Киселост на организмот – старт на сите болести

Алкалната средина во телото е предуслов за долг и здрав живот

Киселост на организмот е основна причина за појава на болести во човековото тело.

Otto Heinrich Warburg​  ќе каже:

-Ниту една болест дури ни ракот неможе да се пoјави во алкална средина.

Многумина денес имаат зголемено ниво на киселост во организмот. Тое е нус појава на начинот на исхрана  со таканаречената фабричка храна. Со рафинирани масла, шеќери и соли и секако со ГМО. Ова е линкот за повеќе детали околу ГМО.

Многумина немаат вистинска информација за штетноста на киселата средина во организмот, и како таа средина е идеална за развој на ракот, за вишак на килограми, болки и сите останати заболување кои се последица од киселоста.

За среќа наша создавањето на алкална средина во нашиот организам е многу едноставна и брза.

Секако немораме но е добро да напоменеме дека Алкалната средина во нашиот организам е спротивноста на Киселоста во организмот. А према состојбата на организмот и е поделена исхраната. Поточно исхрана која прави алкална или кисела средина.

Но она што нас не иснтересира е кои се природните начини за создавање алкана средина во нашето тело.

Еве 10 од мнoгуте начини за создавање алкална средина во нашето тело

Киселост на организмот е првата работа што треба да ја избегнеме како би биле здрави. Без никаков редослед еве ги најважните 10 начина за содзвање на долг живот-алкална средина.

  • 1. Под прво и еден е секако пиењето вода во текот на целиот ден. Додавањето на исцеден лимун во чаша вода е благодет за вашиот дигестивен трект. Иако лимунот е по некоја логика кисел, тој има баш спротивно дејство во нашето тело. Сетете  се само дали порано имало семејство што нечувало дома саксија со лимун. Новите времиња носат само болести. Јаболков оцет помешан со чаша вода е исто така препорачлив напиток. 1-2 чаши на ден.
  • 2. Јадете што почесто салати, зачинети со лимунов сок и ладно цедено маслиново или било какво нерафинирано масло. Зеленчукот е најдобар извор на микроелементи како калцијум. Нивното користење секој ден ја одржува PH вредноста во организмот на вистинско ниво.
  • 3. Доколку сакате ужинки слободно посегнете по една “дланка” сурови несолени јаткасти плодови. Тие содржат алкални микроелементи како магнезиум, калциум кои пак го нормализираат и шеќерот во крвта. Значи бадеми, лешници, ореви, леблебија, сончоглед семки од тиква…
  • 4. Бадемовото млеко е исклучително добро за оваа намена, правот од спирулина нека е секогаш дел од секое ваше смути.
  • 5. Физичката активност ги одстранува киселите продукти од организмот. Шетајте, трчајте, возете точак бидете активни покрај речните корита на околните планини секаде каде има многу кислород.

Искористете ја природата и таа помага многу

  • 6. Многу кислород е исто важен елемент за алкалноста и против Киселост на организмот. Вежбањето го убрзува внесот на О2 секаде низ телото, а на вас останува да одберете места каде него го има во изобилие и во поголема концентрација.
  • 7. Пробајте што почесто да го избегнувате месото. Киселост на организмот се зголемува многу со редовно секојдневно внесување на месо во организмот.
  • 8. Шеќерот пак е еден од најопасните подржувачи на киселост на организмот. Избегнувајте го колку е можно повеќе а со тоа и сите оние зашеќерени хемикалии од сокови и благи додатоци.
  • 9. Внесете повеќе зеленчук во исхраната. Со салатата внесете што повеќе различен зеленчук. Зеленчук малку подварен како додаток на било што. Зеленчук секаде и секогаш. Нагласуваме во секое време зголемете го внесот на брокулата
  • 10. И последна препорака, пробајте да ги мешате сите овие претходно наброени работи. Дозволете си себе да бидете опкружени со позитивни луѓе и смејте се Се почесто. Секогаш ова последното доаѓа како резултат на примена на сите овие точки.

Здравјето носи и насмевка и позитивна енергија.                                                                                                                     На крајот на денот одморете, одспијте како телото би можело да се регенерира. Оставете ги сериите и вестите, политиката па и напнатите спортски натпревари. Дајте си себеси време да живеење.

Не е точно дека Еднаш се живее- Еднаш се умира а секој ден се живеее

Избери ја брзината и пакетот со кој што сакаш да почнеш

Коментирај

Your email address will not be published. Required fields are marked *