Фолиранти-изминува нивното време засекогаш

Времето на вистински морални вредности доаѓа

Фолиранти како поим за мали никакви типчиња, што би рекол другар ми Швецо: „Жгољави“, кои не умеат ништо а кажуваат дека се знаат. Кои вообичаено се распознаваат многу лесно.

„Едвај чекам моралот и поштењето да дојдат пак на сцена“-Denzel Washington

Во друштво се секогаш најгласни, кога се расправаат секогаш го повишуваат својот глас и секогаш имаат што да додадат. Скарани се со слушањето, книгите, науката, логиката а и толеранцијата…

Својата улога на „Да не си свој“ ја тераат и на јаве и на сон. Во нивните „пријателства“ се секогаш во право, секогаш тие се нај и кога треба да се помага секогаш имаат некаква операција хитна, неодложна.

Во бизнисот газат на се преку себе со убедување дека ви помагаат и за ваше добро ве газат, не плаќаат и нивниот бизнис или работно место е она најзахтевното најдоброто и не може секој тоа што тие го можат.

Доколку сакате да ги избегнете со гаранција, подалеку од политичари, таму ги има  во огромен број.

Таквите политичари ги исцрпуваат своите сограѓани до максимум и на сметка на патриотизам, пропаганда и лаги ги правдаат своите профитерски постапки. А кога ке ги стигне законот тогаш почнуваат со лигавење и плачење како сите биле против нив и како биле наместени.

Без никаква намера да посочуваме некого само ги набројуваме нивните карактеристики и места. Бидејќи овие Фолиранти не бираат име на партија или здружение, тоа не им е важно, нивниот личен интерес е на 1. место.

Семејството како столб на општеството но не и за нив

Фолиранти во семејството се однесуваат како и секаде. За нив тоа не е посебна територија. И тука имаат потреба да извртат вистини, да насочат на своја половина добри туѓи дела и да сокријат свој дел од мрзата и немарноста.

„Како мачка со опашката“ е опис за нив во домот и под нивните килими и черги ќе најдете секогаш купишта застарени проблеми и нивни обврски.

Вообичаено тие никогаш нити раскреваат нити чистат по дома а не пак да земат да готват.

А кога од бруки ќе земат да се одглават тоа го прават да сите го видат.

Кога тие ќе фатат да средуваат тогаш нема одмор за сите по дома, тогаш сите се на штрек, сите примаат критики. И за тоа ќе се збори барем месец дена после тоа. Попат пак нема да е сработено како треба , бидејќи незнаат како.

Доколку решат да одглумат грижа па да зготват нешто, тоа вообичаено е повеќе „дара него масла“. Повеќе испрљано и подзагорено пропратено со „гунџање“ цело време.

Врста пред изумирање

Фолиранти имало и ќе има, но нивното време изминува бидејќи не се во можност да своите нестварни илизуу ги продаваат вечно. Нивните животи вообичаено се распаднати како и семејствата.

Остануваат на крајот од патот сами.

Целта на оваа сторија никако не е да се испљукаат или навредат, тоа не е можмо тие никогаш и не би го читале ова. Целта е на оние кои тоа не се да им помогнеме да ги разоткријат а со тоа и навреме одбранат од нивното малтретирање.

Да на време ги согледаат а со тоа и на време пробаат да им помогнат. Помогнат да сватат дека се врста пред изумирање. Поколенијата никако нема да ги прифатат и доколку има во нив малце трунка смисол, да стартуваат со промени.

Овие типчиња нема никогаш да ги видите во верските храмови. Таму е потребна чиста совест душа. таму е потребна исповед, пост. Тие тоа не би можеле да го надминат и прифатат. Никако не мислиме дека атеистите се ист калибар ама фолиранти и вистински верници не одат заедно.

Неизбежна промена

Фолиранти кои не се скроз забегани со својот филм секогаш имаат шанси да се вратат во нормала. Помогнете им да стартуваат со промена. Промена на начин на живот, од исхрана, до движење, хоби и работа.

Може и те како да се направат промени само кога се сака.

Оној кој знае зошто знае и како.

Детоксикацијата започнува однвнатре прво, а потоа и однадвор. Спорт рекреација, воздух добра книга и опкружување со добри луѓе и квалитетни фини долги разговори. Линк за како…

Целината е здрава исхрана, вода, кислород рекреација, книга и добри луѓе околу себе.

П.С. Препорачливо е да се избегнува телевизија целосно. Ако веќе имате преоден период тогаш под хитно исфрлете од вашиот живот вести и политички дебати. Од социјалните мрежи исфрлете ги типчињата околу вас што пропагираат политички став и бескичмено ги рекламираат своите лидери.

Направете си Алкална средина околу себе.

 

Избери ја брзината и пакетот со кој што сакаш да почнеш

Коментирај

Your email address will not be published. Required fields are marked *