Хипертензија-Сè што треба да знаете за високиот притисок

Патолошка состојба при која во артериите владее покачен притисок

Хипертензија е комплексно и мултифакториелно заболување со мозаичен механизам на настанување и во најголем дел од случаите причината за појава на болеста е непозната, т.е. не може да се објасни со еден патомеханизам применлив кај сите пациенти.

Крвниот притисок зависи од количеството на крвта што се внесува во крвните садови и од количеството на крвта што истекува од нив. Од контракциите на мазните мускулни влакна што се наоѓаат во средниот дел на нивниот ѕид. Крвниот притисок зависи и од состојбата на крвните садови на периферијата.

Постојат голем број на различни фактори кои се преплетуваат во етиологијата и патогенезата на есенцијалната артериска хипертензија.

Кои се факторите кои влијаат

  • Стрес. Стресните ситуации може да доведат до привремено, но драматично зголемување на крвниот притисок. Доколку сте во стресна ситуација и се обидувате да се релаксирате со помош на цигари. Прекумерно консумирање на храна или алкохол, со тоа само дополнително ја влошувате состојбата и негативно влијаете врз нивото на крвниот притисок.
  • Генетски фактор. Доколку имате позитивна фамилијарна анамнеза, т.е. некој член во вашето семејство страда од висок крвен притисок, тогаш ризикот за да добиете артериска хипертензија е поголем.
  • Намалена физичка активност. Физичката неактивност го зголемува ризикот за појава на покачен крвен притисок и правопропорциално со зголемена телесна тежина.
  • Дебелина. Колку е поголема вашата телесна тежина, толку е поголема потребата од крв. Со цел да се обезбеди доволна количина на кислород и нутритивни материи за ткивото. Поради зголемениот крвен волумен што циркулира низ крвните садови, настанува зголемување на притисокот.
  • Зголемена консумација на алкохол. Со тек на време, прекумерното пиење алкохол може да го оштети вашето срце и да го зголеми крвниот притисок.
  • Зголемен внес на сол. Консумирање на храна со зголемено количество на натриум предизвикува задршка на течности, а со тоа и покачување на крвниот притисок.
  • Недостаток на витамин Д. Сè уште не е докажано дали дефицитот на витаминот Дможе да доведе до покачување на крвниот притисок, но со сигурност се знае дека овој витамин учествува во создавањето на ензим во бубрезите кој директно влијае врз нивото на крвниот притисок. Линк за додатоци со витамини
  • Одредени хронични состојби. Бубрежните заболувања, дијабетесот и високото ниво на холестерол го зголемуваат ризикот за појава на артериска хипертензија.

Компликации можат да се јават од следниот вид:

  • Кардиоваскуларни компликации. Оштетувањето на срцето во текот на хипертензија е непобитно утврдено. Може да се јави хипертрофија на лева срцева комора, срцева инсуфициенција и коронарна артериска болест.
  • Метаболен синдром. Овој синдром вклучува повеќе нарушување на метаболизмот – високо ниво на триглицериди, зголемена циркумференца на половината, низок HDL (добар холестерол), висок крвен притисок и високо ниво на инсулин. Доколку страдате од висок крвен притисок, постои можност да е застапена и друга компонента од метаболниот синдром. Колку повеќе компоненти се присутни, толку е поголем ризикот за развој на дијабетес, срцеви и церебрални заболувања.
  • Церебрални компликации. Во оваа група спаѓаат мозочни крварења, мозочен инфаркт после тромбоза или исхемија, мозочен инфаркт после емоболија, интермитентна церебрална исхемија без инфаркт. При хипертензивна криза може да се јави и акутна хипертензивна енцефалопатија.
  • Артериосклероза. Повеќе од 60% од пациентите со фиксирана хипертензија страдаат од артериосклероза. Тоа е состојба која се карактеризира со промена на ѕидот на крвните садови. Здравите артерии се флексибилни и еластични. При артериосклерозата, поради покачениот крвен притисок, ѕидот на артериите се променува, се јавува задебелување, крутост на ѕидот и губење на еластицитетот. Како резултат на тоа, настанува ограничување на протокот на крвта до органите и ткивата и појава на низа компликации: срцев или мозочен удар, ренопатија и ретинопатија која може да доведе до загуба на видот.
  • Аневризми. Зголемениот крвен притисок може да предизвика слабост на ѕидот на крвните садови и создавање на аневризми. Руптура на аневризма е животозагрозувачка состојба.

Кога и како со притисокот

Хипертензија со промената на времето на денот и ноќта (циркадијарен ритам). Поврзани се со почеста појава на срцеви инфаркти и мозочни удари во раните утрински часови.

Нормално е ноќе крвниот притисок да се намалува 10-20%, а наутро по будењето во првите неколку часа повторно да расте. Но кај некои не доаѓа до намалување на притисокот во текот на ноќта.

Во овие случаи ризикот од мозочен и срцев удар е зголемен. Околу 3-4 часот ноќе е намалена способноста за разредување на крвта, т.е. полесно настануваат крвните згрутчувања- тромб.

Ова додатен фактор на ризикот. Затоа е неопходно да се следат промените на крвниот притисок во текот на денот.  Да се прилагоди терапијата (интервалот на примена и доза на лекови), па на тој начин да се спречи појавата на срцев или мозочен удар.

Нискиот крвен притисок-Хипотензија, без симптоми не претставува закана за здравјето. Организмот се адаптира на одреден крвен притисок, па на некои луѓе 90-50 им е нормален.

На други, кои инаку имаат зголемен, кога притисокот ќе им падне на 100-60 се јавуваат малаксалост, вртоглавица, несвестица, намалување на енергија.

Станувањето од лежечка или седечка положба во стоечка може да доведе до вртоглавица (ортостатска хипотензија). Се советува постепено станување од лежечка положба за притисокот да се прилагоди.

Многу повеќе совети ќе најдете на нашиот сај за здравјето од вода до здрава исхрана како и додатоци кои животот го прават поубав.

Избери ја брзината и пакетот со кој што сакаш да почнеш

Коментирај

Your email address will not be published. Required fields are marked *