3 причини зошто онлајн бизнис е најдобрата инвестиција која воопшто може да ја направиш

 

Претприемниците се редок тип индивидуалци коишто постојано истражуваат нови можности за бизнис. Некои од нив овие можности ги бараат самите, а на некои такви можности им нудат други.
Повеќето можности, без разлика колку добро и да звучат, завршуваат како финансиски кошмар поради високите индиректни трошоци, бавната продажба и ниските маржи. Онлајн бизнисите, пак, можат да бидат навистина привлечни бидејќи не се поврзани со традиционалните предизвици во претприемништвото. Во продолжение наведуваме 3 причини зошто онлајн бизнисот е најдобрата можна инвестиција за еден претприемник.

Ви овозможува неограничена слобода

Многу претприемници биваат привлечени кон онлајн бизнис поради слободата којашто ја нудат. Модерната технлогија, лап топите, таблетите, бизнис апликациите и VOIP комуникациските системи се само некои од алатките коишто овозможуваат бизнисот да се менаџира од која било локација. Следниот пат кога ќе бидете во Старбакс, погледнете наоколу – ви гарантираме дека некој, додека го пие своето омилено кафе, работи онлајн бизнис или стартап, конектиран преку безжичен интернет.
Можноста да не се работи канцелариска работа од „9 до 5“ е навистина примамлива. Некои претприемници не знаат како да ја балансираат слободата и прават големи пропусти, додека други ја користат слободата како мотивација да работат уште повредно. Немојте да ја мешате слободата со намалување на интензитот на работа или безделничењето. Вистинските претприемници ја почитуваат слободата и разбираат дека вложениот труд и вредноста се исплати, зошто овозможува повеќе слободно време за семејството и слободните активности коишто повеќето ги пропуштаат бидејќи се дел од системот „од 9 до 5“.

Ниски индиректни трошоци и високи маржи

Онлајн бизнисот најчесто овозможува да се елиминираат огромните трошоци коишто се неизбежни кај другите типови на бизнис. Не само што немате обврска да плаќате скапа канцеларија или простор за трговија со долготрајна кирија и сметки, туку не ги ни „врзувате“ вашите пари за потребниот инвентар / роба. Договор за достава на вашиот производ во потребната количина со производителот може значително да го намали вашиот финансиски ризик и да ви осигура поголема заработка со помали трошоци однапред.
Претставете си дека имате бизнис за продажба на шапки во 5 различни бои: црвена, сина, зелена, жолта и портокалова. Во класична продавница – морате да располагате со сите бои на залиха, затоа што не знаете кој купец што ве посетува за која боја на шапка е заинтересиран. Ако жолтите шапки слабо ви се продаваат – ќе бидете принудени да ги ставите на попуст, при што трпите загуби. Продавањето на истите тие шапки преку директен договор со производителот за достава подразбира дека нема да имате непродадена роба за којашто сте платиле однапред.

Достап до пазар од целиот свет

Онлајн бизнисот ви овозможува функционирање нон-стоп, без никакви ограничувања. Не постојат географски препреки и не постои дефинирано работно време – онлајн бизнисот може да генерира приход во текот на целото деноноќие, дури и кога спиете.
Со добро осмислен план за социјалните медиуми, оптимизација на интернет пребарувачите и платените медиумски стратегии, вашиот онлајн бизнис може да просперира. Имате пристап насекаде, светот ви е на дланка. Привилегијата да таргетирате одредена земја, регион и сл. се предностите на онлајн бизнисот.
Дали досега имате инвестирано во онлајн бизнис? Ако сте во потрага по нова прилика за работа со можност за напредување, стекнување на сите потребни вештини за маркетинг, притоа со минимална инвестиција, тогаш ја имаме вистинската понуда за вас. Придружете ни се на онлајн состанокот преку апликацијата Zoom, на којшто ќе ги добиете сите потребни информации.

Кликнете на LINK за да добиете термин за нашиот онлајн состанок.

 

 

Избери ја брзината и пакетот со кој што сакаш да почнеш

Коментирај

Your email address will not be published. Required fields are marked *