10 начини како да бидете посреќни на работа – II дел

 

 

Можеби сте имале прилика да видите како некои работодавачи во големите компании им нудат различни привилегии на своите вработени, од бесплатни оброци, место за рекреација со конзоли за играње, теретани во склоп на работниот објект итн., сѐ со цел да го подигнат нивото на задоволство кај вработените.

Ова е добра стратегија: среќните работници се многу попродуктивни и помотивирани, а со тоа се намалуваат шансите тие да го променат своето работно место.

Меѓутоа дури и работодавачот не може да понуди толку фантастични бенефиции, какошто тоа може да си го создадат самите вработени, а тоа е сопственото чувство на среќа.

  1. Превземете ги оние обврски коишто можете да ги сработите

Еден од посериозните причинители за стрес и недостаток од среќа на работа е неисполнувањето на работните обврски. Во голем број случаи, работниците го трошат своето време пронаоѓајќи изговори  зошто неуспеале да ги исполнат своите обврски и грижејќи се за последиците на незавршените задачи, него што го трошат на извршување на работата.

Со цел да го контролирате стресот и да го намалите чувството на несреќност на работното место, направете си систем за пратење и распоред за извршување на обврските. Бидете доволно организирани, така ќе можете брзо и точно да процените дали навистина сте во можност да го исполните барањето или новата задача. Немојте да прифаќате дополнителни задачи доколку немате време да ги завршите.

Доколку преоптеретеноста на работа редовно Ви го одзема слободното време и Ви ја црпи енергијата, немојте да ширите незадоволство. Поразговарајте со колегите, можеби и некој од нив се чувстува исто како и Вие, а потоа разговарајте со надредените за тоа како компанијата може да понуди додатно време, помош или ресурси кои им се потребни на вработените.

  1. Избегнувајте ја  негативноста

Без разлика на тоа колку уживате во Вашата работа, доколку се најдете во токсична работна средина ќе почнете да се чуствувате несреќни на работа. Доколку сакате да бидете среќни треба што повеќе да избегнувате негативни разговори, озборување и нездрави работни односи.

Колку и да се чувствувате среќни, негативните луѓе длабоко влијаат на психата, па така ако забележите дека одредена група се занимава со негативни работи какошто се озборување или постојано жалење, пробајте да се дистанцирате од нив или пак да ја смалите интеракцијата со нив на минимум. Доколку тоа не е можно, потрудете се да го промените разговорот кон попозитивни теми.

  1. Вежбајте како да бидете професионално храбри 

Голем број на луѓе се плашат од конфликти, посебно работната средина знае да им наметне чувство дека конфликтот може да влијае на професионалната иднина и веројатно затоа го сметаат за застрашувачки, штетен и навредлив.

Конфликтот може да биде негативен, но доколку се одвива на добар начин, тој може да Ви помогне да ја исполните својата работна мисија и лична визија. Кога се обраќате отворено, со позитина комуникација, имате јасни цели и ги почитувате колегите и надредените, тогаш конфликтот на работа може да биде позитивна и продуктивна работа. Со одбрана на своите принципи или идеи во коишто верувате, можете да помогнете на пр. купувачите да бидат подобро услужени, да постигнете значајни промени и да бидете поуспешни во својата работа, но секогаш правете го тоа на човечки и културен начин.

Вежбањето на професионалната храброст може да Ви отвори нови можности на сегашното работно место или некогаш во иднина. Заложувањето за своите цели, идеи и соништа, најверојатно ќе Ви побуди чувство на гордост и задоволство од своите избори.

  1. Стекнете пријатели

Дали имате најдобар пријател на работа? Работниците кои имаат цврсти пријателства на работа, без разлика дали тие пријателства се пренесени и во приватниот живот или не, се посреќни и помотивирани на работа.

Вработените поминуваат многу време на работа, па доколку постојат колеги со кои сакате да го поминувате времето, ќе бидете посреќни и ќе создадете позитивно работно искуство. Разбирањето и поддршката макар и од само еден колега, а особено ако со тој колега редовно комуницирате, може значително да Ви го зголеми секојдневното чувство на среќа на работа.

  1. Доколку сето ова не успее, барањето на нова работа ќе предизвика насмевка на Вашето лице

Не е потребно да ја сакате својата работа, меѓутоа тоа не би требало секојдневно да Ве прави несреќни. Доколку мислите дека не можете да бидете среќни на работа, постои ризик да заглавите во токсична работна средина или на работа која едноставно не е за Вас.

Во тој случај, можеби е дојдено време повторно да го процените својот работодавец, работата или пак целата кариера. Дури и ако морате некое време да останете во моменталната положба, активното барање работа којашто е во склад со Вашите професионални интереси и лични вредности, може да биде најдобрата работа што ќе ја направите за себе со цел да го вратите чувството на контрола и насмевката на лицето.

Чувството на задоволство и среќа на работа е важно за подигање на самодовербата и продуктивноста. Дискусиите во кои навлагатае на работа гледајте да бидат умерени, немојте да дозволите да влегувате во афекти и никогаш немојте да ги подценувате колегите и надредените, сѐ со цел да избегнете создавање на токсична работна атмосфера.

Доколку размислувате да ја промените работата, можеби додатно да заработувате или пак да бидете дел од тим кој ќе Ве поддржи и ќе Ви помогне да напредувате, тогаш имаме решение за Вас. Преку следниот линк можете да не контактирате и да добиете повеќе информации за позицијата што ја нудиме

 

 

Избери ја брзината и пакетот со кој што сакаш да почнеш

Коментирај

Your email address will not be published. Required fields are marked *