Смути напиток за долговечност мир и спокој

Волшебна чаша што продолжува живот

Смути-то од секогаш било на нашите трпези низ историјата. Можеби на различен начин нарекувано ама сепак порисутно. Чаша со некаков микс од Живи прехрамбени артикли. Овоштиа, зеленчик, млеко, јајца и разни чаеви.

Многу одамна бабите знаеле наутро на внуците да има сматат јаце, селско, лажица мед и млеко – козјо. Лиги да ти истечат. Никого не оставало рамнодушен.

Од секогаш се знаело дека не е добро да се претерува. Секакви матеници имало на трпезата што со млеко, што со кисело млеко.

Сите овие начини на исхрана пробајте да ги искомбинирате со вежбање барем оние Интервалните на кеј, Следи линк

Смути-современ пијалак на денешницата

Денес кога сме во некои посовремени токови таквите матеници ги нарекоа Смуту.

Единствено што науката за здрава исхрана ги создаде рецептите кои даваат поефектен допринос во нашето живеење.

Прочитајте повеќе на линкот за лошите диети. Добро е да се знае што е добро а и што е лошо.

Смути : микс од овошја, јаткасти плодови, зеленчук, чаеви и други семиња што благопријатно делуваат на нас.

Смути – Користено како ужина денес и како цел оброк посебно наутро. Навечер не се препорачува измиксан шејк од овошја. Непријатно е чуството наутро после цела ноќ варење на овоштија ферментирани а требало да се одмориме.

Сепак денес најмногу доминираат ваквите мешавини со вода, се помалце со млечни производи.

Водата го задржува вкусот и мирисот на оригиналното овоштие.

Пред и се овој напиток треба да биде вкусен.

Блендерот е неизбежен во целата приказна. Целта ние  е да го исчистиме организмот и нахраниме квалитетно, успат освежиме.

Во Смути-то никогаш многу нема да погрешите ако смешате квалитетни состојки, не претерувајте само со нивниот број. Ама еве, во продолжение неколку рецепрти за старт и добар апетит.

Обично во рецептите не игра голема улога редоследот.

Ако сте во можност практикувајте СВЕЖИ  состојки, ако не, не е голема штета и ако бидат смрзнати.

Наутро нејважен момент е НИКАКО ДА НЕ СЕ ПРОПУШТИ ДОРУЧЕКОТ

Еве неколку  рецепти

Смути

1 јаболко, 1 банана, 2 dc млеко или јогурт и една голема лажица мед

Додајте и 3-4 големи лажици овесни снегулки.

Смути за сладокусци-

На исецкана 1 крушка додадете (3-4)овесни снегулки

Мала лажица цимет, Лажица мед

Многу малце морска сол

Сето тоа во 2деци млеко и 1 деци пробиотички јогурт

  • Во скоро секој смути оди банана а слободно додадете и јаткасти плодови. Во секоја варијанта мразот се става за освежување, посебно летоска.
А еве како би изгледал и еден Зелен Смути-

На 2 банани и 1  јаболка  со цимет додадете блитва

А доколклу ја обожавате љиљаковата боја сакате на изглед бомбата од витамини да е , тогаш оди вака-

Смути

1 банана, 1 јаболко, И 1 јапонско јаболко, додадете 3-4 парчиња ананас и на крајот додадете една рака Аронија. Во вода добро изблендирано изгледа прекрасно

Пофалете се и пред гости по дома, додајте одозгора малце ананас во прав  ставете една цела малина или капина. Селфито е неизбежно.

Смути за Детоксикациоја-

На 2 банани додајте е помаранџи, 1 јаболка и две раце спанаќ.

И втората варијанта за Детоксикација би била-

Цвекло  во големина на помала јаболка, Морков средна големина, 1 јаболка, 1 Лимун без корка.

Смути

Откако ќе го изблендирате со вода додадете малку рендан Џумбир.

Уживајте во здраво хранење на вашето тело. 10-тина минути а толку многу здравје.  Лошата исхрана го уништува нашето тело.

Телото ќе ви биде благодарно после само 5-6 месеца, ќе ја приметите разликата посебно во сантиметри.

Избери ја брзината и пакетот со кој што сакаш да почнеш

Коментирај

Your email address will not be published. Required fields are marked *