Кои се здравствените придобивки при консумирање на сокот од алое вера?

 

 

Алое вера е вид растение со зелени листови коишто содржат гел, со повеќе медицински и нутритивни својства. Многу луѓе го користат алое гелот за третирање на изгоретини и рани, а исто така е алое вера растението е достапно во форма на сок.

Сокот од алое вера е широко користен во кафулињата и продавниците за здрава храна.

Во продолжение ќе дознаете за потенцијалните здравствени придобивки при пиењето на сок од алое вера. 

Здравствени придобивки од користењето сок од алое вера:

1.  Помага при запек 

Сокот од алое вера може да се користи како природен лаксатив при појава на периодичен запек. Надворешниот дел на растението алое вера содржи антракинони коишто имаат лаксативно дејство. Лицата коишто пробуваат сок од алое вера за првпат треба да започнат со помала количина: една шолја или 235 мл. Иако научниците се свесни за лаксативното дејство на алое вера, Американското Здружение за храна и лекови (FDA) нема установено дека е безбедно користење на ова растение за оваа намена.

Лицата кои имаат чест запек треба да се консултираат со лекар за соодветни лаксативи за подолготрајно користење.

2. Содржи витамин Ц

Околу 235 мл сок од алое вера содржи 9.1 грама Витамин Ц. Овој витамин е исклучително важен за целокупното здравје, претставува природен антиоксиданс и помага при најразличи воспаленија. Внесувањето на витамин Ц има мноштво придобивки, од намалување на ризикот за појава на кардиоваскуларни заболувања до општото подобрување на имунитетот.

Иако витаминот Ц го има во портокалите, зелените пиперки, брокулата, грејпфрутот и сокот од домати, сокот од алое вера е исто така одличен извор на овој витамин.

3. Хидрира

Пиењето голема количина течности овозможува соодветна хидратација на организмот, а сокот од алое вера е одлична нискокалорична алтернатива, наместо овошните сокови и напитоците со голема количина на шеќер. Сепак, важно е да се провери пакувањето на производот за количината додаден шеќер и други состојки. 

Американската асоцијација за срцеви заболувања (АНА) препорачува да не се консумира повеќе од 24 грама (или 6 кафени лажици) шеќер дневно за жени, или 36 грама (или 9 кафени лажици) шеќер за мажи.

4. Го намалува воспалението на непцето

Научно истражување има установено дека жабуркањето (плакнење уста) со сок од алое вера го намалува воспалението на гингивата кај луѓе коишто во тој период чистеле забен камен кај стоматолог.  Во текот на истражувањто, 15 испитаници го користеле сокот од алое вера како средство за плакнење уста, а 15 не користеле никакво средство. Истражувањето установило дека оние петнаесетмина коишто го користеле сокот од алое вера пријавиле помало воспалување на непцата.

Научниците заклучиле дека антимикробните и антибактериските својства на алое  вера растението придонеле за постигнувањето на овој резултат.

5. Го регулира нивото на шеќер во крвта

Според спроведената мета-анализа во 2016 г., во научното списание „Журнал за клиничка фармација и терапевтика“ се вели дека растението алое вера има  потенцијални позитивни својства при контролирањето на шеќерот во крвта кај луѓе во пред-дијабетална состојба и оние со дијабетес тип 2.

Анализата е направена врз основа на колективно истражување на 470 учесници,  коишто консумирале различни производи од алое вера, вклучувајќи сок и алое вера во форма на прашок. Научниците установиле дека консумирањето на сок од   алое вера како суплемент придонело кон намалување на количината на шеќер во крвта помеѓу испитаниците.

Сепак, научниците нагласуваат дека конклузивното потврдување на придобивките од консумирање алое вера изискуваат понатамошни, поголеми истражувања.

 6. Спречува стомачни улцери/чирови

Според едно истражување направено во 2014 г., консумирањето на сок од алое вера веројатно нуди и дополнителни дигестивни придобивки, како што е  намалување на појавата на стомачни улцери. Многуте противвоспалителни состојки  во сокот од алое вера (како витаминот Ц), придонесуваат за овие дигестивни придобивки.

Сокот од алое вера може да се набави во продавниците за здрава храна, или пак да  се купи онлајн.

 

 

Избери ја брзината и пакетот со кој што сакаш да почнеш

Коментирај

Your email address will not be published. Required fields are marked *