10 начини како да бидете посреќни на работа – I дел

 

 

Можеби сте имале прилика да видите како некои работодавачи во големите компании им нудат различни привилегии на своите вработени, од бесплатни оброци, место за рекреација со конзоли за играње, теретани во склоп на работниот објект итн., сѐ со цел да го подигнат нивото на задоволство кај вработените.

 

Ова е добра стратегија: среќните работници се многу попродуктивни и помотивирани, а со тоа се намалуваат шансите тие да го променат своето работно место.

Меѓутоа дури и работодавачот не може да понуди толку фантастични бенефиции, какошто тоа може да си го создадат самите вработени, а тоа е сопственото чувство на среќа.

  1. Пронајдете кариера којашто Ве усреќува

За одредени луѓе пронаоѓањето на кариера во којашто би уживале значи наоѓање работа поврзана со користењето на оние вештини на коишто тие се горди.  Во друг случај, кариера во којашто уживате може да биде работа за која чувствувате страст или којашто Ви предизвикува лично задоволство.

Не постои вработен кој е задоволен од работата секој ден, па дури и работите кои максимално Ве исполнуваат понекогаш знаат да бидат фрустрирачки или напорни,

но доколку Вашата кариера е нешто на што сте горди, тогаш најверојатно ќе бидете посреќни на работа. Согледајте се себеси, спознајте ги своите вештини и интереси и пробајте да најдете нешто што можете да го работите со уживање секој ден.

  1. Најдете работа којашто ќе Ви овозможи да имате слободно време после работното време

Сите од нас немаат потреба за кариера кон која чувствуваат длабока страст или пак која ги истакнува нашите личните вредности. Работата за многу луѓе претставува нешто што им овозможува да искреираат индивидуален задоволителен животен стил надвор од работното време.

Размислете за тоа како сакате да изгледа Вашиот живот! Дали сакате вечерните часови и викендите да ги поминувате со своите пријатели? Дали сакате да имате повеќе слободно време за да можете да се занимавате со своите хобија? Можеби сакате да имате предвидлив распоред којшто ќе Ви овозможи секоја вечер да бидете дома заедно со семејството?

Дури иако не успеете да пронајдете работа којашто ја сакате, доколку го сакате животот којшто таа работа Ви овозможува да го живеете, тогаш големи се веројатностите дека ќе бидете среќни и на работа.

  1. Превземете иницијатива за својот професионален и личен развој

Превземете иницијатива за сопствениот развој, вложете се себеси за да постигнете личен и професионален развој. Направете план и поставете си цели за Вашата кариера, а потоа исполенете ги.

Доколку Ви е потребна помош од страна на претпоставениот, тогаш добро осмислете што барате и бидете конкретни кога барате помош. Барајте задачи којшто ќе Ви помогнат да направите пресврт во кариерата или да совладате некоја нова вештина. Најдете можности и конекции што мислите дека вредат, без разлика на тоа што Вашиот моментален работодавец не Ви ги го овозможува тоа.

Тогаш кога ќе почуствувате дека имате контрола над својата кариера и ќе увидите дека сте се подобриле, дека сте постигнале професионален развој, најверојатно ќе бидете позадоволни на Вашата моментална позиција.

  1. Бидете во тек со случувањата на работа

Доколку се чуствувате запоставени на работа или пак знаете дека Ви недостигаат одредени важни информации коишто останатите вработени ги знаат, тогаш тоа знае да предизвика чувство на незадоволство или потценетост. Ако чекате некој да Ве воведе во случувањата, тогаш најверојатно информациите што Ви требаат нема никогаш да стигнат до Вас.

Наместо да чекате да дознаете што се случува во фирмата, со проектот или со колегите, проактивно барајте ги потребните информации за да можете да си ја сработите работата или пак да донесете важни одлуки. Развијте мрежа на информации и користете ја, барајте да бидат одржани состаноци и поставувајте однапред осмисени прашања.

Можеби ќе дознаете дека Вашите колеги или надредени не знаат дека дошло до прекин на комуникацијата или дека Вашиот моментален тим нема работна култура на отворена комуникација. Во секој случај, доколку превземете иницијатива да стигнете до потребните информации, ќе можете подобро да си ја сработите работата и ќе имате поголемо чувство на контрола над сопствената кариера.

  1. Често барајте повратни информации

Примањето одговор (feedback) во врска со Вашата работа може да Ве исполни со позитивна енергија, да Ве мотивира и да придонесе да се чуствувате ценети или пак да ги надополните клучните недостатоци во некои вештини и подобро да разберете, што пак ќе Ви помогне поуспешно да ја сработите работата и подобро да се вклопите во работната заедница. Вработените кои не добиваат ваков тип на информации од своите надредени, најчесто се чувствуваат потценето, неспособно да ја завршат својата работа и честопати се несреќни на работа.

Доколку не добивате фидбек од Вашите надредени, почнете да бидете проактивни и самите побарајте го. На крајот од некој голем проект, побарајте повратни информации од надредените, прашајте ги дали се задоволни, дали мислат дека нешто би можело да се подобри или промени…

Доколку имате контакт со клиенти – разговарајте со нив, па така ако добро сте ги услужиле, нивниот повратен одговор ќе биде позитивен. Колку повеќе фидбек ќе добиете, толку поголеми шанси имате да бидете поуспешни во работата. Сето ова ќе Ви донесе позитивен развој и ќе Ви го зголеми чуството на среќа на работа.

 

 

Доколку размислувате да ја промените работата, можеби додатно да заработувате или пак да бидете дел од тим кој ќе Ве поддржи и ќе Ви помогне да напредувате, тогаш имаме решение за Вас. Преку следниот линк можете да не контактирате и да добиете повеќе информации за позицијата што ја нудиме.

Избери ја брзината и пакетот со кој што сакаш да почнеш

Коментирај

Your email address will not be published. Required fields are marked *