Киселини во желудник- како да се отстранат?

Како да излезете на крај со киселините

Киселини во желудник е нешто што може да ви го упропасти денот неделата а и животот.

Киселоста во желудникот се изразува со единацата pH, на скала со ранг од 0 до 14.

Колку е помала pH вредноста толку е повисока киселоста. Најздравите луѓе имаат желудочна киселина со многу мала вредност — вообичаено од 1.5–2 — тоа е вусшност хлороводородна киселина (попозната како солна киселина што се користи во домаќинства за чистење).

Тоа е 50–100 пати поголема киселост од лимон.

Киселини во желудник ти треба затоа што го стартува процесот на варење на храната.

Попат ги убива сите непотребни бактерии кои можат да те разболат.

Киселините во желудникот се симптом на болести во дигестивниот систем или на несоодветна исхрана кои се проследени со непријатно печење и болка зад градната коска. Може и со сода.

И за нив постои олеснување и решение.

Храната што  ја јадеме  не е покисела од киселоста на желудочниот сок. На пример портокалот има pH вредност од 3.5–4. Патлиџанот има вредност од 4.5–5. Можеби ќе речеш кафето прави проблем, но всушност тоа има вредност 5, исто колку и една банана.

Јаболковиот оцет има pH вредност исто колку и свежи боровинки — околу 3.1

Може да ги добиете следните симптоми:

-непријатно чуство и подуеност во стомакот

-непријатен здив од устата

-исушена уста и суви усни,

-мачнини во делот на стомакот

-чувство на киселост во усната празнина,

-печење и болка во желудникот и грлото,

-напади на болка

Храна која ги смирува киселините во желудникот

Киселини во желудник знаат да предизвикаат сериозни проблеми. ви препорачуваме да во исхраната ги внесувате овие намирници како би го ублажиле проблемот а внесувањето на што повеќе алкална храна ќе го реши трајно проблемот. Линк за детали.

Кефир и алое

Лажица сок од алое вера измешајте со кефир и изедете за појадок. Оваа одлична комбинација која го смирува системот за варење, а покрај тоа е мошне вкусна.

Чај од ѓумбир

Зовријте во вода исчистен и исечкан корен ѓумбир (со големина на палец), оставете го да отстои 10-тина минути, па испијте. Оваа напивка е делотворна против разни видови воспаленија, а ќе ги смири и киселините во желудникот.

Коморач

Во врела вода ставете две лажици семки од коморач. Оставете да отстои половина час, зачинете со мед и испијте. По консумирањето на оваа напивка ќе немате проблеми со киселините во желудникот.

Овесни снегулки

Иритираниот желудник сака храна богата со прехранбени влакна како овесни снегулки. Наутро почнете со чинија снегулки кои ќе ви дадат енергија во текот на денот и ќе ја згаснат секоја евентуална болка.

Банани

Ако ги чувствувате симптомите на непријатните киселини во желудникот, изедете банана. Ова тропско овошје содржи минимални количини киселини, па така го штитат и смируваат надразнетиот желудник.

Лиснат зеленчук

Со зеленчукот е тешко да згрешите. Јадете што повеќе лиснат зеленчук како целер, брокули, карфиол и аспарагус кое содржи малку киселини па се добри во борбата против желудочните киселини.

Бадемово млеко

Оваа здрава алтернатива на класичното кравјо или козјо млеко помага во неутрализирање на киселините во желудникот. Со бадемовото млеко изматете „смути“ во кое секако додадете јагоди, банани и спанаќ.

Додатни совети од искуство на нашите консументи:

-пробајте да се рашетате малце, да стартувате со лесни па и позахтевни вежби.
-поминете повеќе време на места со чист воздух.
Ншите велнес тренери во стојат на располагање за повеќе информации.

Избери ја брзината и пакетот со кој што сакаш да почнеш

Коментирај

Your email address will not be published. Required fields are marked *