Слободно време за летниот распуст-паметна инвестиција

Денес младите се двоумат како да го потрошат слободното време

Слободно време, термин кој на сите ни е добро познат, термин кој сите си го спомнуваме и посакуваме.

Но дали успеваме да го менаџираме добро кога ќе го имаме?

Умееме ли да се организираме добро како слободното време би го искористиле најдобро?

Младите денес со нетрпение ги очекуваат деновите од распуст, посебно оној летниот. Кога имаат слободно време на претек. Кога можат да се наспијат колку сакаат, да имаат излез до кога сакаат, да имаат „слобода голема“. Дали е тоа слобода и дали туку така во спиење и денгубење да се потроши?

Некои од младите умеат да се организираат, тие и веќе си имаат најдено себеси ангажман за летоска. Работа што ќе им овозможи заработка, работа што ќе им даде можност својот труд да си го наградат.

Некои ќе лутаат кратко и најдат решение а некој пак цело лето ќе им пројде и нема да се снајдат.

Би сакале на нашите страници да ви дадеме неколку идеи кои ќе ви помогнат околу одлуката како со слободните летни денови. Линк и за другите текстови за тинејџери.

НАПОМЕНА: Никако не ни е цел да ви се мешаме нити да ви паметуваме, само идеја, водилка за слободните денови. Впрочем и во претходните написи сме ви покажале дека сме…со вас 🙂  Линк

Своите пари се најслатки

Слободно време во жешките летни денови има на претек. кога го нема го посакуваме а кога го имамем не умееме да го организираме, накратко и на шала би била суштината.

Најчестото размислување на младите за летните распусти е кафиќ. Некако тоа им е најлесно, а всушност не е. Имаат чувство дека работата во кафиќ е ИН и уште дневница а таа вообичаено за нив е доволна и …помина летото.

Ако ви се погоди совесен газда и ќе поминете добро но како обично и бива да налетате на искомплексирани сопственици кои си ги лечат проблемите врз грбот на вработените и на врв од тоа со разни измислени казни ќе ви ја скратат дневницата или бакшишот. За да на крај се чувствувате мизерно за сработеното.

Вредите вие многу повеќе

Слободно време за интернетот информирање имате многу. Искористете ја таа можност , постојат безброј агенции кои нудат размена и работа за и со млади низ цел свет. Од working and travel  до секакви младински здруженија и организации кои за својата провизија ќе ви овозможат и организираат сместување, пат и обезбедување на работа низ Европските земји па и Соединетите Американски држави.

Има и такви кои од своите родители имаат наследено пасош на некоја Европска земја, за нив доволно е да се качат во било какво превозно сретство и отпатуваат некаде  во некоја посакувана дестинација, да знаат јазик и да прашаат „Да не ви треба работник?“

Секако претходно изгуглајте спремете се , направете договор со „старите“ да ви позајмат и дека ќе им ги вратите кога ќе се вратите 🙂  Секако дека ќе се вратите…слободно време

Имате инфо , имате идеја план и цел…Линк

Размислете добро…слободно време имате, искористете го за да сработите и бидете наградени за тоа. Вратете се на крајот од летото со свое количе  или да чмаете по некој домашен кафиќ и на крајот од летото немате ни за одмор.

Да прошетате и видите цивилизации други, забави малку поразличлни од нашите, млади кои знаат што сакаат и каде одат. Да размените пријателство, идеи па и малку љубов зошто да не со тие таму.

Летото е и за добар филм концерт и обавезно добра книга

Слободно време никако не е за спиење, дрочење пред Турски серии или кладилници.

Слободно време е да се оди на концерт никако на турбо фолк, на концерт кој има своја тежина кој ќе ви остане во спомен, по добрите звуци а не по алкохолот и испирањата утредента.

Заборавете на телевизорот, и што помалце со телефоните во рака 🙂

Побарајте совет од оние кои умеат. Нека ви порепорачаат добра книга, верувајте тоа ќе го прераскажувате. Ќе влијае на вашето созревање како личност. Денес сите умеат да опсујат, да се степаат и направат пакост некому. ТОА Е ЛЕСНО И НЕ Е ИН.

Денес се издвојуваат оние кои умеат да се изразат, поради информираноста знаат што сакаат кадце сакаат и колку е доста. Ма знаат тие скоро се подобро.

Бидете дел од таа младина што ќе не води нас постариоте понатаму, која ќе има колку и треба за себе и своите а никако лакомо за материјалното по цена и на грбот на сите околу себе.

Бидете младите што за себе го користат слободното време.

*Голема благодарност до Весна, контролорот на реченици и букви од текстот, се надевам наш сорабтник во иднина како огромен љубител на книгите, за наше и ваше добро 🙂

Споделете го текстот со најблиските од клас нека имаат и тие добра идеја како со својот летен распуст, нека и тие возат свој автомобил.

Избери ја брзината и пакетот со кој што сакаш да почнеш

Коментирај

Your email address will not be published. Required fields are marked *