Крвен притисок-вистини заблуди и бабини муабети

 Хипертензија недоволно проучена тегоба на модерниот свет

Висок крвен притисок или Хипертензија е хронична медицинска состојба во која крвниот притисок во артериите е повисок од нормалната вредност.  Систолен притисок над 140 mmHg, а дијастолен притисок над 90 mmHg.

Некогаш се веруваше дека секој кој почувствувал потреба да го измери крвниот притисок, сè е во ред кога   е околу  120 mmHg, со 80 mmHg .

Сè што е над, претставува аларм и веднаш се трча на преглед кај матичниот. А, ако е под тие норми, се знае дека е време за шеќер и вода. Тоа е некогаш и некаде.

Европското кардиолошко здружение издало нови упатства. Според кои нормалниот крвен притисок за систолниот е до 140 mmHg, а за дијастолниот 90 mmHg.

Ова правило не важи за дијабетичарите, за кои границата е пониска, до 130 mmHg со 80 mmHg. Не важи  како и кај постарата популација.

Порано се сметало дека некој кој има притисок 140 mmHg со 90 mmHg веќе се наоѓа во состојба на предхипертензија.  И дека би требало да зема терапија, за да се намали ризикот од инфаркт или мозочен удар

Крвен притисок е „сила“ поради која крвта континуирано се движи низ крвните садови.

Тој зависи од волуменот на крв што срцето го пумпа во минута и периферниот васкуларен отпор на кој крвта наидува при движење низ крвните садови.

Какви биле границите а какви се сега?

Доколку срцето пумпа поголемо количество на крв, или луменот на артериите е намален (зголемен периферен васкуларен отпор), крвниот притисок се зголемува.

Овој опсег се должи на физиолошките карактеристики на секој човек, како и неговата возраст. Нивото на притисок е индивидуален концепт, и може да се разликува дури и кај апсолутно здрави луѓе.

крвен притисок

Постојат многу фактори кои предизвикуваат промени во притисокот, и покрај отсуството на патологии. Телото на здраво лице е во состојба самостојно да го контролира нивото на крвниот притисок и да го промени како што е потребно.

На пример, секоја физичка активност бара зголемен проток на крв за да ги напојува мускулите кои обезбедуваат движење. Затоа, за време на моторната активност на лицето, неговиот притисок може да се зголеми за 20 mm Hg. И тоа се смета за нормално.

Крвниот притисок може да варира повеќепати во текот на еден ден, а нормалниот крвен притисок е индивидуален.

Во наредниот серијал ќе консултираме стручни лица и за вас ке ги дознаеме методите за сузбивање на проблемите со крвниот притисок. Нагласуваме дека на овој сајт ние се бавиме исклучиво со промени преку здрав начин на исхрана и здрав начин на живот.

Од тоа како да започнете со здрава исхрана (Линк) до тоа како да самите си помогнете и смените навики на подобро.

Избери ја брзината и пакетот со кој што сакаш да почнеш

Коментирај

Your email address will not be published. Required fields are marked *