Влијанието на утринскиот оброк врз продуктивноста

 

Продуктивноста на работа започнува со вистинскиот појадок.
Здравиот хранлив појадок е како гориво кое дава енергија за да имате продуктивен ден.
После повеќечасовен пост, наутро се будите наспани, бидејќи Вашето тело работело напорно
преку ноќта за да се регенерира и за да можете да се чувствувате одморени кога ќе се разбудите.
Ова само ни го потврдува фактот дека нашето тело има потреба од „полнење на батериите“. Со
оглед на нашите презафатените распореди, најчесто, истрчуваме од вратата што е можно побрзо
без да појадуваме или понекогаш едноставно одлучуваме дека ќе земеме нешто за јадење, но
подоцна кога ќе бидеме гладни.

Сите знаеме дека појадокот е добар за нас, но помалку од 50% од луѓето навистина појадуваат
секој ден. Некои студии тврдат дека вработените кои се хранат нездраво имаат 66% поголеми
шанси да бидат помалку продуктивни отколку оние кои редовно појадуваат. Здравите диети
секогаш започнуваат со хранлив појадок, а сега е право време да се потсетите дека здравиот
појадок, исто како и миењето на заби, треба да биде дел од Вашата утринската рутина.

Предности од појадувањето:
– Ви овозможува да јадете одредени здрави намирници коишто му се потребни на телото, а
кои можеби нема да добиете шанса да ги јадете подоцна во текот на денот.
– доколку не го прескокнувате појадокот, може да избегнете напади на глад и да ја
намалите потребата за храна која содржи многу маснотии и шеќер, како мафино, пецива
или крофни.

– Ќе се чувствувате добро, ќе бидете поподготвени и попродуктивни на работа.
– Одредени истражувачи откриле дека луѓето кои појадуваат во просек се послаби од оние
кои не појадуваат.

Што е тоа здрав и хранлив оброк?
Оброк кој покрај своите хранливи материи, Ви дава и доволно енергија. Балансиран оброк кој
содржи хранливи материи, минерали, протеини и витамини, а во исто време не е тежок и
калоричен. Овој најважен оброк во текот на денот треба да го снабдува организмот со сè што
му е потребно за тој ден, со што помалку јаглехидрати и што повеќе протеини. Ако денот го
започнете со оброк богат со јаглехидрати, телото ќе бара шеќер и слични состојки во текот на
целиот ден, што пак ќе доведе до акумулација на калории.

Заради тоа Herbalife шејкот е одлична алтернатива на класичниот појадок, кој ќе Ви заштеди
време, ќе Ви обезбеди енергија, ќе го спаси Вашето тело од непотребни калории и ќе Ви помогне
да ги изгубите вишокот килограми. Доколку имате навика да конзумирате Herbalife шејк, брзо ќе
забележите подобрено внатрешно чувство, кое е поттикнато благодарение на овој здрав оброк.
Почестете го Вашето тело со здрав, избалансиран оброк подготвен за кратко време!

Не само што овие шејкови се лесни за подготовка, туку тие се и неодоливо вкусни. Со додаток на
до 21 есенцијални витамини и минерали – и со различни вкусови – регулирањето на тежината
никогаш не било повкусно!
Вашиот Herbalife шејк, можете да го нарачате веднаш ОВДЕ, и да започнете со Вашите здрави
утрински навики!

Избери ја брзината и пакетот со кој што сакаш да почнеш

Коментирај

Your email address will not be published. Required fields are marked *