Истрајност-како со цигарите, со факултетот, со работата…
Откажувањето и истрајноста до крај некогаш се на иста страна
Истрајност во намера на зацртан план и идеја, во намера за подобра здравствена и психофизичка состојба,во давање себеси на друг…
Истрајност во она што навистина го сакате и никако во нешто друго. Кога мислиме на нешто друго, истрајноста никако не ја поистоветуваме со нешто што треба да го сторите а нее по ваша желба.
Упорност и издржливост само кај случаеви каде сте вие дел од нив а не каде некој друг одлучува.
Откажувањето како спротивност од истрајноста пак се евидентира таму каде вољата била слаба и недоволна јака.
Откажувањето на самиот почеток од идејата и не е толку страшно и би го ставиле во графата „погрешна проценка“. Но откажување при крај на остварување на идејата или замислата е веќе нешто што треба да ве загрижи и замисли.
Овие вторите се потрауматични и повеќе болни. Сакале вие или не остануваат и се паметат цел живот.
Цело е кога има се
Истрајноста може да биде олесната и отежната и двете варијанти зависат многу од вашето опкружување. Ако имате околу себе луѓе кои ве ценат разбираат и сакаат тогаш е се полесно. Но, она тешкото НО ако имате околу себе негативци. Недоволно образовани и начитани фацки и зајадливи роднини идејата е многу тешка за остварување . Истрајноста треба да има нерви од челична сајла.
Така при одлуки со регулирање на тежина, откажување цигари, менување навики , спорт, рекреација, забава и образовни циклуци, од дипломски, магистарски па и докторати, истрајност мора.
Истрајноста често грешно се поистоветува со забегување во алкохол, дроги, спортски обложовалници, коцкарници и неморал. Тоа е само изговор, истрајност не е ако редовно ги правите овие пороци НИКАКО.
Истрајноста во сакањето некого
Истрајност и тука е потребна за да се биде толерантен истраен до крај како би било двострано задоволство. Но не истрајност поради ред или традиција, срам и „што ке кажат комшиите“. Истрајноста во љубовта треба да е правопропорцијана со укажување внимание, искажување редовно чувства, внимание мали ситници кои прават разлика.
Давањето дел од себе на саканиот е рецепт за долготајна врска и среќа во неа, така бар велат оние искусните пријатели на дедо Арсение. Цвет, било каков поклон, најситен до најоткачен, нека е внимание но секој ден…Ќе ви се врати со иста мерка и ќе видите дека Даденото е секогаш помалце Примено.
Бизнисот и упорноста
Истрајност и во работата е предуслов за плус среќа во животот. Истрајност во навиките на работење а не забушавање, желбата да се стане подобар, повешт и поуспешен води кон истрајност на долги стази.
Посебно кога работите сами за себе, кога никому не морате да поднесувате рачун и извештај а морате да бидете од ден на ден се подобри и поуспешни. Ние во нашта група овие вештини успешно ги совладуваме со сите нови членови затоа што преку искуства лични доловуваме како ДА и како НЕ треба.
Денес е најлесно да се откажеш, нема ништо нити позитивно во тоа нити модерно.
Можете и вие, ако во моментов не ви е како треба да најдете нечии очи кои ќе ве охрабрат, најдете некој кој со збор ќе ве охрабри и подбутне. Најдете си го вашето ЗОШТО и веднаш ќе го увидите КАКО.