Анатомија на срце – за поздрави и подолги отчукувања

Колку подобро го познаваш толку е поздраво

Анатомија на срце како би го запознале двигателот на нашето тело.

Срцето е главен орган на системот за крвоток.

Тој е шуплив мускулен орган, сместен во предниот дел на средноградието (mediastinum) обвиткано со својата ќеса (pericardium). Srce

Централно поставено е и косо, одозгора надолу.    Напред, поради стернумот, се наоѓа десната комора со а.pulmonalis, a левата комора со аортата позади и лево.

Срцето со коренот на големите крвни садови се наоѓа во срцевата кеса.  Која има два листа, од кои надворешниот е подебел а внатрешниот потанок и навлегува во срцевиот мускул.
SrceСрцевиот зид е има три слоја:

внатрешен, среден и надворешен.

Внатрешноит слој или ендокард (endocardium) е слој од ендотел под кој мускулните снопови формираат издигнувања во вид на гредички или столб.

Средниот слој миокард (miocardium) е мускулен слој и е најдебел.

Надворешниот слој или епикард (epicardium) е составен од епител, сврзно ткиво и масно ткиво.

Во Анатомија на срце со надолжната преграда срцето е поделено на лева и десна половина, па клиничарите го именуваат како десно и лево срце.

Срцето има четири шуплини.

-Две преткомори (atrium), лева и десна, меѓусебно потполно одвоени со преткоморска преграда (septum interatrialis).

-Две комори (ventrikulus), лева и десна одвоени со коморска преграда (septum interventricularis). Десната преткомора (atrium dextrum) ја прима венската крв преку две шупливи вени, горна и долна, како и венска крв од самото срце преку венскиот синус (sinus coronarius). Десната преткомора комуницира со десната комора преку десен преткоморно коморен отвор.

Анатомија на срце за да е појасно како и каде.

На отворот се наоѓа трилистен залисток кој го спречува враќањето на крвта во преткомората. На коморната страна од залистоците се припојуваат тетивните влакна од папиларните мускули. Десната комора (ventriculus dexter) наликува на тристрана пирамида со базата свртена кон преткомората. На нејзината база се наоѓаат два отвора, едниот е атриовентрикуларен отвор, а другиот е отворот на белодробното стебло.

На него се наоѓаат три полумесечести залистоци кои го оневозможуваат враќањето на крвта во десната комора.

Одкомра во комора…

Од десната комора излегува белодробното стебло кое ја носи крвта во белите дробови. Левата преткомора (atrium sinistrum) ја прима артериската крв од белите дробови преку четирите белодробни вени. Преткомората комуницира со левата комора преку лев преткоморнокоморен отвор, на кој се наоѓа дволистен залисток.

Анатомија на срце за да се научат која комора за што служи….

Левата комора (ventriculus sinister) на базата има исто така два отвора. Едниот е левиот атриовентрикуларен отвор, а друѓиот е отворот за аортата, снабден со полумесечести валвули. Од левата комора тргнува аортата која ја разнесува крвта по целото тело.
Функционално, десната преткомора и комората прават една целина, како и лавата преткомора со комората. Коморите и преткоморите меѓусебно се поврзани со преткоморски-коморски отвори, кои во моментот на срцевото мирување (дијастола) се отворени, а во текот на срцевата контракција (систола), затворени со помош на вавули.

-Од десната страна се наоѓа трикуспидалниот валвуларен апарат, кој се состои од фиброзен прстен, три листа, хорди и папиларни (валавуларни) мускули.

-Од левата страна исто така постои сличен апарат, само тој има два листа и се нарекува митрална валвула. Валвулите спречуваат крвта да се врати во преткоморите за време на контракцијата на коморите.

Во десната преткомора се влеваат горната и долната шупла вена и вените на срцето. Кога крвта ќе помине од десната преткомора во десната комора низ преткоморнокоморниот отвор е исфрлена во а.pulmonalis.

…валвулите спречуваат крвта да се врати…

На отворите на а.pulmonalis и аортата има слични валвули, секоја од нив има три полумесечести ливчиња. Вака градени валвулите спречуваат крвта да се врати од а.pulmonalis во десната, односно левата комора.

Од белите дробови крвта во левата преткомора ја донесуваат четирите белодробни вени, потоа крвта од левата преткомора низ левиот преткоморнокоморен отвор стигнува во левата комора, а оттаму преку аортниот отвор во аортата.

Анатомија на срце за да се види како струи крвта.

Нормалното струење на крвта зависи од правилното функционирање на сите валвули.
Срцето има фиброзен скелет за кој се прицврстени преткоморните мускули, коморните мускули и валвуларноит апарат.

Мускулатурата на преткоморите и коморите е раздвоена, а на левата комора е подебела. Срцевиот мускул се состои од неколку слоеви различно поставени мускулни напречно пругасти влакна што му овозможува поефикасна функција.

Во срцето постојат и специјализирани клетки кои ги пренесуваат електричните импулси од синусниот чвор кој се наоѓа во десната петкомора. Срцето автоматски контрахира бидејќи добива електрични импулси од синусниот чвор.

Електричните импулси се создаваат…

Овие импулси се пренесуваат на преткоморите кои се контрахираат, оттаму импулсите се пренесуваат на преткоморно-коморниот чвор и со помош на спроводните влакна до самиот мускул кој исто така се контрахира.

Електричните импулси се создаваат по пат на сложени електрохемиски процеси. Создавањето и спроведувањето на импулси доведува до настанување на слаби електрични струи кои се шират по целото тело.

Анатомија на срце за да се осознаат импулсите кои даваат живот и 100 години.

Електричната активност на срцето може да се регистрира на површината на телото, графички со помош на ЕКГ. Слојот на клетки кои од внатрешната страна ги обложуваат шуплините на срцето се нарекува ендокард.
За срцето нормално да функционира неопходно е неговиот мускул да биде снабден со доволна количина крв. Срцевиот мускул добива крв преку двете коронарни артерии, лева и десна, чии устија се наоѓаат во левиот и десниот лист на аортната валвула. Линк до најдоброто за вашето срце.

Избери ја брзината и пакетот со кој што сакаш да почнеш

Коментирај

Your email address will not be published. Required fields are marked *