Срцеви проблеми и совети за решение

Информација плус за срцето е секогаш добродојдена

Срцеви проблеми помалку или повеќе имаат сите, од раѓање до старост, од здравствени до оние романтичните.

Срцето е витален орган, главен двигател на крвотокот, кое со своите контракции ја пумпа крвта низ целото тело. Срцето е центар на кардиоваскуларниот систем.

Било какво пореметување во работата на срцето го означуваме како болест на срцето. Кардиоваскуларната болест е група на проблеми која се јавува кога срцето и крвните садови не работат на начин на кој би требало да работат.

Само во Америка годично умираат 610000 луѓе покажа нивниот Истражувачкиот Центар за контрола и превенција на болести . Мажите и жените имаат подеднакви предиспозиции за болести на срцето, меѓутоа, постојат многу знаци кои се предупредувачки и корисни за да на време превземете превенција.

Срцеви проблеми може да се јават во која било животна доба, од раѓање до доцна старост.

Знаци за срцеви заболувања

Кои се најчестите 6 знаци за Срцеви проблеми, на коишто треба да обрнете многу внимание додека не е доцна.

-Неконтролирана кашлица

-Намален апетит

-Бледост на кожата и осип

-Отечени нозе и стапала

-Губење на свеста

-Екстремна анксиозностСите овие знаци доколку ги увидите на себе не мора да значи дека срцето ви откажува. Доволни симптоми за да го посетите вашиот матичен лекар.

Ризик-фактори

Има два вида ризик-фактори, оние на кои не можеме да влијаеме: полот, годините, семејната историја на болести и тие на кои можеме да влијаеме:

покачен холестерол, шеќерна болест, висок  притисок, стрес, прекумерна употреба на алкохол, дебелина, пушење, физичка неактивност, лоша исхрана.

Вредности на крвниот притисок

Срцеви проблеми зависат многу од самиот крвен притисок. еве кои се неговите нормални вредности.

-оптимален артериски крвен притисок: систолен < 120 mmHg и дијастолен < 80 mmHg,

-нормален артериски крвен притисок: систолен 120-129 mmHg и/или дијастолен 80-84 mmHg,

-висок-нормален артериски крвен притисок: систолен 130-139 mmHg и/или дијастолен 85-89 mmHg.

Еве совети за превенција на срцевите болести

Срцеви проблеми може да се сведат на минимум ако превентивно превземете неколку едноставни чекори.

  1. Хранете се здраво. Исхраната богата со зеленчук, овошје, цели зрна, млечни производи со мал процент на масти или риба е одличен избор за превенција на срцеви болести. Треба да се избегнуваат големи количини на сол и шеќер. Обидете се да ги ограничите или да ги избегнете заситените и транс масти (пржена храна, пекарски печива, брза храна, грицки како што се чипс и крекери). Потребно е да се води сметка колку алкохол пиете.
  2. Не пушете и не користете тутун.
  3. Бидете физички активни. Потребно е умерено вежбање, како што е брзо одење, пливање и тоа околу 30 минути неколку пати во неделата.
  4. Имајте квалитетен сон. Повеќето возрасни треба секоја ноќ да имаат од 7 до 9 часа сон. Лицата кои немаат доволно сон имаат поголем ризик од дебелина, висок притисок, срцев удар, дијабетес, депресија. Ако чувствувате дека сте спиеле доволно, но сè уште сте уморни во текот на денот, посетете лекар за да направи процена за опструктивна апнеа.
  5. Одржувајте здрава телесна тежина. Ова е исклучително важно!
  6. Контролирајте го стресот подразбира пронаоѓање алтернативни начини кои може да помогнат да го подобрите своето здравје. Некои од начините може да бидат физичка активност или вежби за релаксација.
  7. Лекарски прегледи се од исклучителна корист. Таквите прегледи му помагаат на лекарот врз основа на лабораториските анализи, мерење на крвниот притисок, неинвазивни дијагностички методи како што е ултразвук на срце, стомак, да ја дијагностицира болеста и адекватно да ја лекува.

 Закључокот ќе си го донесете сами

Срцеви проблеми е најлесно да ги имаш, доволно е да не се сакаш доволно, да не внимаваш на себе. Доколку е причината во неинформираност, можеме да ви помогнеме.

Информирајте се зошто Herbalife ги има најдобрите превентивни производи за срце за срцеви проблеми. Нашите доктори се Нобеловци знаат што навистина ни треба.

Промените во животот за подобро здравје се секогаш добродојдени. Направете го тоа додека е време. Линк за тоа дека може и кога и да е во животот, промената на добро е секогаш добра.

 

Избери ја брзината и пакетот со кој што сакаш да почнеш

2 thoughts on “Срцеви проблеми и совети за решение

Коментирај

Your email address will not be published. Required fields are marked *