Холестерол – негово намалување со помош на бета-глукан од овес

Што е бета-глукан од овес?

Бета-глукан од овес е диететско влакно што се добива од овес, а е растворливо во течност. Бета-глуканот како природен можеме да го најдеме во повеќе намирници, вклучувајќи ги овесот и јачменот. Луѓето одгледуваат и јадат овес повеќе од 2000 години и голем број на хранливи продукти кои се достапни во САД и насекаде низ светот содржат овес. Од доцните осумдесетти години, растворливото бета-глуканското диететско влакно од овес е признаено како корисна хранлива состојка.
Првично и најмногу, бета-глуканот од овес бил конзумиран преку целите овесни зрна, овесните снегулки и трици, но сега тој е достапен како додатна состојка на повеќе намирници храна.
Бета-глуканот е главна компонента на влакна од зрна житарки растворливи во вода, вклучувајќи овес и јачмен. Бета-глуканот од овесот најмногу го има во триците, како таков се извлекува, а потоа од прочистеното овесно растение се користат и другите делови.

Бенефити од β-D глуканот од овес

Бета-глукан од овес и контролирање на телесна тежина

Бета глуканите од овес се посебен вид влакна, бидејќи тие можат да помогнат во забавување на празнењето на храната од желудникот. Ова не само што помага при чувството на ситост, туку се верува дека тие се едни од утврдените причинители, кои го балансираат шеќерот во крвта. Бета-глуканите од овес, исто така можат да се врзат за некои од калориите што ги јадеме и можеме да ги исфрлиме надвор од телото уште пред да бидат апсорбирани. Влакната исто така се корисни за прочистување на телото, кое што е важно за секоја програма за слабеење.

Бета-глукани од овес и холестерол

Повеќедецениските испитувањата на бета-глуканите од овес покажаа дека тие може да помогнат при намалување на холестеролот на природен начин. Тие функционираат преку четири главни механизми. Докажано е дека го отстрануваат холестеролот уште во организмот, го исфрлаат преку исхраната, се врзуваат со заситените и транс маснотиите и со помош на добри бактерии се претвораат во супстанции што го блокираат производството на холестерол.
Докажано е дека биоактивниот бета-глукан од овес го намалува нивото на холестерол во крвта, а високиот холестерол е ризик фактор за развој на корорнарна срцева болест. Оваа придобивка се постигнува со внесување на дневна доза од 3 гр. биоактивен бета-глукан од овес, а тврдењето се однесува на храна која содржи најмалку 1 гр. по порција.

Бета-глукани од овес и регулација на шеќер во крвта

Бета-глуканите од овес се растворливи влакна кои се корисни за одржување на здраво ниво на шеќер во крвта. Тие се храна со низок гликемиски индекс што значи дека влијаат позитивно врз нивото на шеќер во крвта. Всушност, тие можат да го намалат гликемиското оптоварување или влијанието на оброците врз шеќерот во крвта и тоа од сите оброци во кои се додадени. Се покажа дека бета-глуканите од овес го регулираат нивото на шеќерот во крвта после изеден оброк.

Бета-глукани од овес и дигестивно здравје

Бета-глуканите од овес се познати како она што сега го нарекуваме пребиотик. Ова значи дека тие ги снабдуваат потребни хранливи материи за добрите бактерии и помагаат тие да се одржат и развиваат. Добрите бактерии се многу важни за целокупното здравје бидејќи тие го поддржуваат организмот во: разградување и активирање на одредени хранливи материи, создавање на неопходни хранливи материи за организмот, помагаат во подобрување на имунолошката функција, се борат против штетните микроби какви што се кандидата и заразните бактерии и ги снабдуваат со гориво клетките што ги има во цревата.

Бета-глукани од овес и имунолошко здравје

Многу луѓе не сфаќаат дека голем дел од нашата имунолошка функција потекнува од цревата. Ова е местото преку кое нашите тела комуницираат со надворешниот свет. Новите супстанции се воведуваат во организмот токму преку цревата. Се покажа дека бета-глуканите од овес имаат позитивни ефекти врз имунолошката функција, а едно од можните објаснувања за тоа е нивното позитивното влијание врз добрите бактерии. Добрите бактерии или пробиотиците помагаат во зајакнување на отпорноста кон инфекциите предизвикани од лоши бактерии, квасниците и паразитите.

Бета-глукани од овес и метаболен синдром

Истражувањата за бета-глуканите од овес и повеќе аспекти на метаболичкиот синдром е интересно. Тие покажаа дека бета-глуканите од овес имаат позитивни ефекти врз многу од факторите поврзани со метаболниот синдром. Една студија врз животни покажа дека Нутрим имал позитивен ефект врз забавување на процесот на зголемување на телесната тежина (намалување од 19% во однос на контролната група), намалување на нивото на шеќер во крвта (намалување од 32% во однос на контролната група) и намалување на триглицериди (39% намалување во однос на контролната група).

 

Со додавање суплементација во Вашиот живот, можете да му помогнете на организмот полесно да се избори со некои потешкотии, а воедно да му помогнете да го зајакне одбранбениот систем. Почувствувајте ги благодатите на бета-глуканот од овес, прочистете го и зајакнете го Вашиот организам. (Нарачајте тука)

 

Избери ја брзината и пакетот со кој што сакаш да почнеш

Коментирај

Your email address will not be published. Required fields are marked *