Леќа-јадење што треба често да се конзумира

Знаењето може само здравје да ви донесе

Леќа-билката од фамилијата на мешунките. Го одржува нивото ма шеќерот во крвта и е моќно средство за намалување на нивото на холестерол во истата.

Леќата (Lens culinaris) содржи голем дел на белковини и нутритивно е вредна храна.  Протеините од леќата, содржат есенцијални аминокиселини изолеуцин и лизин поради кои е вреден извор на белковини.

Леќата има 353 калории во 100 грама.

Кога се вари има енергетска вредност од 230 калории во 100 грама. Во сувата состојба (во 100 грама) содржи 60 грама јаглени хидрати (31 грам влакна). 26 грама белковини, еден грам маст, 10 грама вода и т н.

Археолошки ископувања во денешна Сирија дојдоа до херметички затворени садови со  леќа. Укажува на тоа дека леќата се сметала за вреден продукт од природата уште пред нашата ера.

Тешко е да се одреди кога точно оваа зрнеста храна станала примарна во исхраната на човекот. Но археолозите откриле голема продавница за зрнеста храна во склоп на антички локалитет кој датира од 6800 година пред нашата ера.

Со оглед на оваа долго патување низ историјата на човештвото, можеби е чудно што денес малкумина имаат свест за придобвките од редовното конзумирање леќа.

Леќата е богата со витамин Б1 и Б9, а од минералите содржи големи количини на железо, магнезиум, фосфор, манган, калиум и цинк.

Преставува мало и силно средство за намалување на нивото на холестеролот во крвта. Пред се благодарение на големото количество на диеталните влакна кои ги содржи,  растворливи  и нерастворливи.

Во исто време е одлично средство против запек како и во превенцијата на пореметување на варењето на храна како што е дивертикулоза и синдром на надразнати црева.

Црвена леќа – античка рецепта пренесена на модерната трпеза

Старите мудри народи од азијскиот континент ги препознавале сите придобивки од оваа скапоцена мешунка.Па и ден денес рецептите за вкусна подготвка на црвена леќа се дел од традицијата на тие простори.

Линк за старт за здрава исхрана.

Јадејќи леќа сметајте на бројни здравствени придобивки :

Намалување на нивото на холестерол – Леќата може да ја замислите како филтер на крвта. Бидејќи содржи високо ниво на растворливи влакна, леќата помага во намалување на нивото на холестерол, го намалува ризикот од срцеви заболување и мозочен удар.

Здраво срце – Леќата е одличен извор на фолна киселина и магнезиум, кои се од голема важност за виталноста на срцето. Фолната киселина го намалува нивото на хомоцистеин, сериозен фактор на ризик за срцеви заболувања. Магнезиумот го подобрува протокот на крв, кислород и хранливи материи во телото. Јадењето леќа ќе го задржи вашето срце среќно!

Мускулите бараат протеини

Протеин – Црвената леќа содржи највисоко ниво на протеин од сите мешункасти плодови. Една порција леќа содржи 17,8 грама протеин, износ што исполнува 40% од дневните потреби за протеин.

Дигестивен баланс –Леќата содржи растителни влакна кои помагаат да се негува и балансира  цревната флора , како и природно да се третираат други дигестивни нарушувања како нервозно дебело црево и дивертикулоза.

Губење на вишокот килограми – Црвената леќа е највисоко на листата на здрава храна според Светската здравствена организација. Покрај тоа е мешункаст производ со ниско ниво на калории и не содржи маснотии. Една порција варена леќа содржи околу 230 калории, но сепак дава чувство на целосна ситост .

Стабилен шеќер во крвта – Гликемискиот индекс, мерката за влијанието од храната врз крвниот шеќер, од црвената леќа е многу низок. Едно истражување на научниците од Универзитетот во Тороното во 1988 година откри следното : -дека учесниците во студијата кои јаделе црвена леќа за вечера  имале регулирано ниво на шеќер во крвта во текот на следниот ден. Линк за повече информации.

Внесувањето на храна со низок гликемиски индекс резултира со домино ефект, кој трајно ја подобрува енергетската ефикасност во текот на последователните оброци. Со тек на време, вклучувајќи почесто црвена леќа во исхраната, дијабетичарите успеваат да  постигнат балансираност во нивото на шеќер во крвта.

Енергија – Црвената леќа е исклучителен извор на железо. Особено им се препорачува на жени во периодот на месечниот циклус, кога се изложени на дефицит на железо во крвта.

Се смета дека е далеку поздрава и од црвеното месо, затоа што за разлика од месото не содржи калории и масти. Хемоглобинот е составен дел од ензимскииот систем за производство на енергија и забрзување на метаболизмот,. Така што порција вкусно приготвена леќа е секогаш добра идеја.

Здравјето најлесно е да го сочувате кога сте информирани, Дознајте повеќе за здравиот начин на исхрана на нашиот сајт.

 

Избери ја брзината и пакетот со кој што сакаш да почнеш

Коментирај

Your email address will not be published. Required fields are marked *