Телесни маснотии – колку се навистина штетни?

Мрсно, маснотии, сало, чварки, маслец, мишелинка…

Телесни маснотии се неопходни за живот на еден организам.

Секој човек, колку и да е слаб, мора да има одреден процент на телесна маст.

Без телесните маснотии, одредени витамини и минерали не можат да се апсорбираат во организмот. Некои хормони не можат да се произведат, а имаат важна репродуктивна функциа.

Во телесните мастите се чува енергија. Мастите ја регулираат телесната температура и сè одговорни за многу други механизми во човечкото тело.

Трчањето е најефикасниот начин за да се намали стомакот, каде телесни маснотии има најмногу.

Процентот на маснотии на телото е показател за количината на маснотии на лицето и се изразува во проценти. Овој процент е поголем кај жените отколку кај мажите, пред се заради раѓање, хормонални и други функции.

Кај мажите е потребно да се има 3-5% маснотии, додека кај жените овој процент е 9-12%. Мастите во организмот се чуваат во поткожното масно ткиво.

Масните наслаги имаат заштитна функција околу внатрешните органи.

Намалувањето на маснотиите во телото, или отстранување на вишокот килограми, е сериозен предизвик за секого.

Потребно е да се направат многу промени за да се постигнете вашата посакувана цел.

Непостои брз начин за намалување на килограми.

Постојат исправни и неисправни начини за намалување. Неисправните се секогаш и штетни.

Наслагите од телесни масти во организмот се вишок маснотии – последица од месеци и месеци внесување вишок калории. Нашето тело природно ја чува оваа вишок енергија од вишокот храна и ја остава во шпајзот (стомак, колкови бутини…).

Вишокот на енергија не може да се отстрани од телото

– енергијата од храната мора или да се троши или да се чува во маснотии!

телесни масти

Количината на енергија (kcal) преку исхраната што ја внесуваме, делумно се  трошени за да се задоволат дневните енергетски потреби на органите.

Количината  што ги надминува дневните потреби за енергија, го насочува телото во друга насока. Енергијата што не се троши мора да се искористи на некој начин, затоа што едноставно не може да исчезне. Секоја вишок енергија што нашето тело не троши, се депонира како складирање на енергија за некои идни цели. Тоа е природен механизам кој е генетски вграден.

Механизмот што го имаат сите животни е вграден за опстанок. Енергетските складишта го обезбедуваат изворот на енергија на организмот во денови кога нема храна.

Животните во есен ги акумулираат енергетските складишта што ги користат во зимските месеци. Овие  масни наслаги предизвикуваат многу маки кај луѓето кои се грижат за нивното здравје.
Минималниот процент на маснотии што не треба да се надмине кај мажи и жени има неколку категории.

Повеќе или помалку точно претставени во оваа табела

 

жени мажи
Масти неопходни за живот 10–12% 2–4%
За атлетичари 14–20% 6–13%
За рекреативци 21–24% 14–17%
За физички неактивни 5–31% 18–25%
Замногу ухранети 32-41% 26-37%
За дебели особи 42%+ 38%+

Зошто е потребно да имате поголем процент на маснотии отколку што е потребно?

Првенствено затоа што маснотијата исто така се користи како енергија, односно гориво, кога е потребно. Врвните атлетичари имаат пониски резерви на маснотии отколку помалку ангажираните спортисти.

За да можат бодибилдерите да бидат поуспешни, тие обично темпираат да го задржат процентот на маснотии на минимум потребниот на натпреварите. Да, тогаш изгледаат совршени, но тие се претерано без масти, така што оваа состојба не може да трае долго.

Процентите на маснотии се утврдуваат на неколку начини.Процентот на телесна маст (БФ) е единствениот показател за телото што не ги зема предвид тежината и висината, сосема спротивно на друг индикатор, индекс на телесна маса (BMI).

Како да се отстрани вишокот маснотии од телото?

Телесни маснотии во вишок процент е добро да се намалат.
Отстранувањето на маснотиите е процес кој одзема време и промени во животните навики.

Неопходно е да се намали внесот на енергија и да се зголеми потрошувачката на претходно зачувани калории (маснотии).

Потребни се следното:
1. постепено слабеење
2. менување на исхраната
3. зголемување на физичката активност

-многу, многу вода

Покрај намалениот внес на калории – успехот е загарантиран само со зголемена потрошувачка на калории! Непрекинато движење кога е можно (скали наместо лифтови, пешачење наместо транспорт, домашни работи …) – Искористете ја секоја можност да се движите.

1-2 x дневно одење од 1 ч до 1,30 ч со умерено темпо (60-70% HRmax, односно максимален пулс ).

Овој вид активност е докажано дека е најдобар за топење на маснотиите. Исто така, утринска прошетка со Интервално пешачење по мин 30 мин силно ги топи маснотии …. Исто така, препорачливо е да вежбате во теретана 3 х неделно со мали тежини, голем број повторувања, голем број вежби.

Избери ја брзината и пакетот со кој што сакаш да почнеш

Коментирај

Your email address will not be published. Required fields are marked *