Благодатите на Гуараната: Што е тоа? Зошто треба да ја пробате?

 

 

Амазонската дождовна шума ги крие најегзотичните и најраскошните производи од природата. Земјите во сливот на Амазон, како што се Бразил, Колумбија и Венецуела, имаат најголема корист од нив. Еден таков производ е Гуараната.

Гуараната претставува природно складиште на кофеин. Во традиционалната медицина на јужноамериканските земји, гуараната ја поврзуваат со ефекти на намалување на болка, губење на килограми, стимулација на нервите, како и со многу други корисни работи.

Што е Гуарана? Зошто е толку посебна?

Гуараната е овошје богато со кофеин кое потекнува од подрачјето на централно-амазонскиот слив. Надалеку е познато по своите медицински својства, а расте во Бразил, Венецуела, Колумбија, Еквадор, Перу, Република Гвајана и во некои од соседните земји.
Растението, семките и овошјето гуарана се користат во традиционалната медицина и се поврзуваат со многу племенски обреди.
Традиционално, нејзините печени семки и суровите овошки биле употребувани за производство на комбинирани пијалоци од мате и други тревки.
Овошјето гуарана (Paullinia cupana Kunth) изгледа прекрасно. Има црвена надворешна обвивка во чија внатрешност се крие бело месо. Месото пак содржи една или две семки кои се главните „виновници“ за повеќето благодати на гуараната.

На прво видување, овошјето има неверојатна сличност со човечкото очно јаболко и е добро познато по своите позитивни влијанија врз офталмолошкото здравје. Колку вистина има во сето ова? Кои се останатите бенефити од гуараната? Одговорите прочитајте ги во следниот дел!

  • Семките на гуараната се добро познати по тоа дека содржат највисока природна доза на кофеин во светот (2%-8%).
  • Овие семки исто така ја содржат активната состојка гуаранин, која по структурата наликува на кофеинот.
  • Голем број на пијалоци за намалување на телесната тежина, како и здрави напитоци, содржат екстракт од гуарана заради нејзините антиоксидантски својства, својства на согорување на маснотии и за контрола на апетитот.
  • Племињата кои живеат покрај реката Амазон ја додаваат гуараната во преработената вода и ја конзумираат секој ден како дел од ритуал. Веруваат дека овој пијалок им дава сила, ги спречува нападите од глад и го зголемува мокрењето (е диуретик).

Зошто треба да употребувате Гуарана?

1. Помага да се потисне гладот

Гуараната е богата со биоактивни компоненти како кофеин, теобромин, теофилин, танини, сапонини, катехини, епикатехини и проантоцијанини.
Гуараната во комбинација со јерба мате и дамијана успешно го потиснува апетитот кај гојните жени. Со други зборови, нивните напади на глад и желба за јадење се намалуваат, што пак придонесува да изгубат килограми.

Исто така, откриено е дека гуараната успешно ги контролира гените кои се поврзани со акумулација на маснотии. Го намалува изразувањето на про-адипогените гени во корист на зголеменото изразување на анти-адипогените гени. Значи, може да се користи да стимулира здраво губење на килограми кај гојни луѓе и за лекување нарушувања поврзани со исхраната.

2. Стимулирачки и поттикнувачко-енергетски ефект

Покрај кофеинот, гуараната содржи танини, алкалоиди, катехини и епикатехини, поради што содржи голем број на стимулативни механизми.
Го раздвижува калциумот, помага во сврзувањето на кафеинот со неговите рецептори во ЦНС, го поттикнува производството на АТП (енергија) и на крајот ги зголемува когнитивните способности и будноста.
Во истражувањата се вели дека кумулативниот ефект на кофеинот заедно со останатите активни компоненти се тие кои ја прават гуараната да биде ефикасен стимуланс и двигател на енергија.
Гуараната нема долгорочни значајни ефекти врз психолошката добросостојба, анксиозноста и расположението, поради што се користи во многу енергетски појалоци и суплементи во исхраната.

3. Ги контролира вознемиреноста и невродегенеративните нарушувања

Прашокот од гуарана може да има заштитнички ефекти врз мозокот и нервниот систем. Го спречува создавањето (или акумулацијата) на амилоидни плаки и протеинската гликација, го намалува оксидативниот стрес, ги елиминира реактивните кислородни форми (РОС или слободни радикали) и ја намалува ацетилхолинестеразната активност.
Сите овие ефекти ја спречуваат смртта на невроните, што пак се покажало корисно во третирањето на когнитивни наручувања како Алцхајмерова, Паркинсонова и Хантингтонова болест кај нечовечки организми.
Без разлика на тоа што содржи висок процент на кофеин, благодарение на нејзиниот фитохемиски состав, гуараната ја подобрува меморијата и животниот век на организмите кои страдаат од анксиозност.

