефтини артикли на кои забораваме бидејќи е поважен артикалот што е внатре.

Екологија е да изберам тоа што ми треба а да не ја казнам природата, да не ги казнам моите деца и нивното утре.

Да им покажеме а не кажеме

Нека нашето утре биде обезбедено а тие ќе се погрижат за своето. 

Избери ја брзината и пакетот со кој што сакаш да почнеш

Коментирај

Your email address will not be published. Required fields are marked *