Смени се себеси како не би бил сменет

Промени се себеси како би те снашло она доброто

Смени се себеси- Ќе кажат постарите, ако сакаш работите да тргнат на подобро.

Од моментот кога почнуваме да кукаме да се жалиме на сите колку малер сме. Колку ни е тешко и како никој нас не не сака и се ни оди малерозно тогаш тргнуваме засилено надоле.

Колку побрзо го сватиме се ова како грешно толку брзо и ќе го избегнеме моментот кога луѓето ќе не избегнуваат поради кукањето. Никој од нас не сака оклоу себе кукавици, сите сакаме кога во нашата околина се луѓе позитивни, вицкасти и весели.

Смени се себеси  ако мислиш дека си малерозен и дека некој друг е крив што не ни се случува како што сакаме пак мораме да смениме.

Доколку ги смениме комшиите, другарите, сопружникот тешко дека ке дочекаме и работите да ни се сменат. Менувањето н луѓето околу нас не влијае на промената кај нас.

До нас е не до нив.

Ние сме истиот  со исти навики исти потреби желби и видици. Ако уште и видиците ни се кратки, многу кратко дофрлаат, тешко нам. Ако не помогнат очила за кратковидост тогаш не е ни до очите.

Линк до останатите приказни за подобар јас.

Секогаш се почнува од себе

Смени се себеси за да тргне нагоре, на добро.

Промените знаат да бидат тешки.

Не затоа што многу тежат, него затоа што ние не сме доволно спремни за нив. 

Кога работите ни се тешки не посакувајте да се полесни, вежбајте. Извежбани се ќе ви стане полесно.

Одењето нагоре е потешко затоа задоволството е поголемо. Денес секој може да се спушти надоле, дури нема да се испотите. Затоа надоле е најлесно да паднеш, мајсторијата е да се стане и тргне нагоре.

Смени се себеси за да  ви биде подобро. Тежината во случајов е поврзана правопропорцијално со големината на желбата за то.

И каде сме сега. Значи стартот е лесен ако имаме голема желба, а желбата е исључиво врзана со потребата од НЕА.

Големината на желбата е слична со онаа желба што ја имаме кога сме заљубени и се ќе сториме за саканата. Таму никој не би  можел да не сопре, НЕМА ШАНСА. Ма се е лесно ама кога си заљубен.

Линк до вистинското сакање

Во една приказна учителот за да му долови на ученикот што е желба  го фатил за глава и му ја пикнал под вода. Држејќи го долго така, стегна со цела своја слиа. Вадејќи го на крајот го запрашал дали мислел на нешто друго сем на тоа како да дојде до воздух?

Е кога ќе ја посакаш промената како воздухот со таква јачина и желба  тогаш таа че се случи многу брзо и ЛЕСНО.

Смени се себеси и ќе заклучиме дека:  ако си помогнете себеси да сватите колку ви треба толку лесно и ќе ви биде. ДА СЕ СМЕНИТЕ.

Стартувај се прво на хартија

Стартувајте со жлебата за промена на хартија, може и со реден број.

На пример ставете под реден број се, смени се себеси почнувајќи од:

1. Промена на исхраната-почнете со оние најштетните работи едно по едно. Никако со лоши диети.

2.Изменети навики- на станување наутро, на гардероба и комбинации…

3.Изненадете ги најблиските со гест на внимание, иненадете ги роднините, пријателите исто така.

Ако размислите подобро многу тешко че го смените светот, ама ви гарантирам од лично искуство дека лично ќе се чуствувате многу добро ако стартувате од себе.

Времето ќе си врви, саатот ќе врти со стариот  НИЕ ама и со новиот, а зависи од нас дали нам ќе ни биде подобро или не.

Смени се себеси да не те сменат…од друштво, од работа, од брак и семејството недај боже 🙂

Избери ја брзината и пакетот со кој што сакаш да почнеш

Коментирај

Your email address will not be published. Required fields are marked *