Книга- пријател за лек за душа и мозочни вијуги

Да лоцираме каде се нашите „малери и грешки“

Книга- физички: збир  кога повеќе кога помалце на листови хартија со штампани букви на себе. Воглавном црно бели и без многу слики. За повеќето битија на планетава -не интересно.

Како тоа да постои паралела помеќу овие штампани хартиени предмети и малерозниот тек на животот на некои единки? Што ли има заедничко па се поврзани со нераскинлива врпца?

Поединци скарани со нејзиното величество обично, всушност многу често се агресивни и избувливи карактери. Скараниве немаат толеранција за дијалог, за врска, за љубов. Многу често и лесно се распознаваат и двојат од околината. Но и онака тие не се дел од нашиот интерес.

Нас не интересираат оние вљубениците во нејзиното величество Книга-Нејзините верни фанови, следбеници и подржувачи. Оние кои и во ерата на дигитализацијата докажаа колку вреди нејзиното величество, колку силен импакт има на секое битие.

Во овој текст ќе пробаме на оние кои се во дилема дали да ја дружат книгата или не, им доловиме колку би добиле кога би ја имале покрај себе. За да стартуваме само накратко ќе ви изложиме неколку факти:

-Шахистите во просек живеат 14 години подолго од сите други професии. Докажано дека се служат интезивно со мозокот и дека им е активен во текот на целиот ден, а не ги боли глава 🙂

-Рецензенти на книги и големи читатели во просек имаат 20% подобро здравје од оние кои не читаат воопшто. Докажано поради информираноста, правилната исхрана и еко свест….

-Љубителите на книга се посреќни од останатите, само поради фактот што укажува на тоа дека од читањето ја имаат совладано вештината како да се живее животот подобро. Истите овие со огромен процент заработуваат повеќе од оние кои со книгата се на … рафт и на килограм. Линк за стории.

Поголема заработка оди со поголема информираност а оваа со многу книги

Книга VS месечна заработка? Оваа дилема ја имаат само оние кои не се во дружба со книгата.

Она што читањето книга му овозможува на човек е да прво совлада многу вештини. Една од поважните е и говорот и водењето дијалог со секого па и со работодавачот. Писменоста е основен предуслов денес за да тропнете на вратата на можности.

Читањето ги развива оние мозочни вијуги кои се пресудни во донесување одлуки и брзината со која се справувате со околината. Читањето книга овозможува да целосно се изразите пред своите надлежни, пред својата фамилија и пред својот сакан.

Луѓето љубители на книгата вообичаено работат тоа што сакаат и секогаш се добро платени. тие оддамна го поминале делот за личен развој и самосвест. Луѓето покрај книгата ја имаат совладано и најважната вештина, да побараш и прочиташ за се што незнаеш. Овде непостои зборот „ ме мрзи “ или „кој ќе чита сега“ 🙂

Нејзиното величество секогаш умее да ни извади од себе промисла, анегдота и изрека во вистински момент како нашиот впечаток бил на висина.

Мислите речениците оние штампани букви без слики секогаш наоѓаат свое место кога на помладите ќе сакате да им дадете совет да е краток впечатлив и да остане во нивно сеќавање.

Штампаните букви умеат и да развеселат ваш пријател кога му е тешко, да му најдат решение за проблемот кога е во него. Линк за третиот чамец.

Моѓта на штампаните букви без слики

Книга како поклон за драга личност-трајно и бесценето решение.

Во оваа збирштина од хартија букви има секогаш решение за вашите сакани. Постојат типчиња кои од некаде се здобиле со моќ да преку букви и хартија без слики доловат емоции и се искажат целосно. Кога тие мисли ќе допрат до вас ќе ја добиете потребната сила да на саканиот му ги покажете вашите емоции. Да тоа трае и биде искрено и вистинско. И да трае, да се зголемува, станува појако и послино.

Ако неумете да сумирате ќе ми биде задоволство да го сторам јас тоа место вас.

Книга покрај мене секаде и секогаш, како препород одеднаш и здравјето ме служи, одеднаш умеам да се изборам за себе, да сработам подобро и ме наградат за тоа многу добро.

Одеднаш убавината е надвор од електронските уреди и е пред нашите очи. Некако вистинските вредности доаѓаат на свое место и моето расудување е исправно. Попат некако се почесто се смеам, со молк успевам да кажам многу и во музиката да чујам нечуени досега ноти.

Се почесто сакам некому да учинам добро ете така за да му е добро. За да се насмее, за да види дека мож и тој. Одеднаш сите околу вас се убави и добри. Дадете Се, нека бидат среќни

И доколку дојдовте до овие редови на текстот а не решивте да се дружите со нејзиното величество, пуштете си турбо фолк и нека страниците ваши бидат со слики, во боја.

 

 

Избери ја брзината и пакетот со кој што сакаш да почнеш

Коментирај

Your email address will not be published. Required fields are marked *