Совети за успех во мрежниот маркетинг

 

 

Совети за успех во мрежниот маркетинг

Саморазвојот е клуч за успехот на сите претприемачи, особено оние вклучени во мрежниот
маркетинг. Прочитајте ги петте „топ совети“ за успех во мрежниот маркетинг:

ИМАЈТЕ ЈАСНИ ЦЕЛИ

Во секој бизнис се поставуваат цели преку кои може да се увиди ефективноста во работењето и да
се утврди дали таа е успешна за бизнисот или не. Истото треба да го направите и Вие. Без разлика
дали сте домаќин на забава, присуствувате на настан или барате нови можности, поставете си
јасни цели и потоа работете на нивно остварување.
Одличен совет е прво да си поставите помали цели, кои се полесни за исполнување, а потоа да ги
зголемите очекувањата и секој пат да ги насочувате. На овој начин ќе бидете мотивирани за
успешно да ги постигнете целите, а оваа мотивација ќе Ви помогне да размилувате во добар
правец за тоа како да постигнете уште повеќе следниот пат.

БИДЕТЕ СВЕСНИ ЗА ТОА КОЛКУ ЧЕСТО И СО КОГО ЗБОРУВАТЕ ЗА БИЗНИСОТ

Многу лесно ќе ги изнервирате пријателите и семејството доколку зборувај само за Вашиот бизнис
и постојано им додевате да видат за што се работи. На овој начин можете да им наштетите на
врските, пријателствата и да оставите лоша слика за брендот. Воопшто не станува збор за тоа
бизнисот да го држите во тајност, напротив, кога се работи за мрежен маркетинг треба да бидете
насекаде и да зборувате со луѓе за Вашиот бизнис и производи/услуги.
Во овој случај советот е да бидете свесни со кого зборувате, да процените каква е нивната првична
реакција, а потоа врз основа на нивниот интерес, да дозирате колку често ќе продолжите да
зборувате за бизнисот. Доколку соговорникот не е заинтересиран, тоа е во ред е, повлечете се од
таа тема на разговор. Постојано работете на Вашиот бизнис, изградете го и оставете сите да ги
видат постигнатите успеси.
На крајот на краиштата, делата зборуваат погласно од зборовите!

ОДВОЈТЕ ВРЕМЕ ЗА СЛУШАЊЕ

Ова е еден од најважните совети – тој е многу едноставен, а сепак супер ефикасен! Добриот
маркетинг се однесува на истражување на пазарот (слушајте што имаат да кажат клиентите) и
потоа понудете им решение (понудете им ги соодветните производи/услуги) за проблемите и
предизвиците што ги имаат.
Ако внимателно слушате, наскоро ќе сфатите дека луѓето ги откриваат проблемите со кои се
соочуваат, а доста често решението или бизнис можноста се кријат во Вашите производи/услуги.
Тие ќе бидат поприемнички настроени ако дадете решение за нивниот проблем наместо со сила
да се обидувате да им ја наметнете Вашата агенда за пласирање на производите или бизнис
можноста која Ви носи финансиски бенефити.

НЕ ЗАБОРАВАЈТЕ ГИ ВАШИТЕ ПРОДУКТИ/УСЛУГИ

Секогаш фокусот треба да Ви биде на тоа како да воведете нови луѓе во бизнисот, и да, ова треба
да Ви биде голем фокус, но не и по цена да ги запоставите производите/услугите коишто се
основа на бизнисот. Градењето силна, лојална база на клиенти не само што ќе Ви носи редовни
приходи, туку исто така ќе Ви ги обезбеди најдобрите амбасадори за Вашиот бизнис, а тоа се
клиентите, бидејќи тие се тие кои ќе зборуваат за производите и за вас.
Исто така, подобро почесто отколку воопшто, одберете и посочете некои од членовите, кои
започнале како клиенти, но подоцна станале вистински гласници на производите/услугите и сега
веќе се препорачуваат самите себеси. Заработувањето пари врз основа на напредокот на овие
контакти е лесно постигната цел.

БОГАТСТВОТО СЕ „КРИЕ“ ВО ПРОВЕРКИТЕ

Можеби ова сте го слушнале и порано, но тоа е толку точно: нема смисла да ги запознавате луѓето
со Вашите производи или да им нудите бизнис можност, доколку пред да преминете на следната
личност, заборавате да ги проверите. За да се осигурате дека постапувате правилно и не правите
хаос, поставете си процес за следење на своите активности и потенцијални клиенти. На овој начин
ќе имате информации за тоа како и кога треба да направите follow up (проверка).
Кога станува збор за продажба и маркетинг, тајмингот е сè, па така доколку навреме успевате да
ги проверите Вашите потенцијални клиенти и купувачи, ќе ги подобрите стапките на конверзија и
целокупниот успех.

Како професионален мрежен продавач, можеме да Ве научиме како да станете успешни во оваа
област. Не двоумете се, контактирајте не и започнете да го развивате Вашиот бизнис со нас.
За повеќе информацији околу работата и обуката, контактирајте не ТУКА

Избери ја брзината и пакетот со кој што сакаш да почнеш

Коментирај

Your email address will not be published. Required fields are marked *