Советите на дедо Спасо за подолг и поздрав живот

Работите околу нас влијаат на нашето тело

Советите на дедо Спасо беа за водата и храната но и за се околу нас. Она што пулсира, се движи, зрачи околу нас влијае и на нашиот живот а со тоа и на нашето здравје.

Она што не опкружува а е неизбежно да го приметите е природата и се во неа, сонцето, месечината вселената со сите свои делови. Сите овие помалку и повеќе влијаат на нашето битисување на оваа планета. Ако месечината влијае на плимата и осеката, ако пак сопнцето е предуслов со водата за живот на планетата така тие влијаат и на нас на нашето здравје. Ако ги искористиме ќе ни го подобрат колку повеќе ги занемаруваме толку ни е полошо.

Еднаш се жибее-НЕ еднаш се умира а се живее секој ден

-Секој ден сонцето изгрева и заоѓа. По тој редослед треба да се однесуваме и ние со нашето тело активни преку ден и на одмор преку ноќ….„Внучко затоа војниците и калуѓерите се одморени и можат да служат“ ќе кажеше дедо Спасо.

-Можен е и одмор во теклот на денот како би се распоредила енергијата . Никако немојте одмор да практикувате после јадење. Тогаш најлесно маснотиите се таложат во крвните садови.

-Во текот на денот потрудете се што помалку да седите. А вечерниот одмор и сон биде секогаш доволен да телото зкрепне добро, велат советите на дедо .

-Советите на дедо  Спасо секогаш беа да сме  надвор, никако во затворена просторија па и советуваше дека треба што почесто да сме на отворено. По можност што почесто на ладно. Внимавајте на стопалата и рацете се друго слободно може да е изложено на поладно. Топлината го старее телото. Мозокот кога ке се прегрее откажува. Држ те го на ладно, така секогаш подобро функлционира.

-Во текот на летото конзумирајте многу чаеви, различни чаеви и не оние инстант по маркетите, пробајте да бидат природни. Ефектот ќе го увидите веќе истата зима.

-Јаткастите плодови се секогаш добри за нас ако ги грицкате живи непечени и несолени. Сите тие имаат своја многу добра функција за нашето тело, на нашиот сајт ќе најдете многу детали за нив.

-Сите ние луѓето си имаме свои проблеми и кога сите ние би се истресле на секого со своите маки оваа планета преку ноќ би се исушила од злоба завист и негативна енергија. Насмејтесе уште при будење, бидете добри со оние што ќе ги сретнете во текот на денот, понудете се за помош секому. Кога вака би се однесувале сите нема да има несреќни луѓе на планетава-тврди дедо Спасо.

За успех не ви требаат пари

-Советите на дедо Спасо велат и тоа, не се оптеретувајте со материјалното, оној што нема секогаш нема оној што се радува и на малце секогаш има но и не се оптеретува со небитни работи.

-Заборавете на политика, ефтини серии, лајф шоуа и слични ефтини турбо фолк гадости. Не мора да сте на опера или балет за да вие убаво, но сигурно нема убавина во обложовалница и касино. Бидете со луѓе и со оние кои ве прават среќни.

-Кога не ви е добро пропешачете, истрчајте некој километар извежбајте, („ отиди на тутунот“), поминете покрај река езеро море во природа и ќе ја осетите разликата веднаш. Дедо Спасо велеше „молитвата смирува внучкооо“, постот ја бистри главата од лоши мисли и смирува. А вие одберете било што што вам ќе ви донесе мир и спокој.

Дококу незнаеш од каде да почнеш, прашај

Линк за оние кои сакаат да откриваат

Затоа раздвижете се низ природа кога ви е тешко ама и кога не ви е. Дедо ќе речеше:

-На камен што се тркала нема мов

-Несреќите не држат непокретни

Стравот е чудна билка не ни дава да сме раат се додека ние го гоштеваме. Отстранете го и не се плашете да направите нешто ново нешто различно а добро за себе и своите.

 

 

Избери ја брзината и пакетот со кој што сакаш да почнеш

Коментирај

Your email address will not be published. Required fields are marked *