4. Антибактериски својства

Танините сочинуваат значителен дел од биоактивните состојки во гуараната. Заедно со другите фитохемикалии, танините претставуваат закана за повеќето озлогласени бактериски соеви, како што се МРСА ((Стафилокока ауреус отпорна на метицилин, MRSA (methicillin-resistant Staphylococcus aureus)), Стрептокока мутанс (Streptococcus mutans), и Стрептокока собринус (Streptococcus sobrinus).

Гуараната исто така ги намалува нивоата на про-воспалителни компоненти (т.е. интерферони и интерлеукини) во вашите тела. Ова индиректно покажува дека може да биде моќно анти-инфламаторно средство, кое може да ве заштити од хиперсензитивност предизвикана од бактерии.

5. Ги чисти кожата и скалпот

Семките од гуарана имаат моќни антиоксидантни и антимикробни својства бидејќи содржат големи количества на метилксантини (кофеин, теобромин и теофилин), сапонини, пигменти и холини.
Токму заради овие својства, гуараната се користии за производство на продукти за кожа и коса.
Гуараната може да ви даде млада и сјајна кожа, сјајна коса ослободена од првут и да ги излечи повеќето патогени инфекции на кожата и скалпот.
Некои продукти кои се користат против целулит, исто така содржат гуарана и различни делови од неа, заради високиот процент на кофеин кој го содржи.
Што од гуараната ни ги дава бенефитите споменати погоре? За да дознаете прочитајте го и следниот дел.

Биохемиски профил на Гуараната

Покрај кофеинот, гуараната во своите лисја, овошки и семки содржи многу фитохемикалии. Семето на гуарана содржи метилксантини, сапонини, скроб, полисахариди, пигменти, масти, ацилглицероли, цијанолипиди и холин.
Нејзините зрна несодржат само кофеин, туку и катехутанска киселина, катехинска киселина, скроб, протеини, масла, калциум, фосфор и танини. Значи, не е само кофеинот одговорен за нејзиниот стимулативен ефект.

Скоро и да непостојат информации за макро и микронутриентите содржани во гуараната, па така сѐ додека недознаеме повеќе за нејзиниот нутритивен профил, ајде да ја јадеме гуараната заради нејзиниот богат фитохемиски профил.

Мора да се запрашувате, каде ли можам да најдам егзотично амазонско овошје како што е гуараната? Дали е достапно и во некој друг облик? Се разбира дека е! Прочитајте понатаму и дознајте повеќе.

Дали насекаде се наоѓа Гуарана? Во кои форми е достапна?

Гуараната и нејзините семки се достапни во форма на:

  • сув прав
  • капсули (купете ги тука)
  • течни екстракти или тинктури
  • прашок од семиња
  • паковани цели семки

Препорачаната доза на гуарана е околу 200 mg до 800 mg (или 2-3 mg/kg). Долгорочно дозирање не е препорачано бидејќи содржи големи количини на кофеин и други метилксантини.

Безбедна со малку контраиндикации

Гуараната им одличен безбедносен профил и е достапна насекаде.

Во големи количини, гуараната може да предизвика контраиндикации, слични на оние предизвикани од прекумерна конзумација на кофеин, вклучително:

  • срцеви палпитации (забрзано чукање)
  • инсомниа
  • главоболки
  • напади
  • вознемиреност
  • нервоза
  • вознемирен стомак
  • тресење

Заклучок

Гуараната е популарна состојка на многу енергетски и безалкохолни пијалоци.

Со векови се користи зарад своите терапевтски дејствија од страна на амазонските племиња.

Гуараната најчесто се користи заради својството да го намали заморот, да ја поттикне енергијата и да помогне при учењето и со меморијата. Исто така ја поврзуваат со подобро срцево здравје, губење на тежина, намалување на болка, поздрава кожа и намален ризик за добивање очни болести поврзани со староста.

Насекаде е достапна како суплемент и лесно може да ја додадете во исхраната.

Без разлика дали сакате да го подигнете нивото на енергија или генерално сакате да си го подобрите целокупното здравје, гуараната вреди да се проба.

 

Избери ја брзината и пакетот со кој што сакаш да почнеш

Коментирај

Your email address will not be published. Required fields are marked *