Придобивките од маските од глина за Вашата кожа

 

 

Маските чија формула се базира на глина имаат особено големи придобивки за кожата, вклучувајќи ги отстранувањето на нечистотиите и намалувањето на изгледот на проширените пори. Дури и доколку не ги земеме во предвид овие бенефити, маските од глина се неверојатно лесни за употреба. Сѐ што треба да направите е да ја нанесете маската на лице, да почекате и да се релаксирате додека таа се стврдне, а потоа само да ја исплакнете. Целата постапка вообичаено трае и помалку од 30 минути. Како всушност делуваат маските од глина и што навистина и прават на кожата? Прочитајте сѐ што треба да знаете.

Основната придобивка на маските од глина е тоа што тие можат да извршат детоксикација на кожата, притоа отстранувајќи го вишокот на маснотии и да ги исчистат нечистотиите кои ги затнуваат порите. Како резултат на тоа, маските од глина се омилени помеѓу луѓето со тип на масна кожа, како и кожа склона кон акни, но во нив можете да уживаате и да ги употребувате без разлика на типот на кожа.

Маските од глина можат да помогнат при ослободување од нечистотии

Од загадување до нечистотии и прав, Важата кожата секојдневно доаѓа во контакт со повеќе агресори. Секојдневното чистење може да помогне да се елиминираат овие непријатели на кожата, но доколку ги користиме маските од глина неколку пати неделно, тие значително можат да ги подобрат и исчистат тенот и кожата. Зошто чистата кожа е толку важна? Бидејќи ако нечистотиите, правта и бактериите останат премногу долго врз кожата, тие можат да предизвикаат дехидрирана кожа или замастеност. По третирањето на кожата со маска не заборавајте да ја хидрирате со соодветно средство или крем за навлажнување.

Маските од глина можат да го отсранат вишокот сјај

Луѓето кои имаат масен тип на кожа, несомнено можат да се пронајдат во постојана битка со изгледот полн со сјајна и масна кожа. За да си помогнете и постигнете матиран изглед на Вашата кожа, се препорачува нанесување на маска од глина. Таа е одлична за апсорпција на маснотиите и останатите нечистотии што ги затнуваат порите.

Маските од глина може да бидат и хидрадантни

Една од главните компоненти за нега на кожа е нејзината влажност. Снабдувањето со здрави количини на навлажнувачи, помагаат кожата да остане еластична и да има здрав изглед. Понекогаш, без разлика колку навлажнувач или лосион било нанесено, некои луѓе можат да забележат дека нивната кожа е сува и чеша. Можеби не знаевте дека маските од глина како продукт можат да ја хидрираат Вашата кожа, но некои формули навистина можат.

Маските од глина делуваат смирувачки

Дел од убавината на маските за лице воопшто е нивната моќ да ја трансформираат обичната рутнина за нега на кожата во домашен спа ден. Глината има две својства, ја смирува кожата и делува на апсорпција на маснотиите, а може да биде корисна, како за оние луѓе со чувствителна кожа, така и за оние со масна кожа и кожа склона кон акни. Следен пат кога ќе посакате да се опуштите малку, земете неколку ладни исечкани крукчиња краставица и ставете ги врз очните капаци, нанесете маска од глина и целосно уживајте во смирувачкиот ефект.

Доколку не сте сигурни која маска од глина одговара на Вашиот тип кожа, ТУКА можете да нарачате маска за прочистување од глина и нане наменета за сите типови кожа, којашто ќе го исчисти, ревитализира и освежи вашето лице.

 

 

Избери ја брзината и пакетот со кој што сакаш да почнеш

Коментирај

Your email address will not be published. Required fields are marked *