МЕДИТАЦИЈА ЗА ЗАФАТЕНИ ЛУЃЕ

 

Во 21-от век, се чини дека сите имаме исполнет живот и постојано сме зафатени, а повеќето од нас
жонглираат помеѓу тешката работа, социјалниот живот и секако семејства и најблиските дома.
Во многу случаи, мислиме дека идејата да се чувствуватме зафатени е стимулирачка и тоа го
сметаме за работа насочена кон остваување на нашите цели и постигнување успех.
Повеќето од нас, самите сме си виновни што секојдневно се пренатрупуваме со нови обврски и со
тоа почнуваме да го губиме контактот со своето внатрешно јас.

Важноста на здравјето и благосостојбата
Со овој стил на живот, од кои се бара да постигнеме многу, важно е да одвоиме малку време за да
се фокусираме на нашата благосостојба.
Неколкуминутното оддалечување од „лудата железница“ таканаречена живот, може да Ви го
даде потребниот простор за да се опуштите и ослободите од секојдневните стресови.
Обидот да се одржи толку бурен живот, често може да допринесе да се чуствувате лошо и да
продолжи да Ви го влошува здравјето и понатаму.
Зафатениот животен стил на крајот ќе си го земе својот данок и ќе се одрази на Вашата ментална,
физичка и духовна благосостојба.

Придобивките од медитацијата
Медитацијата е ефикасен начин да го пронајдете чувството на смиреност во себе. Таа може да Ви
помогне да воспоставите рамнотежа помеѓу напорниот живот и целокупната благосостојба.
Докажано е дека кај луѓето кои одвојуваат време редовно да медитираат, нивото на стрес се
намалува.
Медитацијата исто така може да им помогне на оние кои страдаат од анксиозност и депресија.
Медитацијата ќе Ви помогне да достигнете нов степен на релаксација, како што ќе влегувате во
подлабоки нивоа на спокојство и мир.

Да научиме да се „исклучиме“
Најтешка работа што треба да ја направат зафатените луѓе е да научат како да се „исклучат“.
Можеби е тешко да се блокираат грижите и внатрешните гласови кои постојано нè потсетуваат на
сè што треба да сториме.

Првиот чекор е да ги блокирате однапред стекнатите мислења за медитацијата. Престанете да се
грижите дали размислувате или правите вистински работи – ова е првиот чекор кон целосна
релаксација.
Многу луѓе откриле дека практикувањето техники за дишење им помага да го најдат внатрешниот
мир.
Со фокусирање на една работа, како на пример на Вашиот здив, можете да ги запрете другите
мисли кои се обидуваат да надојдат.

Место за медитација
Доколку работите во зафатена канцеларија или живеете со многу луѓе, знае да биде тешко да
најдете тивко место за медитација.
Но, дали навистина Ви треба „место“ за медитација?
Ако сте почетник во практикувањето медитација, тогаш е добра идеја да најдете тивко место за
едноставно да можете да „битисувате“, а тоа тивко место може да биде насекаде.
Кога сте на работа, обидете се да најдете мал простор за време на ручекот, каде што ќе можете
удобно да седнете и да им дадете на луѓето на знаење дека не сакате да Ве вознемируваат.
Дома, бањата е одлично место за наоѓање мир, таму Вашето семејство ќе Ви ја почитува
приватноста и ќе Ве остави некое време да бидете сами.
Кога патувате, најдете спокојно место да седнете и да се релаксирате.

Најдобро време за медитација
Многу луѓе сметаат дека медитирањето наутро може да им помогне да постигнат спокојство кое
ќе ги следи низ остатокот од денот.
Доколку имате потешкотии да заспиете после еден тежок ден, неколкуминутната медитација
навечер, може да Ви помогне да се опуштите пред спиење.
Ако си поставите рутина за медитирање, ќе откриете дека било возможно да ја вклопите
медитацијата во Вашиот зафатен живот.

Кратко и почесто
Обидете се да ги искористите повеќето можности што излегуваат во тек на денот за медитација.
Насочете се кон кратки медитации, но толку често колку што Ви дозволува животот. Не е секогаш
најважно да се постигне долг период на непрекината медитација.

Медитацијата како дел од секојдневието
Кога ќе почнете да го пронаоѓате внатрешното чувство на мир и радост, ќе Ви стане полесно
секојдневниот живот да го подредите на овие чувства.
Овие нови внатрешни животни извори ќе Ви помогнат подобро да се справите со бурните
побарувања и во работата и во домашниот живот.

Избери ја брзината и пакетот со кој што сакаш да почнеш

Коментирај

Your email address will not be published. Required fields are marked *