Бобинки плодови за долговечен и здрав живот

Секојдневна доза на чисто здравје

Бобинки се плодови кои на нашето поднебје ги има во изобилие, а се толку многу добри за нашиот организам. А за вкусот не треба да се трошат зборови.

Бобинките се плодови чиишто три слоја на перикарпот се сочни, и вкусни.

Бобинки се плодовите на виновата лоза, рибизлата, доматот. Линк од Бобинки

Брзото темпо на живот и многубројните обврски оставаат се помалку време за домашно зготвена храна, па често посегнуваме по брза, нездрава храна полна со заситени масти, непотребни калории и ниски нутритивни вредности.

Забораваме на фактот дека изборот на оброците не е важен само за добрата линија, туку за здравјето и за срцето.
Намирници кои го одржуваат срцето во топ форма, а се толку достапни, вкусни и здрави се и бобикнките.

Боровница, јагоди, малини, рибизли… изборот е ваш. Тие го одржуваат добриот холестерол, а го снижуваат лошиот вклучувајќи го и крвниот притисок. Богати со антиоксиданси кои го штитат срцето и избилство на хранливи материи, ова овошје е одличен избор.

Канче бабунки на ден загарантиран долг живот

Закључокот е дека доколку му посакувате се најдобро на вашето срце, тогаш секојден посегнете бар по една чаша бобинки. Линк и за како да стартувате. Еве неколку и накусо зошто:

 1.БрусницаБрусницата е богата со витамин Ц и е одличен антиоксиданс. Ако имате проблеми со уринарниот тракт, брусницата е храна за вас. Тие се добри за рак и ги штитат нашите заби од кариес. Резултатите од една студија во САД покажаа дека сокот од брусница може да го подобри здравјето на васкуларните места.

2.Малина – Даваат енергија, и заради изобилството на витамин Ц, тие имаат силен антиоксиданс ефект. Тие исто така содржат фолна киселина, калциум и магнезиум. Богата со целулозни влакна (7g / 100g).

Малината е одлична против затнувањето во кардиоваскуларниот систем. Може да уживате во малини без страв дека ќе се здебелите, бидејќи тие се со малку енергија, содржат претежно вода,  јаглехидрати и протеини.

Интезивната црвена боја на малини потекнува од антоцијан, за кои е докажано дека го штитат човечкото тело од штетните ефекти на слободните радикали.

3. Капини – Овие вкусни бобинки изобилуваат со полифеноли кои помагаат да се спречат кардиоваскуларните заболувања, па дури и ракот. Во споредба со другите овошја, тие исто така содржат голема количина на растителни влакна: една чаша има 7 грама влакна (препорачаната дневна количина е од 25 до 35 грама).

Капините се исто така богати со витамин Ц и содржат малку железо, калциум и витамин А.

4. Акаи бобинки – Кога станува збор за акаи бобинки, ова овошје одамна го заслижи статусот на „супер храна“.

Покрај подобрувањето на циркулацијата и варењето, акаи бобинките се меѓу најдобрите членови на бобинки, кои веќе се попрскани со хранливи состојки.

Според студијата објавена во списанието Nutrition, бобинки со необично име се одлични и за регулирање на холестеролот.

Една чаша мешавина на ден и разликите се видливи веднаш

5.Аронијата – (Aronia melanocarоa), претставува грмушка која расте до 2 метра во висина. Нејзините плодови се ситни, мали, темносини бобинки, собрани во гроздови од по 10 – 15 бобинки. Наликува на боровница. Потекнува од Северна Америка, од каде што дошла во Европа.

Изворот на витамини е огромен почнувајќи од витаминот А, Ц, Р, Б9, Б6, Б2, Е заедно со минералите како калциум, калај, железо, манган, јод, фосфор. Ваквата содржина е доволен доказ дека зборуваме за вистинска витаминска бомба.

6. Боровница – Овие ситни плодови се вистински рудник на антиоксиданти, витамини и минерали, особено калциум, фосфор и железо и витамин Ц. Овие вкусни плодови се препорачуваат во превенција на разни болести како што се крвни заболувања, срцеви заболувања, регулирање на шеќер и маснотии. Болести на уринарниот тракт, карцином и слично.

Боровинките имаат и уникатно влијание врз човековата мрежница, мозокот и клетките на туморот, добра вест е дека ова вкусно овошје исто така има позитивен ефект врз заболувањата на црниот дроб.

7. Јагоди – Покрај тоа што се омилено овошје на многумина, слатките црвени јагоди станаа супер овошје кое го препознава модерната медицина. Тие се богати со антиинфламаторни и анти-канцерогени состојки, бидејќи содржат многу антиоксиданти, флавоноиди, полифеноли, фитонутриенти и влакна.

Тие помагаат да се забрза метаболизмот и да се намали вашиот апетит, а во исто време јагодите можат да бидат од голема помош за вашето срце. Јагодите и другите овошја богати со витамин Ц помагаат да се спречи старосната макуларна дегенерација.

Овие бабунки се навистона препород за секое тело. Дозволете си ја и вие убавината на смутито со воие плодови. Линк за смути.

Додатоците во исхраната се само пополнувачи на празнината што ја имате не користејќи ги сите овие плодови. Не секогаш на трпезата ги имаме. Затоа имајте ги и додатоците како би биле само вие заслужни за вашето сдравје

 

Избери ја брзината и пакетот со кој што сакаш да почнеш

Коментирај

Your email address will not be published. Required fields are marked *