Советите на дедо Вецо за подолг живот

Кога посакав да не се заборави

Советите на дедо Вецо секогаш во клучни моменти од животот ме насочувале на вистинскиот правец. Во една прилика во разговор со еден колега добив идеја да ги ставам во еден текст, барем за почеток еден.

Сето тоа наиде на добар одзив од останатите колеги и започна делот наречен совети од дедо Вецо.

Многу од овие совети ќе ви се допаднат но не мал дел и ќе помислите дека се небитни. Но истите тие совети се од искуства во различни ситуации животни. Така да ако сте во слични ситуации ќе ви бидат како изговорени за вас но доколку сте го поминале тој дел, ќе ви бидат застарени. И оние кои не искусиле ќе им изгледа нестварно, бидејќи не биле во таква ситуација.

Само по себе ни се наметнува и упатството за овој текст: прифатете го како школо од кое ќе научите како полесно да станете кога ќе паднете. Советите на дедо Вецо

Дедо Вецо би почнал вака:

-Ако не знаете научете да уживате во се во животот. Со цело свое срце уживајте во мртвата и жива природа.

Сите овие искуства неможете да ги најдете ниту во ниедна книга, ниту во ниту еден филм. Отворете ги сите сетила и дозволете природните убавини да допрат до вас.

-Поминете повеќе време во природа. Бидете боси во приорда да ја почуствувате. Советите на дедо Вецо велат:

дозволете земјата да допре до вас вие секако ќе завршите во неа.

-Пијте многу вода но и бидете често покрај неа. Езера, мориња реки било какви водени површини. Мислите се прочистуваат покрај вода и уморот исчезнува.

-Советите на дедо Вецо секогаш го нагласуваат пиењето вода и кога не сте жедни. Газираните зашеќерени сокови и енергетски напитоци се штетни за телото посебно за децата во нивниот развој.

-Во вашите оброци најчесто да биде застапено зеленчук и овошје.  Мешани салати, што поразлични бои од зеленчуци, живи не преработени зачинети само со чист лимонов сок и ладно цедено масло.

Уживајте во  во салатите, експериментирајте со рецеприте со мешање на риба, на препечено лебче-коцки, на кашкавал (во помали количини) јаткасти плодови, запржени со мед и така натаму, изгуглајте ќе најдете многу вкусни рецепти. Повкусни од било каков бурек, месо и млечни продукти.

Месото да се избегнува

-Дедо Вецо умееше да каже:    месото не е добро внучко, јадете го што помалце.

Ако веќе не сакате да се одкажете тогаш почесто прочистувајте го телото со овошни сокови.

-Разните кобасици и салами треба строго да се избегнуваат, премногу имаат во себе адитиви и најчесто имаат многу ГМО во себе. Живите житарки, подварени грашак, грав боранија, многу зеленчук место месо.

Нај динамичните животни во природата се тревопасни. Месождерите се троми и мрзливи. Протеини има насекаде а не само во млечни и месни продукти. Сло0нот не е месождер а го има … со мускулите.

-Дедо Вецо знаеше да каже јадам само жива храна и едноставна не мешам, а Петок цел ден сум на вода. Некој би го споил тоа со постови но и да е така е за подобро здравје и толку.

-Искуството од постите на дедо Вецо се секогаш како да е препороден после секој пост од најмалите до оние велигденските. Подмладен, освежен, полесен, побистар во главата и со многу енергија.

Секгаш советите на дедо Вецо ми давале мотив за постигнување на подобри резултати во животот но и со своето здравје. Како би ја постигнале најдобрата своја верзија морате да почнете од исхраната од околината околу вас.

Консултирајте не нашите Велнес советници ќе ве упатат како да стартувате и како да ја достигнете вашата надобра верзија. Линк за контактот.

 

Избери ја брзината и пакетот со кој што сакаш да почнеш

Коментирај

Your email address will not be published. Required fields are marked *