Важноста на витаминските и минералните суплементи

 

 

Кај здравите луѓе, суплементите може да превенираат недостаток од витамини и минерали кога редовната исхрана не ги обезбедува сите потребни нутриенти. Суплементите исто така овозможуваат и поголема количина на хранливи состојки од оние што може да се внесат при вообичаената исхрана. Зголемената количина на нутриенти превентивно заштитува и од потенцијални болести во иднината.
Луѓето при исхраната може да имаат недоволен внес на нутриенти поради многу причини. Типичната исхрана често не ги обезбедува потребните количини на неколку витамини и минерали од витално значење. Последните нутритивни истражувања укажуваат на тоа дека мнозинството внесува премалку калциум, магнезиум, цинк, како и (најверојатно) бакар и манган.

Витамини

Диетите со цел слабеење, макробиотската, чистата вегератијанска и некои други начини на исхрана може одредени луѓе да ги доведат во ризик од недостаток на потребните витамини и минерали. Одредени групи на луѓе се поизложени на вакви нутритивни недостатоци. Со научни истражувања е установено дека повозрасните лица коишто живеат во сопствени домови често се склони кон поголем ризик од недостаток на витамин Д, А, калциум, цинк и понекогаш вит. Б1 и Б2. Жените пред менопауза, пак, исто така често внесуваат помала количина на калциум, железо, витамин А и витамин Ц од потребното.

 

Минерали

Минералите се наоѓаат во земјата, додека пак витамините се создаваат во живите суштества. На пример, морковот создава бета каротен којшто човечкото тело го претвора во витамин А. Минерали како железото и бакарот, се наоѓаат во почвата и камењата. Витамините се органски и многу посложени од минералите и може да се распаднат со време или при топлина. Минералите се неоргански и нивниот хемиски состав е многу поедноставен од оној на витамините.
Сите витамини се потребни за организмот, додека, пак, само некои минерали се потребни во исхраната. Во листата на потребни минерали се вбројуваат: калциумот, хромот, бакарот, јодот, железото, магнезиумот, манганот, фосфорот, калиумот, сулфурот, натриумот и цинкот. Минералите и нивни траги главно се наоѓаат во месото, житариците, рибата, млекото и млечните производи, зеленчукот, сушеното овошје и јаткастите плодови.

 

Избалансираната исхрана и внесот на потребните минерали и витамини се клучни фактори за здрав организам. Иако на пазарот постои голем избор на витамини и минерали, потребно е да се изберат оние вистинските, коишто можат да му помогнат на вашиот организам и да го зајакнат вашиот имунитет. За да внесеме се што е потребно за нашиот организам, потребно е да се конзумираат поголем број на сумплементи. Но, затоа ние располагаме со нашиот Комплекс на витамини и минерали за мажи и жени, со којшто ги добивате сите потребни хранливи материи во текот на 24 часа. Комплексот содржи точна количина на витамини и минерали кои на вашиот организам му овозможуваат добар имунитет и нормално фунционирање.

 

 

Избери ја брзината и пакетот со кој што сакаш да почнеш

Коментирај

Your email address will not be published. Required fields are marked *