Младите сакаат да сработат за да заработат

Младите денес можат многу се додека не се замешаат постарите

Младите сакаат свој живот. Живот со свои сопствени фотографии и емоции, а не апдејтувани на родителите.

Во ова време Нивно време тие живеат со сегашноста и ретко се сложуваат да го продолжат она нашето идеалното.

Често водени од таканаречената родителска љубов, родителите го гушат немирниот дух во нивните деца. Најчесто незнаејќи и ретко намерно, многу влијаат да не дојде до исполнувањето на младите искрени желби за само-себеспознавање во животот.

Родителие  на тој ист млад човек наметнуваат свои размисли, под изговор дека искуството е се во животот а немаат доживеано ни 10 % од она што младите веќе го поминале и осознале.

Грешки се прават и не се болни се додека се согледуваат. Ако разбереме ние постарите дека од 10 професиите пред 10 години, 9 од нив денес веќе не постојат, ќе увидиме дека многу брзо се менуваат работите како би држело вода нашето искуство од пред 10 години или 20.

Ние игравме пред зграда тие на гејмерска платформа. Вие на клупа, тие на Facebook, Twitter i Instagram.

Ние со автобус и пешки тие со E trotinet. Вие со ајвар и салца тие со Wellness и Bodybuilding. Можеби и не се споредбите 100% како горе спомнатото но се различни. Што побрзо луѓето во години разберат дека е различно толку побрзо ќе најдат заеднички јазик со младите.

Бегаат за пари но и од неприфатеноста

Младите сакаат во својот живот да доживеат она што им се допаѓа а не на родителите. Неретко младите по потрага за подобар живот заминуваат некаде низ светот. Заминуваат и за да си го остварат она за што не се разбрани во својата околина, па ако сакате и својот дом.

Младите умеат како да се снајдат во современиот свет, родителите се оние кои „заштитнички“ сакаат да помогнат за да не се „мачат“ децата па прават од нив инвалиди во современиот свет на живеење.

Доколку на детето на му дозволите како мало да паѓа, нема да научи како се паѓа но и како се станува после тоа. И ако не му дозволите да си зготви направи јадење за да не се мачи, нема ни да научи покасно во животот како да се храни. Ќе бара стално готова храна а со тоа и да заработува многу само за таа потреба.

Доколку од мали не ги научите да штедат и да заработат тоа ќе им биде многу тешко да го научат на стари години. Не сте ги заштитиле со тоа што да не се мачат сте им дале. НЕ, несакајќи сте овозможиле тие креативни делови во нивниот мозок да закржлават.

Дајте им идеја и гледајте како расте

Младите сакаат тие да осмислат откријат креираат бизнис за себе. Дајте им идеја да видите како за кратко време ќе ја разработат и во детали рализираат.

Охрабрете ги во секое време и секое место.

Дајте им дел од вашиот простор да е нивни.

Вие само треба да поддржете и дадете разбирање и љубов,  и толку.

Во ера на Мулти левел интернет маркетинг тие имаат денес можност од дома да работат во целиот свет. Не им требате вие за да ги упатите. Ги имаат овие информации на интернет. Креираат свои Веб страници, доаѓаат до контакти низ целиот свет со познавање на многу јазици и го шират својот бизнис од дома до места каде не умеете да ги најдете на карта. Линк за нивните идеи.

Некогаш е подобро да им се придужите, да им покажете дека и вие можете во нивното време бар мал дел како нив. Така ќе имате време и вие да сте дома покрај нив со една цел

-да им дадете поддршка, разбирање и љубов.

Избери ја брзината и пакетот со кој што сакаш да почнеш

Коментирај

Your email address will not be published. Required fields are marked *