Зошто социјалните медиуми се важни за деловниот маркетинг

 

 

 

Зошто социјалните медиуми се важни за деловниот маркетинг?

Да започнеме со еден едноставен факт: на Вашиот бизнис му е потребно присуството на социјалните медиуми.

 

Социјалните платформи помагаат да се поврзете со клиентите, да ја зголемите свесноста за брендот и да ги зголемите бројките на потенцијални клиенти и продажба. Со оглед на тоа дека неколку милијарди луѓе ширум светот постојано ги користат социјалните медиуми, ова е тренд кој што нема да помине.

Она што можеби не го знаевте е дека Вашиот бизнис е подготвен да направи бум на социјалните медиуми и тоа веднаш. Не е потребно да го знаете секој застрашувачки стручен термин или да имате магичен број на следбеници, можете да започнете сега – па дури и да уживате во процесот.

 

 

1.Изградете позитивна слика за брендот (свесност за брендот)

Доколку луѓето не знаат за Вашиот бизнис, тие не можат да Ви станат клиенти. Социјалните медиуми ја зголемуваат видливоста кај потенцијалните клиенти, дозволувајќи Ви да допрете до поширока публика како резултат на дадениот напор и вложено време. Секако, бидејќи е бесплатно да создадете деловен профил на сите главни социјални мрежи, немате што да изгубите.

За почеток дефинирајте што сакате да постигнете преку социјалните медиуми, за да може да развиете правилна стратегија за социјалните медиуми. Дали сакате нови клиенти да дознаат за Вашите услуги? Дали се надевате дека ќе привлечете повеќе локални купувачи во Вашите продавници? Во зависност од тоа колку специфична Ви е стратегија, можете да утврдите кои канали на социјални медиуми се најпогодни за Вашата деловна активност.

2. Изградете авторитет кога комуницирате

Клиентите стануваат сè постручни и попребирливи во тоа кои бизниси ги поддржуваат. Пред да донесат одлука, тие ќе направат брзо пребарување за да ја разгледаат Вашата веб-страница и социјалните медиуми.

Дали ќе наидат на празна страница или богат извор на информации? Поставувањето стабилни профили што често ги ажурирате со релевантни содржини, ќе му даде сериозност и авторитет на Вашиот бренд, а Вие ќе бидете сигурни дека оставате позитивен прв впечаток преку социјалните медиуми, покажувајќи дека Вашиот бренд е доверлив, за него се знае и е достапен.

3. Покажете оригиналност

Клиентите не се заинтересирани за бизниси кои објавуваат неинвентивни пораки на социјалните медиуми во корпоративен стил.

Наместо тоа, сликата за Вашиот брендот нека блесне преку сè што споделувате на социјалните медиуми. Што се зборува за Вашиот бренд? На кој начин ја раскажува приказната за тоа кои сте?

Преку пракса ќе го најдете правиот стил, без разлика дали е обичен и смешен или формален и пријателски. Бидете верни на себе и точно претставете кои сте, а не го претставувајте тоа што мислите дека треба да бидете. Следбениците сакаат да видат кој стои зад социјалните профили – покажете им.

4. Поттикнете ја интеракцијата

Социјалните канали се развиваат, за работа со нив постојано има достапно нови алатки, а токму ова брзо менување на нештата може да биде застрашувачко за некои бизнисмени.

Но, запомнете: не мора да правите сè. Попатно ќе пронајдете нови начини за да се поврзете со публиката, а најважно е да си дозволите паралелно да учите.

Со текот на времето, ќе добиете подобра претстава за тоа што повеќе сакаат Вашите следбеници.

Со неколку едноставни постановки, можете да креирате интересни видео содржини за социјални медиуми – добро осветлување, паметен телефон и статив. Исто така, важно е да направите тест пред да емитувате во живо за да бидете сигурни дека интернет-врска или hotspot имаат доволно брзина за да се избегнат задоцнувања и прекини.

5. Обезбедете поддршка

Користењето на социјалните платформи успешно ги помести границите помеѓу компаниите и нивните клиенти. Сега, клиентите наместо да вртат на линија за техничка поддршка, повеќето ги користат Фејсбук или Твитер за да најдат дополнителни информации или да обезбедат решение.

Искреирајте ја Вашата репутација, претставете се како одговорен, грижлив бренд кој обезбедува поддршка преку социјалните канали:

  • создадете систем за следење на коментарите, прашањата и поплаките на клиентите на социјалните медиуми.
  • Одговорете што е можно побрзо на прашањата и проблемите.
  • Прилагодете го Вашиот начин, со цел да бидете позитивни и да нудите помош.
  • Слушајте ги критиките и покажете им на клиентите дека ги сослушувате.
  • По потреба обратете се и решете ги јавните разговори во приватни пораки.

6. Развивајте се, а бидете економични

Маркетинг трошоците се додатни трошоци и не секој бизнис може да си дозволи огромни кампањи. Но, со мала инвестиција можете да добиете голем поврат на истата со помош на рекламирање преку социјалните медиуми. Вашиот бизнис, без оглед на големината или буџетот, има можност да допре до што поголем број публика и да ги постигне зацртаните цели преку реклами на социјалните платформи како Фејсбук и Инстаграм.

Кога подготвувате рекламна кампања, треба да знаете до кого се обидувате да допрете и што сакате со тоа да постигнете, за да не го трошите буџетот издвоен за рекламирање на бесцелен маркетинг. Избегнувајте премногу класични реклами за продажба и одлучете се за едукативна или забавна содржина (или пак спој од овие две содржини во исто време).

Социјалните медиуми се клучен дел за Вашиот деловен маркетинг, но нивното водење не мора да бидат стресно. Преземете го првиот чекор, креирајте профил и започнете да се поврзувате со Вашите клиенти.

Доколку размислувате да ја промените работата, можеби додатно да заработувате или пак да бидете дел од тим кој ќе Ве поддржи и ќе Ви помогне да напредувате, тогаш имаме решение за Вас. Преку следниот линк можете да не контактирате и да добиете повеќе информации за позицијата што ја нудиме.

 

Избери ја брзината и пакетот со кој што сакаш да почнеш

Коментирај

Your email address will not be published. Required fields are marked *