Рутински навики на навистина успешните луѓе

 

 

Дали знаете која е тајната на навистина успешните луѓе, зошто тие се под помалку стрес, посреќни се и попродуктивни? Тие знаат дека нивните лични приоритети вредат повеќе од приоритетите на другите луѓе.
Овие навистина успешни професионалци, веднаш откако ќе се разбудат не ја проверуваат нивната е-пошта, тие сметаат дека во раните утрински часови од денот, најважно е да одвојат време само за себеси, тоа е време за нивното „јас“.
На крајот на краиштата, овие извонредни луѓе веруваат дека тоа што претставува нивен приоритет треба да се направи и изреализира како прва работа.
Што прават навистина успешните претприемачи и директори кога ќе се разбудат наутро?
Извлечете поука и знаење од нивната утринска рутина за успех:

Будење навистина рано наутро

Сигурно знаете дека времето има непроценлива вредност. Многу успешните луѓе го користат времето максимално, со тоа што се будат во 5:30, 4:30, некои дури и во 4:00 часот наутро.
Покрај тоа што имаат поголема контрола врз времето во раните утрински часови, тие исто така имаат повеќе можности да се занимаваат со работи што им значат.
Започнете со будење 15 минути порано од вообичаеното време. Потоа, постепено прилагодувајте се кон новопоставеното време за будење.

2. Согорете ги калориите

Ова не се однесува само на режимот на интензивно вежбање – можете едноставно да вежбате јога, како што тоа го прави извршниот директор на Кристис, Стив Марфи.
Вежбањето, не само што ќе Ви овозможи да размислувате појасно, да бидете поздрави и научно докажано- посреќни, туку ќе Ви помогне полесно да се изборите со стресот.
Одвојте време за вежбање. Едночасовна рутина изгледа премногу застрашувачка, па затоа обидете се да трчате, танцувате или да шетате низ соседството во времетраење од најмалку десет минути.

3. Направете си „час на моќ“

Мотивацијата не трае вечно, затоа треба да се грижите редовно да ја надополнувате.
Навистина успешните луѓе го знаат ова, па поради тоа посветуваат доволно време за да ја зголемат својата мотивација. Нели е поверојатно дека ќе продолжите да ја извршувате задачата откако емотивно ќе се вложите во неа?
Поминете триесет минути слушајќи инспиративни анегдоти и мотивирачки цитати.

4. Напишете си листа на благодарности

Среќа е да ги сакаш работите што веќе ги имаш. Набројувајќи ги нештата за кои се благодарни, многу успешните луѓе стануваат поотворени за оптимизам, инспирација и ги подобруваат своите погледи на животот.
Секој ден, запишете барем една работа за која сте благодарни. Научете да ги сакате и малите успеси.

5. Поставете си едно важно прашање

„Ако денес е последниот ден од твојот живот, дали сепак сакаш да го направиш она што денес ќе го правиш?“
Ова тешко прашање ќе Ве однесе во правец во којшто треба да бидете.
Ако си кажете себеси „не“, неколку пати во текот на една недела, тогаш време е да промените нешто.
Никогаш не се знае кога повторно ќе имате можност за нешто такво.

6. Најпрвин изедете ја „Вашата жаба“

Тоа е концепт предложен од Брајан Трејси, одличен автор на книгата „Изеди ја жабата“.
Во утринските часови, навистина успешните луѓе имаат свежа воља и се подготвени за работа. Значи, ова е најдобро време кое треба да го искористите за да ја завршите најтешката задача – т.н. Вашата „жаба“.
На овој начин, веројатноста дека ќе ја завршите обврската е најголема и тоа без пречки од страна на другите луѓе.
Изберете ја Вашата „жаба“ на денот – само една – и настојувајте да ја извршите оваа обврска уште пред да започнете да појадувате.
7. Поврзете се со Вашиот партнер
Користете ги утринските часови за повторно поврзување со партнерот. Зборувајте за Вашите планови, финансии, па дури и за саканите хобија. Тоа е еден од начините да бидете засекогаш присутни во нивните животи.
Навистина успешните луѓе знаат дека наутро имаат повеќе енергија и фокус, така што изведувањето на овој ритуал е особено важно.
Можете дури да си издвоите еден ден во неделата за „состанок со појадок“. Одете во најблиското кафуле на појадок или трчајте низ соседството заедно со партнерот. Овој ритуал можеби ќе направи чуда за Вашата врска.

7. Поврзете се со Вашиот партнер

Користете ги утринските часови за повторно поврзување со партнерот. Зборувајте за Вашите планови, финансии, па дури и за саканите хобија. Тоа е еден од начините да бидете засекогаш присутни во нивните животи.
Навистина успешните луѓе знаат дека наутро имаат повеќе енергија и фокус, така што изведувањето на овој ритуал е особено важно.
Можете дури да си издвоите еден ден во неделата за „состанок со појадок“. Одете во најблиското кафуле на појадок или трчајте низ соседството заедно со партнерот. Овој ритуал можеби ќе направи чуда за Вашата врска.

8. Планирајте и направете си стратегија

Ако не одвоите неколку минути од времето за да го си го зацртате правецот на денот, како ќе знаете дали сте тргнале кон вистинската насока?
Одвојте најмалку 10 минути од денот за да ги визуелизирате Вашите животни цели, да ги прегледате своите дневни задачи и да си направите распоред за паузи. Ова ќе Ви помогне да имате поорганизиран ден и да бидете изложени на помалку стрес.

9. Медитирајте и разбистрете го умот

Останете смирени и дозволете внатрешниот мир да Ви биде водилка:
Неколку минути молете се или медитирајте за да останете релаксирани.
Запомнете, 90% од болестите се поврзани со стресот, такашто заборавете на брзање и уживајте во неколку моменти на молчење со себе.
Фокусирајте се на дишењето. Можете дури и да мантрате како дел од рутината за зајакнување.

10. Милувајте ги и поврзете се со Вашите деца

Ако имате деца, ова е за Вас. Немојте да бидете од оние родители кои еден ден ќе речат: „Ох, моите син/ќерка пораснаа толку брзо! Едвај имав време да уживам со него/неа.“
Наутро, кога има помалку неред во Вашиот ум и сте под помалку стрес, помогнете им на Вашите деца да се облечат, згответе појадок од срце (или испечете колачиња), па дури направете поента и разговарајте со нив за нивните соништа.

На крајот на краиштата, работите за да му овозможите на Вашето семејство поквалитетно поминато време.

Не дозволувајте работата да се испречи пред семејството – направете време за Вашите приоритети.

 

 

 

Избери ја брзината и пакетот со кој што сакаш да почнеш

Коментирај

Your email address will not be published. Required fields are marked *