Слабеење преку искуство-кога се логични постапките

Личната приказна има тежина

Слабеење преку искуство е вистинскиот рецепт за вистински резултати.

Резултати има кога од многу искуства околу тебе со годините знаеш како, пренесуваш и споделуваш.

Во времето денес каде агресивно за материјална добивка се нуди се и сешто, Тие мислат дека најлесно се прават пари на оние кои исе со мака. Некои со здравствени тегоби, кој со повеќе кој со помалце килограми и целата агресивна кампања е во тој правец.

При тоа се измислуваат најразлични термини се ангажираат  П.Р. агенции да осмислат што да се каже и како. Нели, да се каже што тоа народот сака да слушне. Никој не посветува внимание на тоа дали ќе биде се вистина во кампањата.

Слабеење преку искуство

И онака вистината и П.Р. агенциите се на различна бранова должина.

Слабеење преку искуство е нешто спротивно.

Се изнародија разни купус диети, само месо, зелка, овошје, јајца и што ли не Само… па потоа и онаа мојата најомилена, Кардио диета….ја држиш и завршуваш на кардиологија.

Од оваа времнска дистанца сите се толку смешни. А за Божен да не ни зборуваме и Џирло…дрангулии.

купус диети и чаеви…

Сите кои сакаат да ослабат за пред огледало со раширени раце ги дочекуваат ваквите ПР мајстории. И …3 дена  толку е …неможе ова не функционира на мене и овие лажат.

Затоа и треба подршка за оние кои носат такви одлуки. Прочитајте на следниот линк околу 3 правила за следење и грижа.

Потребна е само вистинска желба

Слабеење преку искуство стартува со вистинска желба.

А почнува и со кукање, не може, не чини, мене не ми реагира,

МА МЕНЕ СЕ МИ СЕ ФАЌА… и најчесто завршуваат со констатација дека е на нервна база. Да да да, на нервна база било.

Колку и да им објаснуваш дека свињите ги гојат а не нервираат тие (што немаат желба) си тераат по свое, и уште како доказ им е дека на утринска емисија на телевизија некој кажал.

Линк до останатите приказни

Бабами велеше “Мижи асан да ти баам“

Кога ќе видиме каде грешиме ако не е многу касно ќе сватиме дека се е Физика. Слабеење преку искуство .

Онолку енергија колку ќе внесеш толку треба и да изнесеш (потрошиш). Доколку помалце потрошиш ќе се поправиш ако е обратно ќе ослабиш повеќе од нормалното.

Слабеење преку искуство

Ако веќе имам вишок значи треба да Потрошам повеќе или Внесам Помалце.

Ако Внесот е многу тешко да се скрати на стартот одиме на детали околу Потрошеното.

Потрошувачката можеме да си ја зголемиме со убрзување на метаболизмот и со повеќе движење трошење.

Колата троши повеќе на поголеми брзини.

Убрзувањето може да го направиме со едноставно а почесто пиење вода, ако додадеме кафе (умерено кофеин) и љуто  ефектот веќе го имаме со брзо одење во тоалет него вообичаено.

Со внес на храна за која треба повеќе калории да се обработи.

Можете да се измерите и да си ги добиете вашите базични информации за метаболизмот и по тие вредности да си знаете колку минимум треба дневно да внесете.

Да додадеме на тоа и одење на школо, факултет или работа наместо со кола и автобус со точак или пешки.  Можете слободно и Интервалното одење и трчање да го практикувате. .

За почеток подршка од нас а потоа огледалото мотивира

Слабеење преку искуство веќе ни се случува. Сантиметрите се приметуваат прво по гардеробата а потоа и пред огледалото. Кога ќе дојдеме до оваа фаза веќе е лесно.

И нормално е да посакаме повеќе.

Слабеење преку искуство

Имаме слабеење преку искуство но лично. Сега не ни треба ни ТОП ШОП, ни зелки уште помалце кардио.

Дајте си себеси одишка, без оптеретувања со информации непроверени. Нека вашата солуција биде повеќе потрошено, додајте нешто што ќе ви го убрза метаболизмот .

Може да размислите и за некаков додаток во исхраната но и тоа да биде поради здравје, за дохранување на мускулната маса за правилна циркулација, за добробит на целото тело. И многу вода.

Селфито е добродојдено во оваа фаза. Но сега без широки маици и црна гардероба. А кога ќе ве прашаат како, слободно прате те ги на нашиот линк.

Избери ја брзината и пакетот со кој што сакаш да почнеш

Коментирај

Your email address will not be published. Required fields are marked *