Како и зошто да им поставите граница за децата

На децата треба да им се постават 2 граници

Граница за децата мора да има за нивни правилен развој.

Психолозите говорат дека денес е опкружувањето сменето скроз така да и према него треба да бидат водени новите ограничувања за децата.

Каде треба да е границата помеѓу времето поминато пред екран и време за физичка активност?

Линк за социјалните мрежи и младите.

Дали овие се различни од претходните генерации, лекарите велат:

“Дали се исти денес Не се“

Секоја нова следна генерација запишани во прво одделение, е послаба од претходнита.  Што ќе им се случи на децата ако продолжиме упорно да ги користиме истите методи? Ќе се влоши.

Значи, треба да ги смениме методите. Треба и ние да сме со времето како и децата.

Денес моториката кај децата е значително полоша, општото познавање, исто така вниманието е послабо, речникот е различен и послаб .

Ова само значи дека проблемот настанал уште пред училиштето. И ние не можеме да ги обвинуваме родителите само затоа што тоа е голем проблем и на средината во која се децата.

Покасно доаѓаат и нови проблеми, основно, средно…

Децата, поради несоодветен развој, не можат да го задржат своето внимание, не можат да читаат, пишуваат, иако се интелигентни. Методите стари а децата скроз различни.

Граница за децата мора да има.

Кога детето е среќно и ние сме. И тука настанува проблемот, каде е границата на нивната среќа, до која граница сме спремни да одиме како би ги усреќиле и знаеме ли добро што навистина ги усреќува?

Тука доаѓаме до проблемот на мобилен телефон, таблет и компјутер. Родителите не знаат што да прават со децата, не умеат каде да ги стават границите на ДОСТА Е. Треба да сте во право аргументирано-Линк.

Тешко на детето да му се постави граница, па затоа стануваат навечер за да играат игри на мира. Детето кога ја игра играта добива ендорфин и станува  зависно. Ендорфинските стимуланси се морфиумски, тие  се како дрога.

Зборувајќи за мајките кои неуморно се грижат за детето при одење  да не падне, лекарите велат дека е голема грешка.

Детето кога проодува треба да падне барем 500 пати во три месеци.

Тие мора да научат да паднат, чекор по чекор, на една рака да се дочекаат па на другата и так по ред. За кога ќе отидат во градинка или школо да знаат како се паѓа. И како  се станува.

Родителите мора да разберат, заштитата е добра, прекумерната заштита е лоша.

Добар пример е инстинкт што го имаат мајките. Кога ќе го земаат бебето, го свртуваат кон себе на градите. Тоа е инстинкт на мајката.   Татковците го прават тоа од едната рака на друга, си играат со нив.

Детето мора да има граница. Ако детето добие видео игра на поклон нека не биде поради тоа што сите имаат. Ако му дозволите на детето да игра нека биде тоа само половина час дневно и никако повеќе.

Треба да постои граница до каде и до кога

Кога тоа време ќе им стане малку ќе пробаат да ескивираат како би играле повеќе. Ако пробате медицински да им објасните зошто е тоа штетно ќе ве ислушаат ама нема да ве разберат и ќе продолжат со играта. Наједноставен начин е кога ќе им одбројувате до 10 да се одлучат за две варијанти, да они одлучат, два пати неделно или три пати неделно да играат. Додека изброите до 10 они веќе одлучиле.

Кога ќе го прекршат договорот мора да следи „казна“, одземање на телефонот или играта. Ќе се исплачат еднаш, два пати или три ама ќе научат до каде е границата. После тоа имате ред за се и сешто, со догвор со нив и почитување на истиот.

Зборувајќи за важноста на движењата кај децата, тие додаваат дека најважните предмети се до возраст од 12 години, физички, музички и уметнички.

Главната активност е движење, а мозокот се развива во движење, поради што задачата на детето е да се движи.

 Децата треба да бидат од утро до вечер во движење

Граница за децата за да се физички активни.

Ова им овозможува да се развијат. Парк, игралишта, скејт паркови, ролерки, тротинети…

Проблемот во телефоните и игрите е што децата не се движат а со тоа и погрешно се развиваат. Значи нема период кога треба или може да им се дадат тие работи. Што повеќе движење а помалце уседување.

Во основното училиште најважните предмети се Физичко, Ликовно и Музичко .

Сите ние знаеме дека не може само овие 3 предмета да ги имаат но можеме да ги стимулираме наставниците на креативност. граница за децата

Граница за децата со креативни родители и наставници.

Од поставување препреки низ училницата како кога би се движеле децата би биле поактивни. Доколку и се осмисли награда за оние кои најуспешно го прават тоа, би било стимулативно.

Имаме еден пример на досетлив професор: Што е заедничко помеѓу Албатрос и бројот 40?-ги запрашал своите ученици.

На почетокот никој не знае, но стартуваат со претпоставки.

-Распон на криљата- НЕ 35дм е тој распон.

-Живее 40 години-Не, живее 80години.

-Јајцата ги несе 40 дена-добра претпоставка но Не е 60 дена е над јајцата бидејќи еголема птица, за разлика од нив кокошките ги лежат своите само 21 ден.

Нека тоа биде учење со игра, преку охрабрување за одговори до информации кои додатно ќе ги научат сем прашањето и одговорот.

Не е важно знаењето него патот до знаењето

И кога после оваа игра ќе ги прашате децата, тие ќе знаат се и за кокошките и за распонот на криљата на Албатросот но и дека 40 е за брзината на летање.

Вашиот одговор на детето секогаш треба да е ДА. Секој одговор треба да е охрабрување за стореното.

Детето треба да се научи да мисли, не да се корегира и кара.

Граница за децата не на утикачи него во времето со мобилни.

Сите родители со мали деца веднаш ставаат заштити на шпорети, на утикачи и прекидачи-Погрешно.

Од старт погрешни потези кои не го учат детето него го прават незналица. Прва прилика кога ќе отиде кај некој друг, кај баба и дедо например, ќе чепне и осети.

Затоа од старт дозволете му да чепне осети и научи зошто е тоа Не убаво.

Во однос на современоста на родителите во односот со своите деца и следниот податок:

-Од 10 те најбарани занимања денес 9 од нив не ни постоеле пред 10 години.

Значи немораме ние да се грижиме за иднината на нашите деца како во стаклено звоно бидејќи незнаеме што точно им треба денес.

Нека ни биде целта да ги научиме да мислат, да бидат свои газди со сопствен бизнис.

Ние можеме да ви помогнеме околу тоа како од дома преку интернет до целиот свет.

Кај нас не мора да брцнете во утикачот или да знаете се за електрика, ние ќе ве научиме како се заработува. А вие заработете доволно и за да вашите деца видат од вас како се заработува.

 

Избери ја брзината и пакетот со кој што сакаш да почнеш

Коментирај

Your email address will not be published. Required fields are marked *