Несоница- модерноит живот се почесто не остава без сон

Ноќниот одмор е неопходен за здрав живот

Несоница, секој од нас ја има помалку или повеќе во своите битки со проблемите во животот. Лишувањето од сон е еден од тие и е поврзано со стрес, недостаток на дневен ритам и емоционални шокови што ги доживуваме секојдневно. Неспиењето не е воопшто добро за нашиот организам.

Овој метод вклучува свесно релаксирање на мускулите, употреба на техники на дишење и визуелизација. Следните неколку чекори треба да се преземат пред да заспиете. Нема да ви одземат повеќе од две минути.

Тајната на брзото опуштање и дремливоста е опишана и  во книгата „Опуштете се и победете: Совршен успех“- 1981  но дури сега за овој метод започна да се зборува јавно и се користи од обичните луѓе.

Методот опишан во оваа книга за 6 недели тестирање се покажа како ефикасен во 95% од случаите.Еве како оди тоа во неколку чекори:

Чекор бр. 1 – Опуштете ги сите мускули на лицето, вклучувајќи ги и оние на  јазикот, вилицата и мускулите на очите.

Чекор бр. 2 – Максимално опуштет  ги мускулите на рамената. Потоа целосно опуштете ја десната, а потоа левата рака.

Чекор бр. 3 – Издишете  и опуштете го градниот кош. Потоа опуштете ги нозете, почнувајќи од колковите до прстите, десната па левата.

Чекор бр. 4 – Претходното е едноставно, но сега нешто покомплицирани:

обидете се да не мислите на ништо.

Сликите можат да помогнат многу

Оваа фаза нека ви трае десетина секунди а потоа сакаме да пробате да ги замислите следните слики во вашата глава, вашите мисли. Дополнително ќе ве релаксираат и ќе ви овозможат да не мислите на ништо.

Првата слика би била како ќе се замислите себеси како лежите на кајче на сред мисно езеро и нема никој околу вас само чисто небо над вас.

Втората пак како лежите на љуљашка од црн сомот во црна соба.

Третата слика е онаа како сами себе си повторувате како ништо не размислувате, ништо сега и ништо, баремн триесетина секунди.

Здрава исхрана многу вода и добар сон е предуслов за долг и безболен живот.

Вашиот централен нервен систем прво започнува да страда од недостаток на одмор и сон.

Потоа доаѓа фаза на низок имунитет, проблеми со меморијата, висок крвен притисок, прекумерна тежина и многу повеќе непријатни заболувања.

Спиењето е неодминлив дел од битисувањето на секого од нас, прифатете го тоа како нормално.

 Методата “5-7-9” се покажа како успешна

Несоница како појава зачестува со модерните времиња каде треба да ние се полесно поедноставно и не толку комплицирано и стресно. Затоа сите препораки за решавање на овој проблем се добродојдени, посебно оние проверените и клинички испитаните.

Најдобро е да се запамети овој метод како “5-7-9”.

Се што треба да направите е да се ставете во лежечка позиција така што ќе ви биде пријатно.

1. Затворете ги очите и земете длабок воздух низ носот. Целосното вдишување на белите дробови треба да трае цели 5 секунди.

2. Потоа држете го воздухот или здивот во белите дробови за цели 7 секунди.

3. После тоа, започнете нежно да го испуштате воздухот од белите дробови низ устата за цели 9 секунди.

4. Потоа повторете ја целата постапка 5-7-9.

Несоница како резултат на неправилно дишење.

Несоница немаат луѓе што вежбаат јога, но затоа што го вежбаат дишењето.

Дишењето е предуслов за живеење

Додека го правите ова, можете да ги броите секундите во себе и да ги следите процедурите за дишење за тоа време. Со тек на времето ќе ви стане навика и нема да морате да броите. Несоница е и навика но и одвика.

Тоа е толку едноставно. Оваа вежба за дишење го успорува срцевиот ритам и го смирува.

Притоа, сето тоа се случува многу брзо – само неколку повторувања. Иако може да изгледа како глупост, навистина функционира и дава резултати.

Кога чувствувате стрес  или вознемиреност, количината на адреналин во крвта се зголемува и дишењето станува плитко и брзо.  Држењето на здивот со особено бавно издишување неизбежно го забавува срцевиот ритам. Тоа е физиологија.

Исто така, овој метод го смирува вашиот ум. Само затоа што мора постојано да сметате во себе и да бидете фокусирани на дишењето. Вие не го сфаќате во тој момент, но вашиот нервен систем полека ќе се смири и чувството за загриженост ќе исчезне.

Секој невролог ќе ви го каже ова. Како резултат, целото тело се опушта. Со брзина и јачина на дејство, овој метод е сличен на анестезија.

Докторот по медицина на Харвард, Ендру Вале ја проучувал оваа техника. Тој открил дека овој методот е познат на индиските Јогисти веќе неколку векови. Тие го користеа кога медитираа, за да постигнат целосна релаксација. Значи, можеме да заклучиме дека е целосно безопасен. Вежби за исправно дишење.

Отклонувањето на стресот и возбудата се доведувате себеси во состојба за целосен мир, спокој и добар сон. Нешто што покрај здравата исхрана, водата и те како му е потребно на нашето тело. Повеќе информации околу исхраната и водата ќе најдете на нашиот сајт.

Избери ја брзината и пакетот со кој што сакаш да почнеш

Коментирај

Your email address will not be published. Required fields are marked *